Дневна доза хаику

  • Креатор на темата Креатор на темата Mary Poppins
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто повеќе од научен аспект за хаику поезијата, напишано од професор Владмир Мартиновски во „Поимникот на книжевна теорија“ чиј приредувач е академик Катица Ќулавкова.

ХАИКУ (јап. haikai, hoku, haiku). Канонизиран или кодиран краток лирски вид од само 17 слога, распоредени во верификациската матрица 5-7-5. Иако корените на овој лирски вид се лоцираат уште во јапонската литература во периодот Муромаци (1392-1573), иако овој поетски вид го доживува своето „златно доба“ во периодот Едо/Токугава (1603-1867), конечното именување на жанрот со именката „хаику“ му се припишува на Масаока Шики, најзначајниот поет од периодот Меиџи (1867-1912). Традиционално се смета дека збоот „хаику“ првпат се појавил во 1663 година, а претходно се користеле зборовите „хаикаи“ и „хоку“, што е всушност дел од една постара јапонска канонизирана форма од VIII век - танка или вака (5-7-5-7-7). Некои теоретичари ја поврзуваат генезата на хаику и со мошне популарната поетска песна-верига наречена „ренга“.

Исто така, хаику песните уште во XVII век се инкорпорирале и во прозно-поетскиот патописен жанр наречен „хаибун“. Хаику-песните мошне често ги инспирирале сликарите, а ликовното дело кое се базира на хаику се нарекува „хаига“. Хаику е производ од естетскиот сензибилитет и од духовните традиции на древна Јапонија. Еден од најпознатите жанровски канони, покрај версификациската форма, е т.н. „сезонски збор“ (јап. „киго“): во традиционалното јапонско хаику секогаш има по еден збор кој алудира на едно од четирите годишни времиња. Кајоко Јамаски со право констатира дека: „уште во зачетоците хаикуто носи во себе космичка универзалност (...), неговата природа е да го буди заспиеното чувство за убавина кај сите луѓе“. Како пример го посочуваме следното хаику: „Запали оган! / Ќе ти покажам нешто! / Крупна топка снег“. Станува збор за едно од над 2 000 хаикуа на најпознатиот и највлијателен јапонски поет на сите времиња, Мацуо Башо (1644-1694), автор на седум поетски книги и на голем број патописи проткаени со поезија. Објаснувајќи ги основните постулати на поетиката на древниот јапонски жанр, Башо им го давал на своите ученици следниов совет: „Важно е духот да ти биде високо во свеста на вистинското разбирање, без да ја заборавиш притоа вредноста на тоа што е обично. (...) Секогаш барај ја вистината на убавината, секогаш враќај се во светот на обичното доживување“. Мацуо Башо ја оставил и најлапидарната дефиниција на овој лирски вид: „Хаику е едноставно тоа што се случува на ова место, во овој миг“. Како илустрација би можеле да ни послужат двете најпрочуени и најкоментирани песни на Башо: „Во стариот вир / жабата скокна. / Звук на водата.“ и „Стариот гавран / слета на гола гранка. / Есенски самрак“.

Песните на Башо се натопени во суптилните чувства на осаменост и едноставност (јап. саби и ваби), клучните естетски идеали на древната јапонска уметност и на традиционалното хаику. За хаику-поетот не постојат важни и не важни работи. Од поезијата на Башо се гледа дека поетот со целото свое битие ги доживува појавите што се предмет на неговата поезија. Башо на еден ученик му открил една навидум едноставна тајна за неговата поезија: „Од борот учи да станеш бор“. Еден вид пандан во доменот на јапонското традиционално сликарство е максимата: „Ако сакаш да насликаш бамбус, тогаш биди бамбус“. Општо земено, споредбата на хаику-поезијата со јапонското сликарство со туш се чини доволно умесна: хаику песната прилега на слика насликана во еден здив, со два-три смели потези на сликарската четка. Токму такви се и тристишјата на јапонскиот хаику-мајстор Јоса Бусон (1716-1783), чие творештво е прекрасен спој на можностите на поезијата и на сликарството. Неговите лирски минијатури се изградени од едноставни и сугестивни поетски слики: „Змеј од хартија / на вчерешното небо / сè уште стои“, „Едниот рог ти е / кус, а другиот долг. / Што ли те мачи, полжавче?“ или „Бисерна роса. / На секој трн од розата / по една капка“. Од песните на Бусон се гледа дека хаику-поезијата е нераскинливо проникната со доживувањата на убавините на природата. Слично како и Башо, Бусон многу патувал, во потрага по поетски и ликовни вдахновенија. Затоа, песните на Бусон се нарекуваат „објективни скици“ на природата. Еден од класичните жанровски канони на хаикуто е токму нотирањето на тие суптилни промени. Емпатијата како една од клучните одлики на хаикуто е најсилно изразена во поезијата на Кобајаши Иса (1763-1827). Иса е поет кој особено сочувствувал со најситните форми и манифестации на животот. Во неговиот фасцинантен поетски опус се зачувани над 1 000 песни за инсекти и животинки: околу 230 за светулки, над 200 за жаби, над 150 за комарци, 100-тина за болви, 100-тина за штурци, 90-тина за муви итн. Еве неколку карактеристични примери од неговото творештво: „Не гази онаму: / сношти толку светулки / светкаа таму!“; „О, малечко жапче! / Не плаши се од мене - / та јас сум, Иса!“ и „Ела ваму да си / поиграме, врапченце без / татко и мајка!“.

Голема заслуга за реафирмацијата, популаризацијата и модернизацијата на хаикуто на почетокот од XX век има одиграно поетот Масаока Шики (1867-1902). Во неговите книги есеи Роса на лист од бршлен, Капка туш, Болничка постела од шест капки, Шики особено инсистира на потребата од природност и објективна дескрипција во создавањето на поетските дела од овој вид. Во јапонскиот културен контекст, хаику е еден од „патиштата“ (јапонски do) кон вечното и бесконечното, една од многуте врвици за духовно усовршување на човекот. Затоа хаику пишувале не само големите „мајстори“, туку буквално сите слоеви од јапонското општество.

Хаику е еден од најзначајните јапонски придонеси во светската книжевност. Популарноста на оваа лирска форма се манифестира на неколку рамништа. Имено, во текот на XX век:
1) хауку-песните се најзначајните јапонски поети се препеани - директно од јапонски јазик или преку посредни препеви - речиси на сите европски и светски јазици, за што особено сведочи обемната студија Хаику на западните јазици (1972) од Гери Л. Броуер и Дејвид В. Фостер;
2) низ целиот свет голем број поети почнуваат да пишуваат хаику-песни на различни јазици (Е. Паунд, П. Елијар, О. Паз, Ј. Сеферис, Ж. Бретон, Р. Моблан, Џ. Керуак, И. Качуровски, А. Гатов, К. Вајт, М. Галиќ, Т. Транстромер, В. Бајац итн.), на што укажува еминентниот компаратист Рене Етијамбл во книгата За хаику (1995);
3) се печатат значителен број хаику-списанија и ревии;
4) се одржуваат бројни семинари и ателјеа за креативно пишување хаику-поезија;
5) се организираат меѓународни конкурси, ренга-натпревари, советувања и научни конференции посветени на хаику;
6) се создаваат хаику-асоцијации (на пр. Светската асоцијација за хаику).

Рецепцијата на јапонската хаику-поезија во македонската книжевност поминува низ две основни трансверзали. Од една страна, таа стигнува до македонскиот читател преку препевите на јужнословенските јазици, од страна на В. Девиде, Д. Разиќ, П. Вучиќ, Д. Андриќ итн. Од друга страна, на македонски јазик јапонската поезија првпат се појавува благодарение на Томе Арсовски, најпрвин преку антологија на јапонската лирска поезија, а потоа преку избор од опусите на четворицата најзначајни јапонски хаику-мајстори. Македонското хаику веќе има повеќедецениска традиција: првите оригинални хаику-песни на македонски јазик објавени во книга го сочинуваат циклусот песни „Чунови“ - „Хаику“ од поетската книга Заприоко (1966) од Александар Поповски. По две децении е објавена првата стихозборка целосно составена од хаику-песни Врв (1983) од Христо Петрески. Во 2003 година е објавена и првата Антологија на македонската хаику поезија, а од 2003 година излегува и македонското хаику списание Мравка, во кое се објавени хаику-песни од педесетина македонски поети.

Бонус:
За љубителите на хаику оваа препорака е задолжителна. :)
 
Времен објект

Гладна како волк,
трк до сендвичарата,
Коце ја срушил.



Турни ме да кинисам

Каснам на работа,
пезетката не пали,
свеќици капут.



Оскудација

Ми се пие тутун
џебот празен, пари јок.
Ќе се гребам пак.


Судбина

Те нема на скајп
апокалипсата иде,
Умри у самочи.


Бричена глава

Само Господ знае
колку си ти отиден.
Евреите се криви.
 
Ако има Вокерка или некој друг информации и за англиското хаику, нека напише, па да ги видиме и таму правилата и да направиме една споредбена анализа :)
 
Студи кога си сам
Љубовта твоја ме згреа
Среќен сум сега
 
Седам слушам лепа брена
Шо да праам кога сам трета смена
од досада ќе фанам гангрена

Возам Тајландско југо на плин
бегајте од мене, кркам креатин
како Ејми Вајнхаус м'скам ќетамин

фала
 
Формата 5-7-5 е задолжителна за јапонското хаику. А покрај јапонско има и англиско. Точно е и дека не се почитува ова правило иако мене лично повеќе ми се допаѓа таа форма. Се чувствува хармонијата меѓу стиховите.

И нешто мое

Дојди вечер да
менуваме глаголи
на лист од среќа.
Да, ама традиционалното јапонско хаику кое има форма 5-7-5 истата се однесува на он-ите. Еден он во јапонскиот јазик е една фонетска единица што не е по дефиниција секогаш еквивалентно на еден слог кај нас, па така - не е исто. А инаку, дури и во Јапонија се почесто и почесто се избегнува слепото придржување на формата на традиционалното јапонско хаику.
 
Метеорски дожд

Пареа од шахти
Магловита ноќ во минус многу
Метеори не видов.
 
Не сум пишувал до сега вакви работи, ама ме заинтересиравте со темава. Ај да пробам.

Ми беше ладно
нека си ибе мајка.
Облеков џемпер.

Снегулка падна
врз нејзиниот капут.
Остави белег.

На остров чуден
чудовиште ме демне.
Каде си Кате?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom