Дизел мотори: предности и мани

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Mandrak напиша:
Денешните дизели навистина многу се разликуваат од некогашните, технологијата е ептен напредната кога се зборува за овој вид мотори. За жал, сеуште кај сите остануваат некои недостатоци или за мене тешко прифатливи карактеристики во однос на бензинските мотори. На прво место вибрациите додека е моторот сеуште не постигнал работна температура, големото ниво на чад и отровни материи во издувните гасови како и бучавата која е далеку поголема одколку кај бензинските мотори. Можеби кај нов автомобил со дизел мотор бучавата и вибрациите и не се толку големи додека тој сеуште не поминал барем 50.000км, но после оваа километража речиси кај сите модели се јавува зголемена бучава и вибрации. Овде не ги вбројувам новите модели на Мерцедес, но постои и непишано правило дека дизел мотор треба да биде сместен во робусна каросерија, а сите модели на Мерцедес се робусни аута така да не представува проблем на ауто од скоро 2 тони тежина да ставиш дизел мотор и да не се чувсвуваат вибрациите и бучавата како на пример кај Голфот, Пежото или Цитроенот:)
И покрај сите новитети во производството на дизел моторите како што е HDI на пример, јас останувам приврзаник на бензинскиот мотор кој пред се чини поевтино, има поевтин сервис, работи потивко и помирно и помалку загадува.
Инаку, новитети нема само кај дизелите туку и кај бензинските мотори, а што се однесува до потрошувачката на гориво денес веќе и бензинците се далеку поекономични од колку пред 10 години, имаат поголемо искористување на обртниот момент, поснажи се а и векот на експлоатација им е далеку поголем од некогаш.

Јас имам Форд ескорд 1.8 дизел. Има поминато 250.000 ела да слушнеш како работи па да видиш дали штрака или не. + забораваш дека за дизел сервисот е масло+филтер за масло, додека за бензинец е свеќички, кабли, платина.....
А за чадењето... тоа е единсвена маана на оптеретен до даска дизел мотор. А се разбира дека бензинските се понапредни од дизелите сеуште иако многу труд се вложува во последно време во дизелските технологии како TDI, CDTI, HDI, SDI... Па каде ке не одведе технологијата... Можеби накај новите хибридни возила на електро-мотор или нешто како новото BMW-Hydrogen Power (работи на водород, а машината е изменет дизел мотор)
 
Џиш, грешка си пак!
за бензинец се масло+филтер исто така. Свекици се на километража (грејачи кај дизел, кои се поскапи). Трошокот за кабли е занемарлив! Платинки современиве немаат!
Најгоре напишав за поновиве дизели од 2000 навака, кои „оџачарски” проблеми ги имаат заради нашата нафта!
Предмет на сервис кај дизелот е и бош пумпата, онаа за довод на гориво чие сервисирање е скапо! Кај бензинец и да цркне пумпата, многу поефтина е нејзината промена.
За да се избегнат колку толку оние оџачарските проблеми кај дизелот, потребно е да се ставаат адитиви во маслото и горивото, и пропишаните сервисни интервали да се преполоват.
И, ај, направи си есапот?
 
Есапот е тој што е :нафтата е поевтина, бензинот е поскап. Дизелите трошат помалку, бензинците повеќе. На иста кубикажа бензинецот има повеќе коњси сили а со тоа и повисока регистрација, бензинските се побрзи, потивки, деловите за сервис се поевтини... Мислам дека ако ставаш исклучиво бела нафта и повремено масло во резервоар нема да имаш поголеми проблеми. Иако и белата нафта кај нас е заникаде. Toyota конструира посебен дизел мотор (поиздржлив на лоша нафта) бидејки имаше огромни дефеци на пумпата за висок притисок и бризгалките (дизните) на D4D моторот на RAV 4 (во држави со мака слична на нашата). А бензин си е бензин. Тоа е 2 класи погоре од дизел. Али за нашава сиромаштија... Јеби га. Што поефтино тоа подобро. 70% од дизел возилата се возат на црвена нафта. Затоа чадат и имаат дефеци.
 
Дизел возило е поскапо при набавка од соодветен бензинец! А, ако возиш премногу, после извесно време може и ќе заштедиш на дизел, ама до 10000 км годишно...Тешка работа!
 
Струмикс напиша:
Дизел возило е поскапо при набавка од соодветен бензинец! А, ако возиш премногу, после извесно време може и ќе заштедиш на дизел, ама до 10000 км годишно...Тешка работа!

Ете видете колку за споредба од колку км годично се исплати дизел.
 
Татко ми има ксара HDi мотор, и забележав дека чури отпозади ама ако ставаш адитиви не се забележува. Ама дизелов кај нас е тапа, за никаде е, за лукоил незнам зошто татко ми нема од таму ставено.
 
Се исплаќа ако правиш над 15.000 км годишно. Инаку исто ти се фаќа дали дизел или бензин (ако купуваш нови) ама јас преферирам дизел. Иако се малку поскапи при набавка на старо кога ке пресметаш ако ставаш плински уред на бензинска иди приближно исто и имаат повеќе трошоци за резервни делови, дизел си е дизел (ако беше бензинец подобар ке ги ставаа и во камиони). И јас мислев дека бензин е подобар додека не повозив дизел. Сега... не го менувам дизелот за 10 бензинци (тоа е мое мислење) а имам 2 возила ФОРД ескорт 1.8д и фиеста 1.8д
 
Dzish напиша:
Се исплаќа ако правиш над 15.000 км годишно. Инаку исто ти се фаќа дали дизел или бензин (ако купуваш нови) ама јас преферирам дизел. Иако се малку поскапи при набавка на старо кога ке пресметаш ако ставаш плински уред на бензинска иди приближно исто и имаат повеќе трошоци за резервни делови, дизел си е дизел (ако беше бензинец подобар ке ги ставаа и во камиони). И јас мислев дека бензин е подобар додека не повозив дизел. Сега... не го менувам дизелот за 10 бензинци (тоа е мое мислење) а имам 2 возила ФОРД ескорт 1.8д и фиеста 1.8д

Изгледа дека не ги разбираш баш механичките работи:
Деловите за дизелите се мн. поскапи...
А, за болдираното...ај не коментирам!
 
Dzish напиша:
дизел си е дизел ако беше бензинец подобар ке ги ставаа и во камиони

Извини вака ама...:pos2::pos2:
Пеееер...дај бе!:)
 
Ako bese dizelot podobar u Formula 1 ke go stavaa
 
Sase91 напиша:
Ako bese dizelot podobar u Formula 1 ke go stavaa
Мислам дека на последнава трка што беше 24-часа(непрекинато) дизел дека победи.......:helou:
 
AUDI TDI победи на La Mans е сеа ...не знам дали бааааш годинава...ама знам дека учевствуваше...

Видете...се бркате по тавани кога двете работи не се за споредба.
Во која смисла...

Стави турбо на бензинец...ќе биде стигнато на „Оној” свет од турбо дизелот.
Втора работа....факт е дека дизелите можат да искрепат повеќе километри, но поправката е поскапа...две Bosch пумпи да се расипат...добиваш НОВ бензинец мотор. (цените за пумпите стигнуваат до и над 2000 евра, а нов мотор е 3000-4000 евра ...најмодерен со сите електроники).
 
Пааа се резмислува дизелот да се стави во формула 1. Се сло
увам со Volkswagen (пошо е Битолчанец).
Видете...се бркате по тавани кога двете работи не се за споредба.
И двата мотори имаат предноси и недостатоци. Затоа има можност при купување на возило да се одлучиш дали ке има бензински или дизел мотор.
 
Денес бев при мајсторот ми на муабет, кафе, ова, она... И, присуствував на отварањето на главата и Бош-пумпата на Вектра 2.0 ТД (или како беа?)....
Колата беше потполно за на оџачар, од онаа наша неквалитетна нафта, а бош-пумпата за смена...
Половна - 1250 евра
Нова - 2100 евра.
фала-пријатно!
 
Што ви викам...скапи се Бош пумпите...Нов мотор бензинец ќе земеш за тие пари!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom