Дневна доза хаику

  • Креатор на темата Креатор на темата Mary Poppins
  • Време на започнување Време на започнување
Прв бран пројде.
вториот моментален,
по третиот, смрт.
 
Фала ти, за хаику не треба многу, само рандом случка или мисла :)

Тоа да! Ама реткост е некој како тебе толку до перфекција да ја следи формата од 5-7-5. Затоа е поклонот!
 
Тоа да! Ама реткост е некој како тебе толку до перфекција да ја следи формата од 5-7-5. Затоа е поклонот!

Знае да иритира малце, но поинтересно е кога си лимитиран во случајов, многу полесно е да додадеш уште слог-два, таман да ја доловиш мислата. Но не, мора да биде позафркнато и да одбереш друг збор или начин :)
Туку ставете нешто, да прошараме, вака може досаден да стане аватаров, а уште ми се ставаат :D
 
Прво автобуско возење пројде,
второто исто така,
од смрдеа веѓата ојде.
 
Има ли бар ден?
За подобра иднина
за нас? Прозбори!

(според „Ден за нас“ - Тоше Проески)

Тука сум, тајно!
Твојот лик ко икона
ме прогонува.

(според „Тајно моја“ - Тоше Проески)

Да можам да те
прегрнам и бакнувам...
Навики стари...

(според „Игри без граници“ - Тоше Проески)

И да признаеш,
одглумиш и излажеш,
јас знам чија си.

(според „Чија си“ - Тоше Проески)

автор: Zlatikevichius
 
Чувај ја, Боже,
би умрел јас за неа!
Друго не треба.

(според „Боже чувај ја од зло“ - Тоше Проески)

Без тебе, драга
немам ни сеќавања.
Чувај парче сон!

(според „Слушаш ли“ - Тоше Проески)

Млад нека умрам
штом твојте врели усни
друг ги бакнува.

(според „Полско цвеќе“ - Тоше Проески)

Ништо намерно,
верувај! Но не можам
да заборавам.

(според „Најдрага моја“ - Тоше Проески)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom