Бисеро, не рипај одма, мајко му.
А мор Колешке, толку не сфати до сега дека сум машко во душа, прво тепачиште во маало.

Во тепачки "mood" сум расположена сега, остај ме да се излуфтирам, ќе ми пројде за 2-3 дена. :smir:
Башка тоа, вчера не ме фаќаше сон, доцна вечерта го пишував постот и јас си се изнасмеав сабајлево. Затоа Бисеро, легни си вечер подоцна, стани си наутро тамам на време, за да не закасниш на работа како денес ко најголем лузер.
Шала на страна, гледам по постовите некои навистина помислиле дека ќе се тепам. Таман работа. Воведот на мојот пост беше колку да опишам што ќе ми се случи во моментот кога ќе дознаам. Гледам изнапишаа луѓето погоре дека ќе и' пружеле рака и дека ја ценат за искреноста, што ќе рече сите бајчиња, светици и пацифисти. И аманте, не ми кажувајте пак дека тоа што ви кажала отворено ја прави храбра. Може да е за вас тоа храброст, ама во мојот речник тоа се вика
безобразлук. А тоа што го напишав на почетокот е колку да доловам каква бура во душава ќе доживеам и каков хаос во главава ќе ми се случи. Total eclipse of the brain

Нема да ми биде сеедно, признавам, ама во секој случај ќе смогнам сила да се насмевнам. И тоа нема да биде од ноншалантност и безгрижност, туку ќе биде од, како беше онаа.... пред непријателите секогаш биди насмеан, бидејќи така не можат да откријат што им' мислиш.
Нејсе, гледам пак не ме дочитувате, ќе пробам да се дообјаснам.
Нели напишав дека сум цивилизирана и дека не се тепам физички, такво нешто не си дозволувам и толку ниско нема да паднам. Башка, ко што вика Леандра, замисли да е некоја 100 кила жива мера, ќе треба кран да изнајмам, за да ја качам до 20-ти.

Како и да е, ниту сум кренала рака некому досега, ниту намеравам. Ама тоа никако не значи дека туку така ќе се откажам од борбата, ќе се тргнам на страна и дека глатко ќе и' дозволам да си ја испроба среќата. Оваа ситуација ти е исто ко Бугарија јавно да и' објави војна на Македонија, да ги нареди трупите на граница, а јас да земам и да си свиркам. Е вала, нече мочи ове ночи. Ако веќе треба да одам down, ќе одам down, ама на фронт, а не во фотеља. Иста е апликацијата и во ситуацијава, го штитам тоа што ми значи и сум го градела со љубов. Колку што е таа детерминирана да го добие, толку сум и јас детерминирана да го одбранам, па да видиме кому му се поголеми силите. Предизвикот е тука и прифатен. Дека ќе си седам мадро, тешко богами, дека ќе ја истепам и искубам ко кокошка, уште потешко. Ама дека ќе се борам, тоа е повеќе од сигурно. И тоа нема да биде јавна борба, не, не, никако. Тоа се одвива на едно посуптилно ниво, со ставање сопки и правење ремет од страна, преку трети, петти и без да знаат другите. И не треба да се вади сето ова пред очите на јавноста од две причини:
- нема потреба ничие его да се потхранува-- во случајов неговото (од таа причина нема ни да дознае).
- нема потреба ничија репутација да се нарушува -- во случајов мојата (за нејзината ич не ми чуе).
Даље... Колешеке, ој врати се на мојот претходен пост, прочитај го пак и посебно обрни внимание на следново.
pearl напиша:
Целосно сум потписник на горенаведеното дека "if you love somebody set them free". Јас лично, домот го градам со љубов и со топлина и не дозволувам никој тоа да го наруши. Тие што се внатре ја имаат целосната слобода на избор да заминат кога сакаат, ама натрапници не се добредојдени!!
Никој никого не поседува, ниту тој е во моја, ниту јас сум во негова сопственост. Секој си е свој човек. Затоа велам, тие што се внатре во домот, ја имаат слободата да заминат кога сакаат. Но, она што го градиме, делиме и живееме заедно е секако нешто за што вреди да се бориш. Ама направи разлика. Се бориш да го одбраниш/заштитиш човекот (да не дозволиш некој да го ремети), а не да го задржиш (што ќе рече, го тегнеш за ракав). Јас ќе се потрудам фркава да не ни стигне воопшто до негови уши. Затоа велам, ќе ја претепам уште кога ќе ми поѕвони на врата и сигурно нема да седнам и да си читам Теа Модерна и да кажам, ајде бе, кој ја е*е. Ќе се потрудам да не и' дадам воопшто шанса да дојде и да проба да ми го наруши мирот во домот (btw, домот = врската, исто му доаѓа. инаку, велам домот колку да бидам конзистентна со асоцијацијата која ја давам).
PSYtisfaction напиша:
А на крајот, и да ти го освои, зар не е пофер да и оддадеш признание дека победила во борбата, отколку исфрустрирано да се трудиш да и го уништиш животот за одмазда?

Биди фер губитник, поднеси ја загубата... Ако веќе загубиш.
За крај. Колешке, читај ме малку поубаво. Ништо од тоа што напишав, не се однесуваше на ремет на нивната врска, ако не дај Боже започне. Она што јас го опишував беше само констатација дека нема така лесно да и' дозволам да ми влезе во територија.
Но, ако веќе бидне работата, бештијава успее да му ја пикне чивијата на човеков и го освои, тогаш јас за жал ништо повеќе не можам да сторам. Можам само да и' се заблагодарам за услугата што ми ја направила и што го изнела дотичниот од мојот живот, пошто ако некој такво нешто ми направи, тогаш не е вреден да го размишљаш ни два дена. Моја грешка во проценка на човекот, јбг.
