Дизел мотори: предности и мани

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Зборам за НОВ мотор :) хехее
 
јас лично би одбрал дизел(ТДИ) за мене подобро од тоа нема. факт е дека бензинците се полесни за одржување(ако се расипе си минеш со помалку пари) меѓутоа дизелашите се далеку поиздржливи. во поглед на перформансите денешните дизелаши се појаки од бензинците. помалку трошат.поквалитетни мотори во светот од дизелашите на VW и Mercedes НЕМА
 
nenad_d напиша:
јас лично би одбрал дизел(ТДИ) за мене подобро од тоа нема. факт е дека бензинците се полесни за одржување(ако се расипе си минеш со помалку пари) меѓутоа дизелашите се далеку поиздржливи. во поглед на перформансите денешните дизелаши се појаки од бензинците. помалку трошат.поквалитетни мотори во светот од дизелашите на VW и Mercedes НЕМА

Така можеби беше на времето...Бензинците си го решија проблемот со издржливоста, па 300000-400000 км не се и за нив проблем, башка нафтата е многу засулфурена па се случуваат работите од моите претходни постови...
Направи си есапот колку минеш на година, и, дали ќе ти се исплати.
А за перформансите...читај претходно што е кажано, и гледај ја конструкцијата на моторот (со турбо, без турбо...)
 
Абе Струмикс остај не да се порадваме малку и ние љубителите на дизел мотори. :toe: Знам дека бензинецот е понапреден од дизелот. Ама и дизелите имаат свои предности. Признај додека немаше плин (пред 5-6 години) сите пробуваа (а и успеваа) да заменат мотор од бензин на дизел не за друго туку за потрошувачката.
 
Е арно де Џиш, радувајте се, никој не ве сопрел, бог да чува ! :)
Јас на пр. никогаш не сум имал мерак по дизел, мене никогаш не ме водела некоја логика, туку срце. Единствено, разумот го послушав кога земав Ксарата.
 
Dzish напиша:
A Ксарата е ХДИ? Или обилен дизел?
Кога татко ми купуваше ксарата имаше 1.9д(обичен), бензинциве 1.4, 1.6, 2.0HDi(ваква има татко ми) и тие спортските верзии (VTS, VTR)

P.S. Некој има спомнато дека дизелите се поскапи (точно) ама отсекогаш опремата бил побогата него бензин :)
 
На Струмикс Ксарата е 1.4 мислам бензинец
 
Volkswagen напиша:
На Струмикс Ксарата е 1.4 мислам бензинец
Да :helou:
Кога ќе наполнам 18 може да се тркаме негде :helou: дизел(hdi) vs бензин:helou:
 
Volkswagen напиша:
На Струмикс Ксарата е 1.4 мислам бензинец
Тоа е. јас есапот го правев вака:
Не минувам годишно повеќе од 10000 км.
Во тоа време, Ксарата беше веќе на залез на кариерата, втора серија, со решени „детски болести“ од првата серија, а немам намера да ја продавам во скоро време, за вложените пари даваше најмногу...
Дизелот беше околу 1500 евра поскап, 1.4 хди. Послаба машина од 1.4 И, со помала потрошувачка, но додека да почнам да штедам на гориво...доста вода ќе протечеше, а ќе бев во старт 1500 евра посиромав...
Затоа велам дека ја купив со разум колата.
 
Кога го правиш така есапот, стави ја и цената на дизел горивото, на 10000 км/година, и разликата меѓу двата вида гориво.
Ќе добиеш неколку години додека да почнеш да штедиш!
 
Да штедиш...при тоа дизелот да биди во совршено добра состојба. Мислам на пумпата најмногу. Па течеле дизните...па не знам што...еха!
 
Теоретски зборувам, со основните нужни потребни трошоци за одржување на возилото. Секој таков дефект е друга приказна!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom