Dzish
unlike any other...
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 13.994
- Поени од реакции
- 2.689
- Возраст
- 38
Mandrak напиша:Денешните дизели навистина многу се разликуваат од некогашните, технологијата е ептен напредната кога се зборува за овој вид мотори. За жал, сеуште кај сите остануваат некои недостатоци или за мене тешко прифатливи карактеристики во однос на бензинските мотори. На прво место вибрациите додека е моторот сеуште не постигнал работна температура, големото ниво на чад и отровни материи во издувните гасови како и бучавата која е далеку поголема одколку кај бензинските мотори. Можеби кај нов автомобил со дизел мотор бучавата и вибрациите и не се толку големи додека тој сеуште не поминал барем 50.000км, но после оваа километража речиси кај сите модели се јавува зголемена бучава и вибрации. Овде не ги вбројувам новите модели на Мерцедес, но постои и непишано правило дека дизел мотор треба да биде сместен во робусна каросерија, а сите модели на Мерцедес се робусни аута така да не представува проблем на ауто од скоро 2 тони тежина да ставиш дизел мотор и да не се чувсвуваат вибрациите и бучавата како на пример кај Голфот, Пежото или Цитроенот
И покрај сите новитети во производството на дизел моторите како што е HDI на пример, јас останувам приврзаник на бензинскиот мотор кој пред се чини поевтино, има поевтин сервис, работи потивко и помирно и помалку загадува.
Инаку, новитети нема само кај дизелите туку и кај бензинските мотори, а што се однесува до потрошувачката на гориво денес веќе и бензинците се далеку поекономични од колку пред 10 години, имаат поголемо искористување на обртниот момент, поснажи се а и векот на експлоатација им е далеку поголем од некогаш.
Јас имам Форд ескорд 1.8 дизел. Има поминато 250.000 ела да слушнеш како работи па да видиш дали штрака или не. + забораваш дека за дизел сервисот е масло+филтер за масло, додека за бензинец е свеќички, кабли, платина.....
А за чадењето... тоа е единсвена маана на оптеретен до даска дизел мотор. А се разбира дека бензинските се понапредни од дизелите сеуште иако многу труд се вложува во последно време во дизелските технологии како TDI, CDTI, HDI, SDI... Па каде ке не одведе технологијата... Можеби накај новите хибридни возила на електро-мотор или нешто како новото BMW-Hydrogen Power (работи на водород, а машината е изменет дизел мотор)