Дневна доза хаику

  • Креатор на темата Креатор на темата Mary Poppins
  • Време на започнување Време на започнување
Хаику стихови,
глетката е убава.
Недостига креативност.

Вечерни чувства,
омраза и страст,
тоа е човек.
 
Сам сум и не сум.
Среде процут сум, ти -
во мене цутиш.

Јосип Ости

Вчера, случајно во книжарница прочитав хаику. Ова хаику и ми влезе во глава. Некако ме гонеше, за прв пат прочитав хаику сталожени, со внимание. :)
 
Последно уредено:
Од стиропор власт
и претседател без глас.
Следат избори.
 
Хаику

Седумнаесет
слогови, а илјада
зборови вредат.
 
не треба чадор
за снегот од латици...
сал одзатнат нос

Последното од драгиот ми професор Владимир Мартиновски. :cuc: Дефинитивно е еден од најголемите мајстори на хаикуто кај нас!
 
Доцна во ноќта
За наредни животи
Кројам планови

Ќе сакам утра
Ќе студирам Француски
Ќе имам мачка

Во саботите
Ќе бидам алергична
на лоши мисли

Во неделите
Ќе делам насмевки и
шеќерна волна

Понеделници
ќе нема повеќе - прв
ден ќе е вторник
 
Капитенот

Дојде без ништо
па стана легенда на
нашиот Интер.
 
Уште ти се радувам
незнам зошто
полека избледуваш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom