Диктатура?

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Но, реално, зарем сметаш дека тоа е загрозување на човековите слободи? Дека е одлика на тоталитаристички режим?
Затоа што темава го носи насловот диктатура, и не споредува со фашистичка Германија и СССР у времето на Стаљин.
Додека јас не гледам ни знаци, а камо ли фактичка диктатура.
Види, нема да правам паралели со режими, ама дека е загрозување на човекови слободи - факт е дека е.
 
проблемот е тука...

во земји кај шо бројот на цигарџиите е 10 или 13 посто, неможеш да се понашаш као кај нас каде што бројот на пушачите е 50 посто , и обратно.:toe:

Баш напротив, кај нас треба да биде поригорозно.

17,7 % од пушачите ( 40% официјално во МК) се деца меѓу 15-18 години.

Проблемот ни сами неможете да го дефинирате во неколку наврати, еве се трудам да расчистиме.

Претходо се сложивме дека не сте го ни погледнале законот, ниту што забранува.
Како второ се согласивме општо дека треба да се имплементираат одредени закони кои ни се наложени од ЕУ како услов за членство, во ред.
Па дојдовме до фактот дека кај нас казните се преголеми.

Ама исто така видовме дека малите казни не ги стимулираат прекршителите да внимаваат и да се придржуваат до законот.

Логички, ако ризикот ти е поголем, тогаш и ќе размислиш дали вреди да го прекршиш законот.
Кај нас само така може да делува нешто, ќе платиш со пари кои немаш или ќе вршиш општо корисна должност.

И апсурдно ми е да се делиме на пушачи и непушачи, па што ќе правеле пушачите, како ќе преживееле кафе без цигара, леле ќе се скратело уживањето. А досега никој не се заинтересирал за непушачите, мене ми смета кога некој ми чури при јадење, ми смета кога гледам пикавци по улици, кога од едно обично кафе се враќам и смрдам на дим од цигари.
Ама, не сум сакал да се двојам од луѓето кои ми се драги поради тоа што се пушачи.

И време беше да се поработи на зависноста од цигари во Македонија.

И не, неможе да се затворат тутунските комбинати, од многу практични причини, работниците кои работат таму и оние кои одгледуваат тутун.

Целта е да се намали процентот на пушачи.
 
И време беше да се поработи на зависноста од цигари во Македонија.
Токму тука е целата поента. Што ова не се прави со цел да се работи на зависноста од цигари, затоа што и некој со IQ 40 знае како се прави тоа. Ама, ако се прави тоа, од кај акцизи после...
 
имаше многу појави каде што угостителите отворено протестирава против забраната за пушење во објектите од угостителски карактер, и нормално поради ставот и економскиот интерес да се напраат поише пари, зашто сите знаат дека кај шо се пуши се пие дупло повеке и се прави промет, со акцент на тоа да тие објекти се категоризираат исклучително со видлив знак и обележје дека се ѕа пушачите...но се деси одбивање, не поради фактот дека некој сака да заработи екстра, туку поради спротивната страна...која кажа не, затоа што непушачите секогаш одат по пушачите и на тој начин логично би се отвориле сите локали понатака само за пушачи...нема логика нели:nenene:
 
Проблемот ни сами неможете да го дефинирате во неколку наврати, еве се трудам да расчистиме.
Јас убаво го дефинирав проблемот. Незнам што не ти е дефинирано. Сакам да имам место каде ќе можам да пушам, и каде нема да го загрозувам здравјето на непушачите.

Претходо се сложивме дека не сте го ни погледнале законот, ниту што забранува.
Не сме се сложиле, тоа со некој друг си се сложил :)

Законот предвидува делумна, а од јануари 2010 целосна забрана за пушење во кафулиња, ресторани и сите јавни места.
 
Јас убаво го дефинирав проблемот. Незнам што не ти е дефинирано. Сакам да имам место каде ќе можам да пушам, и каде нема да го загрозувам здравјето на непушачите.

Не сме се сложиле, тоа со некој друг си се сложил :)

Законот предвидува делумна, а од јануари 2010 целосна забрана за пушење во кафулиња, ресторани и сите јавни места.

Па имаш дефинирано, само во локалите помали од 40м2 ќе важи целосно забраната, додека оние локали кои имаат поголема квадратура ќе мора да имаат посебни оддели за пушачите.
 
Ј

Колку што разбрав, кафулиња и слични објекти кои не се помали од 40 метри квадратни, ќе имаат право да направат посебна просторија, одделена со остатокот на објектот преку стаклена преграда, во која ќе биде дозволено пушење.

едит: Упс, со Братот сме одговориле у исто време за иста ствар. За да не ми отиде јабана постов...

Ајде ќе се согласиме дека она со пушењето е вид на репресија. Но, дали е тоа доволно, како што е наведено во почетокот на темата, да сметаме дека живееме во тоталитаризам?
Дали сите земји кои имаат скоро идентични забрани за пушење живеат во тоталитаризам?
 
Па имаш дефинирано, само во локалите помали од 40м2 ќе важи целосно забраната, додека оние локали кои имаат поголема квадратура ќе мора да имаат посебни оддели за пушачите.
Што правиме со фирмите, каде целосно е забрането пушењето уште од сега? Зошто да нема изолирана просторија за пушачи, доколку директорот не им забранува на вработените да одат на цигарче?

Абе се вртиме у круг со истиве муабети. Глупости.
 
Токму тука е целата поента. Што ова не се прави со цел да се работи на зависноста од цигари, затоа што и некој со IQ 40 знае како се прави тоа. Ама, ако се прави тоа, од кај акцизи после...

Не се сложувам. Неможеш да укинеш индустрија на цигари, за да намалиш пушење. Постојат конзорциуми кои поседуваат огромен процент од акциите на сите тутунски комбинати во светот, неможеш да им забраниш продажба.
Сепак одреден дел луѓе, како производителите, комбинатите и препордавачите имаат егзистенција од истите.

Но, затоа цигарите ќе бидат во иднина луксуз. Поскапи и помалце достапни.
Големи казни со законски одредби.

Со тоа се намалува процентот на пушачи.
И нема потреба од коефициенти на IQ кога доволно интелигентен човек треба да разбере дека има порок,а не привилегија да биде труен, самиот себе и останатото опкружување.

Најнормално е да се негодува,станува збор за навика, но уште понормално е да се оди ригигорозно со законот и делумно да се намали бројот на пушачи.
 
veke odminuva prvata dekada od 21 vek i namesto da ima se pomalku i pomalku zakoni i nivoto na civilizacija i kultura megu lugeto da se podiga tuka vo Makedonija donesuvaat represivni ,mnogubrojni i brzopleti zakoni koi go narusuvaat coveckoto dostoinstvo i odnosi pomegu lugeto. Ako se vaka pravi zdravo ,intelektualno opstestvo togas nekoj vo ili nadvor od VMRO-Dpmne na VMRO - Dpmne loso im gi objasnil rabotite
 
Што правиме со фирмите, каде целосно е забрането пушењето уште од сега? Зошто да нема изолирана просторија за пушачи, доколку директорот не им забранува на вработените да одат на цигарче?

Абе се вртиме у круг со истиве муабети. Глупости.

Не е должен да ти овозможи пушална. Тоа останува негов избор.

Башка, имаш пауза во текот на работното време. Ќе излезеш и ќе испушиш.

Кој видел пауза за цигара? Имаш редовна пауза, правиш што сакаш, одиш кај сакаш.

veke odminuva prvata dekada od 21 vek i namesto da ima se pomalku i pomalku zakoni i nivoto na civilizacija i kultura megu lugeto da se podiga tuka vo Makedonija donesuvaat represivni ,mnogubrojni i brzopleti zakoni koi go narusuvaat coveckoto dostoinstvo i odnosi pomegu lugeto. Ako se vaka pravi zdravo ,intelektualno opstestvo togas nekoj vo ili nadvor od VMRO-Dpmne na VMRO - Dpmne loso im gi objasnil rabotite

Пак за партија, ајде размисли, дали ВМРО или било кој друг се непушачи???

Или едноставно некои закони мора да се имплементираат.

Која цивилизација опстојувала од цигарите и алкохолот, едноставно од глупоста со “достоинството“ одиме во ситуација да се уништува цивилизацијата на “пушачите“.

И пак, никој не забранува цигари. Ама поинтересно да го пумпаме до небеса.

Цивилизација,Иднина,Цигара. :tv:
 
Не се сложувам. Неможеш да укинеш индустрија на цигари, за да намалиш пушење. Постојат конзорциуми кои поседуваат огромен процент од акциите на сите тутунски комбинати во светот, неможеш да им забраниш продажба.
Сепак одреден дел луѓе, како производителите, комбинатите и препордавачите имаат егзистенција од истите.
Па тоа е фората, глави ќе летаат на сите страни, ко цистерна со кечап да се дупнала ќе биде некој да уништи таков бизнис во целост.

Ама нели, ете, ако им е до здравјето на граѓаните...решението е тоа. А не дали на некој ќе му забранат да пуши во изолирана просторија, каде нема да штети на други.

Но, затоа цигарите ќе бидат во иднина луксуз. Поскапи и помалце достапни.
Големи казни со законски одредби.
Да де, ќе бидат скапи. Во превод, ќе се намали потрошувачката бидејќи секој нема да може да си ги дозволи, но штом рипа цена, ќе се слеваат повеќе пари во касата на државата. И волкот сит (тутунската индустрија), и овците на број (буцетот нема да биде оштетен). Само обичниот човек ебан.

Со тоа се намалува процентот на пушачи.
Ќе се намали некој незначителен процент. Останатите ќе пушат, ама ко во илегала ебате. Во прогон.
И нема потреба од коефициенти на IQ кога доволно интелигентен човек треба да разбере дека има порок,а не привилегија да биде труен, самиот себе и останатото опкружување.
Има, има. Пошто кога на некој ќе му кажеш вака и вака, тој ти дава одговор "ама порок е", ми се темни. Не се работи за тоа дали е порок или не, се работи за се на куп што изверглавме на темата за цигаите наназад.

Ама ај, има друга тема за тоа.

Не е должен да ти овозможи пушална. Тоа останува негов избор.
Вака коа водиш инат...не е должен, аха, океј, затоа е диктатура, дискриминација...
 
Па тоа е фората, глави ќе летаат на сите страни, ко цистерна со кечап да се дупнала ќе биде некој да уништи таков бизнис во целост.

Ама нели, ете, ако им е до здравјето на граѓаните...решението е тоа. А не дали на некој ќе му забранат да пуши во изолирана просторија, каде нема да штети на други.

Да де, ќе бидат скапи. Во превод, ќе се намали потрошувачката бидејќи секој нема да може да си ги дозволи, но штом рипа цена, ќе се слеваат повеќе пари во касата на државата. И волкот сит (тутунската индустрија), и овците на број (буцетот нема да биде оштетен). Само обичниот човек ебан.

Ќе се намали некој незначителен процент. Останатите ќе пушат, ама ко во илегала ебате. Во прогон.

Има, има. Пошто кога на некој ќе му кажеш вака и вака, тој ти дава одговор "ама порок е", ми се темни. Не се работи за тоа дали е порок или не, се работи за се на куп што изверглавме на темата за цигаите наназад.

Ама ај, има друга тема за тоа.

Вака коа водиш инат...не е должен, аха, океј, затоа е диктатура, дискриминација...

пониски се казните дрога да шмркаш отколку со цигара да те фатат:vozbud: матер му ебем во денешно време. свашта
 
Kaj mene ne kaznuvaat za narkomani shpricevi shto frlaat vo parkovi ama zatoa pak kje shtraknat nekoj so cigara na javno mesto.Bog da chuva i da brani
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom