Далбоко во себе сум само јас.
Тоа е здраво, не е добро да имаш друга личност таму.
Се шалам. :wink:
Длабоко во себе имам страв. Под површината на телото, под сите внатрешни органи, меѓу најситните клетки на мозокот, се крие личност што често е уплашена од конкретни и неконкретни нешта.Од то што било, од тоа што треба да дојде, од тоа што НЕМА да дојде. Личноста одвнатре не е толку гордо исправена и земјата под нејзините невидливи нозе не стои секогаш цврста и статична. И таа личност не е мудрец и не е сезнајко и не се плаши да признае дека има далеку повеќе прашања отколку одговори. И има нешта што знам дека се такви какви што се и нема да се променат, колку и да сакам, нешта за кои тврдам дека сум ги прифатила зошто не може поинаку, а сепак длабоко во себе имам надеж на мало дете дека силно грешам и дека се на светот може (некако, на магичен начин) да заземе подобра состојба и дека things do change.
Ако јас живеам во свет кој добро го познавам и од кој знам што да очекувам, тогаш личноста длабоко во себе секој ден се буди на нова Планета, туѓа и непозната, и се чувствува сосем отуѓено, збунето, во опасност и соголено, како срна која бега од ехо на истрел, а никој претходно ја нема научено за луѓето и пушките. И таа личност секој ден одново и одново ја истражува нејзината нова засташувачка планета, и пак ништо за неа не научува и не сака да научи, зошто ниедно од тие планети не е место што и се допаѓа и не и ги нуди бараните одговори.
Во тоа вечно патување, личноста во мене е покршлива од таа „надворешната“. А таа надворешна, постојано се труди да ја потисне внатрешната и да и го земе приматот, во што и успева, се дури сопственикот на нејзиното тело, што во случајот сум јас, не наиде на некоја ваква тема и не се обиде да ја активира малце и таа внатрешната, додека надворешната панично се бори.
Јас не ја сакам личноста во себе, зошто е ранлива, уплашена и претпазлива, зошто е слаба и емо.

И сите вие треба да го следите мојот пример и да ја „избегавате“ личноста во вас, зошто таа привидната, надворешната, таа што сите околу вас ја познаваат е далеку подобра од другава, и посилна и помудра.
Никој не сака да знаете какви изгубени слабаци со мрачни тајни навистина сте. Личноста во себе е личност што треба да си ја зачувате само за себе. И себично кријте ја, зошто крие богатства кои, if откриени, може да ви наштетат.
И темава Е малце скери, зошто прикажува слика на луѓе со multiple personality disorder, што во никој случај не требаше да го признаваме, ама ај
