Дневна доза хаику

  • Креатор на темата Креатор на темата Mary Poppins
  • Време на започнување Време на започнување
Смислата ја барам
никогаш не ја наоѓам
погледнувам во тебе
како од секогаш да била овде.

Прв пат прочитав за овој вид поезија и ми се допадна. Убав начин да преточиш чувство или емоција а приотоа да не испаднеш будалест. Јас сум за дневна доза хаику (y)
 
Умот го зароби
моето тело.
Мислите станаа ѕидови.

Кошмарната ноќ роди
сенишно утро.
Пак останувам дома.

_________________________________
Се извинувам поради лошиот превод на текстот што следи. Ама ми се виде убав, па го преведов:

Хорхе Луис Борхес
За спасението преку делата
Една есен, една од оние кои течат со времето, шинтоистичките божества се собраа во Изумо. Тоа не беше прв пат. Се зборува дека биле осум милиони, а бидејќи јас сум многу повлечен човек, би се чувствувал малку изгубен меѓу толку свет. Да кажеме дека беа осум, бидејќи на овие острови осум претставува добро знамение.
Беа тажни, но тоа не го покажуваа, затоа што лицата на божествата се kanjis кои не можат да се дешифрираат. Седнаа в круг на зелениот врв на еден рид. Од небескиот свод, од каменот или од снегулката ги набљудуваа луѓето. Едно од божествата рече:
Пред многу години, или многу столетија, се собравме овде за да ги создадеме Јапонија и светот. Добро ни излегоа водите, рибите, седумте бои на виножитото, видовите растенија и животни. И за сето тоа множество да не ги сотре луѓето, им дадовме следственост и тек, мноштво дни и една ноќ. Исто им дадовме способност да изведуваат одредени варијации. Додека пчелата постојано ги повторува кошниците, човекот измисли инструменти: плуг, клуч, калеидоскоп. Го измисли уште и мечот и умешноста на војувањето. Неодамна измисли и невидливо оружје кое може да биде крајот на историјата. Да ги збришиме луѓето пред да се оствари овој неразумен чин.
Божествата се замислија. Тогаш, едно од нив, без брзање, го кажа следново:
Вистина е. Тие го измислија тоа ужасно нешто, но исто така го имаат и ова кое влегува во простор опфатен со седумнаесет слогови.
Ги изговори. Беа на непознат јазик, па не можев да ги разберам.
Најстарото божество пресуди:
Нека остане човечкиот род.
И така, благодарение на хаику-то, човечкиот род се спаси.

Изумо, 27 април, 1984 година
 
"To see a world in a grain of sand
And heaven in a wildflower
Hold infinity in the palm of your hand
and eternity in an hour"--- William Blake

И од мене...

Да се видиш себе си
рефлектиран,
во капка солза...
е да ја разбереш радоста
на мудриот во постела,
и тагата
на едно новороденче...
 
Дечки, хаику има 3 стихови и 17 слогови (5-7-5).
Тие од погоре со 4 и повеќе стихови не се хаику.
 
Сонце не буди
со цртежи по ѕидот.
Пораснал денот.

Комшиско маче
низ ноќта мјаука
прв ден без мајка

Утро под чадор.
Посакав да си купам
пакла цигари.

Снег. Невидлива
рака вежба нацртна
геометрија.

Утро. Штотуку
пат ми пресекла жена
со убав парфем.

Васко Марковски
 
Јас овде,
Ти таму,
а, сепак, заедно во вечност.
 
Прва снегулка...
по подрумот бараме
кутија со елка.
...
Цела ноќ снежи.
Косата на врбата
порасна двојно.
...
Во канчето на
просјакот: сто снегулки
и една паричка.
...
На Прочка дождот
бара прошка од снегот
што го стопи
...
Фрлен стар весник.
Снегулки се топат врз
вчерашни лаги.

:cuc: Владимир Мартиновски

_______________________________________
Офтопик: Сите стихови беа објавени на неговиот facebook профил. Претпоставувам уште од сега ќе го обвините дека не вреди само поради таквиот негов избор, ко што имате обичај да фрлате камења заради нерелевантни „обвиненија“. ;)
 
Реката мирно тече
Морам во веце
Побрзај! Глас ми рече.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom