проблемот е тука...
во земји кај шо бројот на цигарџиите е 10 или 13 посто, неможеш да се понашаш као кај нас каде што бројот на пушачите е 50 посто , и обратно.
Баш напротив, кај нас треба да биде поригорозно.
17,7 % од пушачите ( 40% официјално во МК) се деца меѓу 15-18 години.
Проблемот ни сами неможете да го дефинирате во неколку наврати, еве се трудам да расчистиме.
Претходо се сложивме дека не сте го ни погледнале законот, ниту што забранува.
Како второ се согласивме општо дека треба да се имплементираат одредени закони кои ни се наложени од ЕУ како услов за членство, во ред.
Па дојдовме до фактот дека кај нас казните се преголеми.
Ама исто така видовме дека малите казни не ги стимулираат прекршителите да внимаваат и да се придржуваат до законот.
Логички, ако ризикот ти е поголем, тогаш и ќе размислиш дали вреди да го прекршиш законот.
Кај нас само така може да делува нешто, ќе платиш со пари кои немаш или ќе вршиш општо корисна должност.
И апсурдно ми е да се делиме на пушачи и непушачи, па што ќе правеле пушачите, како ќе преживееле кафе без цигара, леле ќе се скратело уживањето. А досега никој не се заинтересирал за непушачите, мене ми смета кога некој ми чури при јадење, ми смета кога гледам пикавци по улици, кога од едно обично кафе се враќам и смрдам на дим од цигари.
Ама, не сум сакал да се двојам од луѓето кои ми се драги поради тоа што се пушачи.
И време беше да се поработи на зависноста од цигари во Македонија.
И не, неможе да се затворат тутунските комбинати, од многу практични причини, работниците кои работат таму и оние кои одгледуваат тутун.
Целта е да се намали процентот на пушачи.