Директен „обид“ за превземање

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Едно хипотетичко прашање: Што правиме ако типот е посилен?
Фала многу и извинете за оф топикот:helou:

ако е посилен и не е толку трагично, но што ако типот извади палица, нож, пиштол, или пак позади него си избацат два тројца другари со претходно наведените средства, тогаш брат (ќе ми извините на вулгарност) го еба ежот.
 
Едно хипотетичко прашање: Што правиме ако типот е посилен?
Фала многу и извинете за оф топикот:helou:

Нема посилен-послаб...Има само луѓе што незнаат/знаат да се тепаат и што незнаат/знаат да се бранат...зависи како може да се искомбинира :)
 
Епа најубаво фатете си грда женска, љубете поради физичките атрибути :) така ке бидете најсигурно и дека не ве изневерува и дека нема да има потреба да се тепате со некого поради неа!

Животот е кучка, имам гледано многу и документарни и филмови и приказни слушано како терористи влагаат дома ти ги колат децата ти ја силуваат жената итн... ако не се браниш ке те силуваат и тебе! лол
 
Бисеро, не рипај одма, мајко му. :pos:

А мор Колешке, толку не сфати до сега дека сум машко во душа, прво тепачиште во маало. :pos:
Во тепачки "mood" сум расположена сега, остај ме да се излуфтирам, ќе ми пројде за 2-3 дена. :smir:
Башка тоа, вчера не ме фаќаше сон, доцна вечерта го пишував постот и јас си се изнасмеав сабајлево. Затоа Бисеро, легни си вечер подоцна, стани си наутро тамам на време, за да не закасниш на работа како денес ко најголем лузер. :pos:

Шала на страна, гледам по постовите некои навистина помислиле дека ќе се тепам. Таман работа. Воведот на мојот пост беше колку да опишам што ќе ми се случи во моментот кога ќе дознаам. Гледам изнапишаа луѓето погоре дека ќе и' пружеле рака и дека ја ценат за искреноста, што ќе рече сите бајчиња, светици и пацифисти. И аманте, не ми кажувајте пак дека тоа што ви кажала отворено ја прави храбра. Може да е за вас тоа храброст, ама во мојот речник тоа се вика безобразлук. А тоа што го напишав на почетокот е колку да доловам каква бура во душава ќе доживеам и каков хаос во главава ќе ми се случи. Total eclipse of the brain :pos: Нема да ми биде сеедно, признавам, ама во секој случај ќе смогнам сила да се насмевнам. И тоа нема да биде од ноншалантност и безгрижност, туку ќе биде од, како беше онаа.... пред непријателите секогаш биди насмеан, бидејќи така не можат да откријат што им' мислиш. :)

Нејсе, гледам пак не ме дочитувате, ќе пробам да се дообјаснам.
Нели напишав дека сум цивилизирана и дека не се тепам физички, такво нешто не си дозволувам и толку ниско нема да паднам. Башка, ко што вика Леандра, замисли да е некоја 100 кила жива мера, ќе треба кран да изнајмам, за да ја качам до 20-ти. :pos:
Како и да е, ниту сум кренала рака некому досега, ниту намеравам. Ама тоа никако не значи дека туку така ќе се откажам од борбата, ќе се тргнам на страна и дека глатко ќе и' дозволам да си ја испроба среќата. Оваа ситуација ти е исто ко Бугарија јавно да и' објави војна на Македонија, да ги нареди трупите на граница, а јас да земам и да си свиркам. Е вала, нече мочи ове ночи. Ако веќе треба да одам down, ќе одам down, ама на фронт, а не во фотеља. Иста е апликацијата и во ситуацијава, го штитам тоа што ми значи и сум го градела со љубов. Колку што е таа детерминирана да го добие, толку сум и јас детерминирана да го одбранам, па да видиме кому му се поголеми силите. Предизвикот е тука и прифатен. Дека ќе си седам мадро, тешко богами, дека ќе ја истепам и искубам ко кокошка, уште потешко. Ама дека ќе се борам, тоа е повеќе од сигурно. И тоа нема да биде јавна борба, не, не, никако. Тоа се одвива на едно посуптилно ниво, со ставање сопки и правење ремет од страна, преку трети, петти и без да знаат другите. И не треба да се вади сето ова пред очите на јавноста од две причини:
- нема потреба ничие его да се потхранува-- во случајов неговото (од таа причина нема ни да дознае).
- нема потреба ничија репутација да се нарушува -- во случајов мојата (за нејзината ич не ми чуе).

Даље... Колешеке, ој врати се на мојот претходен пост, прочитај го пак и посебно обрни внимание на следново.

pearl напиша:
Целосно сум потписник на горенаведеното дека "if you love somebody set them free". Јас лично, домот го градам со љубов и со топлина и не дозволувам никој тоа да го наруши. Тие што се внатре ја имаат целосната слобода на избор да заминат кога сакаат, ама натрапници не се добредојдени!!

Никој никого не поседува, ниту тој е во моја, ниту јас сум во негова сопственост. Секој си е свој човек. Затоа велам, тие што се внатре во домот, ја имаат слободата да заминат кога сакаат. Но, она што го градиме, делиме и живееме заедно е секако нешто за што вреди да се бориш. Ама направи разлика. Се бориш да го одбраниш/заштитиш човекот (да не дозволиш некој да го ремети), а не да го задржиш (што ќе рече, го тегнеш за ракав). Јас ќе се потрудам фркава да не ни стигне воопшто до негови уши. Затоа велам, ќе ја претепам уште кога ќе ми поѕвони на врата и сигурно нема да седнам и да си читам Теа Модерна и да кажам, ајде бе, кој ја е*е. Ќе се потрудам да не и' дадам воопшто шанса да дојде и да проба да ми го наруши мирот во домот (btw, домот = врската, исто му доаѓа. инаку, велам домот колку да бидам конзистентна со асоцијацијата која ја давам).

PSYtisfaction напиша:
А на крајот, и да ти го освои, зар не е пофер да и оддадеш признание дека победила во борбата, отколку исфрустрирано да се трудиш да и го уништиш животот за одмазда? :) Биди фер губитник, поднеси ја загубата... Ако веќе загубиш.

За крај. Колешке, читај ме малку поубаво. Ништо од тоа што напишав, не се однесуваше на ремет на нивната врска, ако не дај Боже започне. Она што јас го опишував беше само констатација дека нема така лесно да и' дозволам да ми влезе во територија.
Но, ако веќе бидне работата, бештијава успее да му ја пикне чивијата на човеков и го освои, тогаш јас за жал ништо повеќе не можам да сторам. Можам само да и' се заблагодарам за услугата што ми ја направила и што го изнела дотичниот од мојот живот, пошто ако некој такво нешто ми направи, тогаш не е вреден да го размишљаш ни два дена. Моја грешка во проценка на човекот, јбг. :toe:
 
Океј, на крај на истото испаднавме и двете Бисерке. :)
Освен неколку забелешки што ме мрзи да ги цитирам од огромниов пост... :pos: Во главном се слагаме. :wink:
 
Pearl, ти кажуваш како ќе и маваш сеир на типката ама се тоа да е далеку од негови очи и учи, но што ако понудата односно изјавата се случи токму кога сте заедно така да и двајцата одеднаш го слушнете тогаш. Тогаш сигурен сум дека нема се обидуваш да ја мајтапиш типката и да ја правиш будала и со тоа да и фаќаш сеир бидејќи во тој случај еве јас да сум на местот на типот кој е со тебе би се чувствувал многу непријатно, бидејќи заземаш став дека јас ти припаѓам тебе, и дека врската се основа само врз база на твоето вложено време и труд и љубов кон мене, со што индиректно го маргинализираш времето, и љубовта кое јас (во случајов во улога на твојот тип) сум го инвестирал. освен тоа воколку ако ти го сакаш толку да ако наместо типка во случајот то му го каже нму некој тип дека тебе те сака, и ти го одбиеш типот, тогаш би се очекувала оста мера на жубов и од другата страна, со што би била игурна во неговата љубов кон тебе и му препуштила тој да одбие типката. Бидејќи pearl врската не зависи од тебе, не зависи од тебе дали вие ќе останете заедно туку зависи од двајцата, и колку вие двајца си верувате еден кон друг. Многу е погрешно во ваква ситуација да ја маргинализираш личноста која покрај тебе исто така директно е погодена од пробеелмот што го наметнува другата страна, нормално ако воопшто може да се нарече проблем ако постои искреност, љубов и разбирање, помеѓу двајцата партнери. Со други зборови не биди егоист.
 
Pearl, ти кажуваш како ќе и маваш сеир на типката ама се тоа да е далеку од негови очи и учи.

Читај ме поубаво, не само подалеку од негови очи и уши, туку од сечии очи и уши. :) Свесна сум дека е проклето тешко, можеби и невозможно, ама хммм....

Но што ако понудата односно изјавата се случи токму кога сте заедно така да и двајцата одеднаш го слушнете тогаш. Тогаш сигурен сум дека нема се обидуваш да ја мајтапиш типката и да ја правиш будала и со тоа да и фаќаш сеир бидејќи во тој случај еве јас да сум на местот на типот кој е со тебе би се чувствувал многу непријатно, бидејќи заземаш став дека јас ти припаѓам тебе, и дека врската се основа само врз база на твоето вложено време и труд и љубов кон мене, со што индиректно го маргинализираш времето, и љубовта кое јас (во случајов во улога на твојот тип) сум го инвестирал.

Арно претпоставуваш. :) Точно така, нема никако да изреагирам, а најмалку сеир ќе и' фаќам. Нему му е отворено кажано, нема што јас да се мешам, туку седам и чекам негов потег. Ти Бацилко како ќе изреагираш во таков случај, некоја да ти дојде и пред девојка ти да ти каже такво нешто, м? :)

Инаку, на Скул ситуацијата е поинаква. Јбг, јас си кажав дека нема да ме остави рамнодушна и нема да можам да седам со скрстени раце. Што да правиш, пусти темперамент. Плус тоа, јас на ова гледам и од поинаква перспектива, си го бранам мирот во куќа. Дошла некоја и безобразно сака да не' ремети во три наутро. Да не треба случајно да ја послужам со кафе и локум?? Башка тоа го штитам и него (читај штитам/бранам, а не чувам/заклучувам) од секакви лудачи. Не дека му треба нему заштита, ама ете, појако е од мене.

освен тоа воколку ако ти го сакаш толку да ако наместо типка во случајот то му го каже нму некој тип дека тебе те сака, и ти го одбиеш типот, тогаш би се очекувала оста мера на жубов и од другата страна, со што би била игурна во неговата љубов кон тебе и му препуштила тој да одбие типката.

Што си сакал да кажеш со ова, бидејќи не можев да го разберам, некако многу ми е заплеткано.

Бидејќи pearl врската не зависи од тебе, не зависи од тебе дали вие ќе останете заедно туку зависи од двајцата, и колку вие двајца си верувате еден кон друг. Многу е погрешно во ваква ситуација да ја маргинализираш личноста која покрај тебе исто така директно е погодена од пробеелмот што го наметнува другата страна, нормално ако воопшто може да се нарече проблем ако постои искреност, љубов и разбирање, помеѓу двајцата партнери. Со други зборови не биди егоист.

Инаку, се' те разбирам Бацилко, верувај ми. Знам дека е најпаметно да си седам мирно, да се насмеам и ништо да не правам, тоа е најразумната варијанта. Може евентуално низ шала низ смеа да му кажам нему, па ако сака тој нека и' го стегне сеирот во име на двајцата. Јасно ми е мене дека врската треба да лежи на љубов, разбирање и почит од двете страни и тогаш нема место за загриженост во случај на ваков инцидент. Си веруваме еден на друг. Ама тоа што го напишав е ништо повеќе од искреност од моја страна како би се чувствувала. Не велам дека е правилен пристап, туку само велам дека така ќе ми дојде, ќе посакам да ја истепам, и да, ќе паднам во искушение да ја реметам. Ќе ми биде многу тешко да стојам на страна, а некој во очи ми се смее и ми ровари низ куќи. Ако некогаш ова ми се случи, знам дека ќе се расчеречам од внатре помеѓу она што свесно знам дека е правилно да го направам и тоа каква ми е природата. Toa e..:toe:
 
Арно претпоставуваш. :) Точно така, нема никако да изреагирам, а најмалку сеир ќе и' фаќам. Нему му е отворено кажано, нема што јас да се мешам, туку седам и чекам негов потег. Ти Бацилко како ќе изреагираш во таков случај, некоја да ти дојде и пред девојка ти да ти каже такво нешто, м? :)
кажав во еден од претходните постови, нит ќе му се смеам, нит ќе му се силам, туку со фаца „не си интересен“ ќе му кажам малку на друг начин и можеби малку пофилозофски за да го подзбунам, дека тое не е моја или негова одлука дали типката ќе биде со мене или со него.

Што си сакал да кажеш со ова, бидејќи не можев да го разберам, некако многу ми е заплеткано.

Сакав да кажам дека треба да очекуваш од партнерот да го стори истото што и ти би го сторила ако тој се најде во ваква ситуација.


Ај ти ко женско можеш да си ја дадеш таа слобода малку и поинтиутивно да изреагираш, ама кај машките тој луксуз може скапо д ачини, бидејќи не знаеш на каква будала ќе налеташ како што спомнував погоре.
 
Да одговорам на темата:
Анализа на ситуацијата.
Отворен муабет со патрнерот/патрнерката, отворен муабет со третото лице (еднина :)).
Анализа на ситуацијата.
Ако е вистинска љубовта помеѓу партнерот и партнерката третото лице (еднина :)) ќе испадне 13 прасе и ќе му биде соопштено тоа дирекно од страна на партнерот и партнерката.
Keep it simple.
EoF
 
Анализа на ситуацијата.
Ако е вистинска љубовта помеѓу партнерот и партнерката третото лице (еднина :)) ќе испадне 13 прасе и ќе му биде соопштено тоа дирекно од страна на партнерот и партнерката.
Keep it simple.
EoF

Има нешто што се вика "да го поштедиш партнерот од глупости", односно да не дозволиш секакви будали да го малтретираат. Јас тргнувам од себе во таква ситуација. На пример, ако на мојот јунак му биде соопштено дека некој сака да се искуша кај мене, јас не сакам да знам за тоа, нека ме поштеди од глупости.

Плус тоа нека ме чува со тоа што нема да дозволи некој друг да ме замара и да ми создава главоболки. Нека го реши проблемот во позадина на начин кој самиот смета дека е правилен, и ич нека не ми кажува, најубаво. :)

А не да ми го прати битангата да треба јас да се расправам со него. :)
 
pearl напиша:
Гледам изнапишаа луѓето погоре дека ќе и' пружеле рака и дека ја ценат за искреноста, што ќе рече сите бајчиња, светици и пацифисти. И аманте, не ми кажувајте пак дека тоа што ви кажала отворено ја прави храбра. Може да е за вас тоа храброст, ама во мојот речник тоа се вика безобразлук.

Морам поново да објаснам бидејќи и во овој пост се пронаоѓам погрешно сватена.Храброст е да дојде и да ти го каже во лице,зошто воопшто не и страв на каква лудача може да налета.Можеби сме пријателки,но незнае како би реагирала на тоа,можеби ќе и рипнам преку маса,можеби ќе добие шише во глава,може ќе се смеам како хистерична пред сите...но она има гз и ми најавува отворена борба,тоа го ценам.Не го потценувам противникот,затоа ја ценам искреноста како особина,останатото и го мразам,несакам очите да и ги видам:smir: Не сум светица,тоа подоцна ќе и го објаснам:wink:
А во останатиот дел од постот го збориме истото,нема да седам со скрстени раце.Жива ќе ја јадам на терен,па мајка му дупла скорпија сум нема глава да крене од мене,цел живот ќе ја боцкам:).Несакам он да дознае,бидејќи ќе и дадам поен,затоа ќе ја преќутам и ќе се борам за него додека заслужува.
 
Абе какво тепање какво млатење...за кога...мислиш дека добро го знаеш го знаеш цел живот и наредниот ден ти заринува нож во грб...за кого да се тепам,за некоја шмизла или за девојкиве некој клошар со мотор и тетоважи! Секоја чест за искреноста,добро кажа Псај биди фраер фати ја,не дека се откажувам ама нема на ултимејт фајт некога да предизвикувам,па кој ќе победи нека ја носи
 
Па ќе бидам во прилично голем шок откако ќе го слушнам тоа зашто не верувам дека некогаш нешто такво би си помислила дека може да направи "другарка"....Сигурно нема да ми биде сеедно кога ќе слушнам такво нешто али нема да превземам ама баш ништо.Само ќе му кажам на дечкото каква другарка имам и дека сака да ми ја украде среќата, а и него.Другото на него го оставам.Не планирам да се тепам и да паѓам на ниско ниво.Ако ме сака и сака да биде со мене тогаш тоа мислам дека не би требало да ја упропасти врската, ако сака да биде со нејзе нека иде боље само нека ми каже да не биде тоа позади грб...
 
Абе какво тепање какво млатење...за кога...мислиш дека добро го знаеш го знаеш цел живот и наредниот ден ти заринува нож во грб...за кого да се тепам,за некоја шмизла или за девојкиве некој клошар со мотор и тетоважи! Секоја чест за искреноста,добро кажа Псај биди фраер фати ја,не дека се откажувам ама нема на ултимејт фајт некога да предизвикувам,па кој ќе победи нека ја носи
Не ве сфаќам со ова „Биди фраер, фати ја“. Испаѓа ко да ви е сеедно ако типот/типката навистина би успеала во тоа да го ќари партнерот. Ставете се на местото на партнерот-како би се чувствувале ако вашиот партнер само за да испадне приземен и кул не намерава да превземе ништо околу новодојденецот? Мене би ми било ептен глупо, па дури можам да добијам впечаток дека не ме сака. :toe:
Нормално дека ќе и речам да не се замислува и обидува со „валкани“ игри, не сум човек што брзо се откажува (условно кажано!) од саканиот, нити пак отстапувам место за некоја друга да му се пушта. Тепање не, ама има да ја срамнам со земја на друг начин, без разлика дали била искрена што ми кажала или не. Нема поштување во вакви случаи, па што сака нека биде.
 
Значи напишав не дека се откажувам но нема да правам инциденти,кршење вилица и слично,а во никој случај нема да му ја оставам врата отворена ќе се борам но со разумни средства и начини,но зборот ми е,се трудиш се браниш од секого,ја браниш неа или него,како го знаеш цел живот и наеднаш таа личност те изненадува и тоа негативно...тоа боли па си викаш зашто јас само да се жртвувам за некого...:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom