Дизел мотори: предности и мани

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Струмикс напиша:
Теоретски зборувам, со основните нужни потребни трошоци за одржување на возилото. Секој таков дефект е друга приказна!
Што опрема имаш на ксарата?
 
основната опрема + АБС, клима не сакав, и немам оние АСР АСЦ+Т...
 
Јас во Нубирата иам клима...ене уште го менувам фреонот после...5 години :) а лади упм :) морам да средам тоа...татко ми пред некој ден „дааа бе...иихх ја баталивме... :)

Уба работа е климата, ама искрено не се исплаќа освен на долги релации (во лето)...
 
А со потрошувачка... Не треба со вклучена клима да троши нешо појке? Немам јас клима на нишо. Освен на моторот се разбира :) . Крени 70... ке се изладиш салам. Па уште ако не носиш кацига....
 
На мотор со 50 ќе те излади камоли со 70! :)

Дем ит...ми се прај ќеф за мотор...
 
Кажи за потрошувачката со клима...by the way дај да ти го шитнам моторот издувај се малку :helou:
Ке не сечат администраторите пошо пишиме безвеза на темава за дизел мотори!
 
Размислував за то, ама шо знам за 700-800 ќе средам фичуле некое. Ќе видам ќе размислам. Знам дека не е исто ама...то е то. Плус то треба да научам да возам. Тапа сум :) Знам само теоретски ...се неам качено на мотор!
 
со палење на Клима се губат нешто помалку од 5 коња, па сега ти пресметај колку гориво ти троши автомобилот на саат по коњ, и од таа вредност пресметај колку би ти идело на клима?
Како и да е во скопје се исплати клима, особено ко ќе заглавиш во гужва а надвор е 40.
 
Климата се исплаќа само на долги релации (меѓу кои и гужвите во 3-4 попладне во СК летно време)...
 
Аха... Значи 5 коња? Па тоа ке многу вака кога ке размислам. А за учење на возење на мотор... Само мора еднаш да паднеш... инаку нема да се научиш :). Малку мајтап... не е тешко. Заебано е тоа што не те гледаат со колите многу. Ама затоа имаш свирка....
 
За наши услови дизел моторите се измислена работа;мала потрошувачка,евтина е нафтата.....Со новата технологија дизел моторите се повеќе и повеќе наликуваат на нивниот вековен ривал-бензискиот мотор.Пред некој ден на телевизија гледав промоција на новата 525bmw дизел,произведувачите успеале да го намалат звукот на моторот за 17% од предходниот модел.Мене колку што ми текнува предходниот модел кога помина пред мене јас мислев дека е бензинец,но кога видов позади дека имаше ознака 525d, се ми стана јасно.
 
Еве ви само уште еден доказ дека дизелите се многу понапредни од она што беа. BMW 320ѕi и 330 cdi. Иста кубикажа. Дизелката е 1 секунда побрза од 0 до 100-ка, двата се електронски ограничени на 250, единствено во кочење од 100 до 0 бензинскиот е пократок 35,5 а дизелот 35,7 (разлика 20 цм.). Потрошувачката на дизел е за некои 3 литри помала од онаа на бензин.
 
И, сепак, размислете за тоа каков е квалитетот на нашата нафта, модерниве дизели колку сулфур во нафтата поднесуваат, а колку има нашава нафта сулфур, па сето она оџачарење заради сулфурот по моторот, и скапите ремонти на бош пумпата (или нејзина промена) поради истиот тој сулфур, како и набавната цена на дизел верзијата, која е поскапа од соодветната бензинска, и поскапото одржување на дизел возилото воопшто...А и цените на горивата ќе се изедначат уште малку...
 
Па реално гледано за држави каде што има добра нафта дизелот е поарен. А и разликата во набавната цена не е толку голема (некои 4.000-5.000 евра), кога ке се удри заштедата на гориво (сепак кажувам за луѓе кои врват 20.000-30.000 годишно) и на крај кога ке сакаш да ја штиниш дизелот е поскап за некои 1000-1500 евра.

Сега ова за кај нас посекако не важи, башка ние возиме дизелки што би се рекло доодени од западна европа така да и дефектите кои се јавуваат се очекувани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom