Сум пушач и мислам дека е претеризам ова...
Ако сакам да се трујам, треба да ми дозволат.
И да, она што е моја лична слобода не смее да биде на штета на другите. За таа цел треба да има одредени места за пушачи или уште подобро цели кафичи пушачки и непушачки кафичи - па да видиме кај ќе има поќе луѓе -. Понатаму, треба да се дозволи на сопственикот на објектот да одлучи дали ќе се дозволи пушење во неговите простории, одтаму државата можи да одлучува за во министерствата,општините и другите објекти од јавна сопственост - забраната да се пуши во приватни објекти е директен атак врз приватната сопственост и личните слободи, поради фактот што секоја индивидуа има ИЗБОР дали да посети некој објект од приватна сопственост.
Ако се оди дотаму да се тврди дека пушењето предизвикува поглобално загадување, има многу аргументи против тоа.
-Ако е тој принципот, зошто да не забраниме возила ?
-Зошто да не забраниме греење воопшто ?
-Зошто да не забраниме секакви фабрики ?
Очигледно дека не е тој приципот, за заштита од поглобално загадување, туку одредени зеленковци (ДОМ) пробуваат да протуркаат идеи под бајракот на општо добро.
Уште еден аргумент против пушењето е што предизвикува општествен трошок. Поточно, со тоа што јас пушам си наштетувам на сопственото здравје, се разболувам, и "му правам трошок на државата" - што апсолутно не држи вода поради фактот што јас си го плаќам здраственото осигурување, тоа што не ми бараат екстра надоместок како пушач е резултат на тоа што здраственото осигуривање е државно, неспособно, старо, комунистичко и неквалитетно. Ако има приватно здраствено осигурување - во смисла, државното да не задожително -, сигурен сум дека господата што ќе ми ја прават полисата ќе земат во предвид дека сум пушач и одтаму носам повеќе ризици.
Во Македонија во последно време личните слободи се многу повредени!