Длабоко во себе...

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
длабоко во себе чуствувам голема ПРАЗНИНА
 
Длабоко во себе чувствувам мир. Конечно нема турбуленции,и сум задоволна. Доста ми беше да живеам за некој ден а бе свесна дека никогаш нема да дојде. Ми требаше ова будење. Конечно.
 
Длабоко во себе чувствувам некој немир...и не знам зошто е тоа така.
 
:helou:длабоко во себе сме всушност правите ние, само вешто го криеме тоа , ме радува што многу од нас го сватиле тоа , треба само полека да почнеме да го вадиме длабокото во нас надвор на површина,без страв, без срамежливост, тогаш и надворешно ќе бидеме тоа што е длабоко во нас, а тоа сме всушност правите ние верувајте подобри во секој случај.:smir:
 
Длабоко во мене чувствувам неизмерна среќа и спокој, одамна не направил некој да се чувствувам толку прекрасно. Ех, што ти прави љубовта. :pipi:
 
Длабоко во себе сум трул, иако однадвор не изгледа така :pos:
 
Длабоко во себе чувам страв, недоверба, песимизам, но и надеж, очекувања и мечти.
Страв од непознатото, од она што ќе дојде или нема да дојде, недоверба кон околината и во луѓето, песимизам за нештата кои треба да се остварат, надеж која како последно жарче тлее некаде скриена, очекувања за интересни нешта кои би требало допрва да следат и мечти за убава иднина.
Накратко мешавина од емоции.
Длабоко во себе, чуден спој на размислувања и неоткриени мистерии.
Конфузно, знам.
 
Длабоко во себе чувствувам среќа, само никако да ја изнесам надвор. Како што кажал Антони Де Мело - среќата и во моментов се наоѓа во вас, само сеуште не сте свесни дека кога ке ги отфрлите сите работи за кои што сте врзани, ќе почуствувате среќа и слобода.
 
Длабоко во себе знам понекогаш да бидам несигурен и песимистички расположен, иако никогаш тоа не го покажувам. Сепак таквите чувства брзо ми поминуваат.
 
Длабоко во мене се чуствувам спокојно и осамено..Но зарем нема поубаво чувство од тоа...Да го снема стравот дека можеш нешто да загубиш..И да ја немаш сета таа напнатост трудејќи се да добие тоа што го сакаш...
 
Dlaboko vo sebe :
hmm.. sho znam pa ima se ima:pos2::pos2::pos2:
ko gjupska torba :pos2:
iskreno: bes nekoj vo sekoj slucaj agresja
 
Длабоко во себе сум преплашена и емотивна личност. Таа цврстина со која однадвор зрачам е само добра маска со која сакам да го прикриам сиот страв во мене. Се чувствувам како повеќе да не можам да издржам и ќе се скршам.
Не сакам да ги повредам другите,блиските кои заслужуваат да им кажам некои работи но ги кријам длабоко во себе и ме печат и гребат.Сакам да се раздерам на цел глас и да викнам,но тоа не сум јас. Тоа е длабоко во мене. И да, и јас сакам тој мој втор лик да биде прв.Можеби така луѓето ќе научат да те ценат,кога наглас ке им кажеш што мислиш и нема да се плашиш заради тоа. Или можеби ќе те презират.Сеедно. Барем ти ќе бидеш вистинскиот ти и сиот бес во тебе ќе го нема.
 
Длабоко во себе сум многу несреќна...
 
Длабоко во себе сум многу несреќна...
од сите шо ги прочитав,твоево најмногу ме трогна,кратко,јасно,а толку трогателно.....зошто????зошто си несрекна????јас длабоко во себе чуствувам празнина која никој неможе да ја потполни,едно делче кое ми фали да бидам потполно срекна и исполнета,еден дел,еден голем човек,една гоооолема тага и носталгија кон-МОЈОТ ТАТКО,кој за жал е починат!иначе во глобала сум срекна и вљубена во мојот дечко,ме прават срекна и мали нешта во животот,а само тоа ми недостига-татко ми!
 
Длабоко во себе сум висстинскиот јас кој само јас си знам каков сум и тоа ке остане така уште долго!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom