Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
да да има ефект и тоа мноооогу кила. :icon_lol:

ама ако не смениш начин на исхрана после неа или ако немаш барем еден ден овошен или воден неделно, се враќаат килограмите.
 
Дајте некоја диеата шо за 2-3 месеци кине 20тина кила.
 
Дајте некоја диеата шо за 2-3 месеци кине 20тина кила.


Обединети нации

Диетата трае 90 дена а се ослабнува од 18 до 25 килограми.
Доколку сакате помалку да ослабнете ќе ја прекинете порано диетата.
Диетата секогаш започнува со протеински ден, па следи скробен ден,
јагленохидратен ден, овошен ден и повторно протеински.
Редоследот не смее да се менува
Доручек - сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје.

1 ден – Протеински ден
Ручек-месо, варено или печено (3 парчиња-ресторанска порција 250гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини. Супа но без резанци.
Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината.
Вечера-истото од ручекот, но без супата.
Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо.

2 ден – Скробен ден
Ручек-грав, грашок, спанаќ, компир. Треба да биде варена и единствено зачинета со сол, вегета, кечап или варен домат. Едно парче леб и салата.
Вечера исто како ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите.

3 ден – Јагленохидратен ден
Ручек-варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли.
Вечера-две парчиња торта, или три-четири колачиња, или пак четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење.

4ден – Овошен ден
Ручек и вечера само мешано овошје, колку што сакате.

После циклусот од 7x4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи воден ден. Се пие само вода евентуално може да додате и чај но без шеќер.
После овошниот и водениот ден се продолжува со протеинскиот ден.
Кафе и чај може да пиете но без шеќер.
Соковите сведете ги на минимум. Се што е наведено треба да се јаде бидејки има своја улога во организмот.
Овошјето е задолжително да се јаде наутро бидејки најбрзо ке му даде енергија на организмот.
Чоколадата го штити организмот од можни алергии.
Количините на храната се поголеми од вообичаено, а намирниците подесени
за нашите услови и поднебје.
Мора да бидете доследни и упорни.
Може да се случи првите 10 дена да не дојде до намалување на килограмите,
но потоа нагло ќе изгубите 3-4 килограми.
После 90 дена диета уште толку за доручек се јаде само овошје, додека со ручекот и
вечерата се враќате по стариот начин на исхрана. Во тој период треба да изгубите уште 3 килограми што е показател на промената на метаболизмот. Доколку не сте задоволни од постигнатата тежина истата диета може да ја повторите, но после 3 месеци.

виа некој друг форум каде што ја имам читано
 
Епа даде на овошен ден неможам нон стоп да јадам овошје. Не дека неможам туку дека не смеам. Исо стандарди на работа нешто оно ово... Значи едно јаболко сабајле па после на пауза во 11 часот уште едно максимум две јаболка, и после 17.00 кога ќе се вратам од работа сум без никаква енергија и тогаш ме фаќаат кризите. Неможе да бидам до 17.00 само на 3 јаболка. А да, не ти спомнав дека не смеам да конзумирам ни чај ни кафе ни вода на работа, тоа смеам само додека имам пауза во 11, тогаш што попрво, чајот, кафето, јаболките .... Ако има кафе или чај ќе се издржи до 17.00.
Туку ај да не кукам многу, во четврток ми е овошен ден, па тогаш ќе му ја мислам.
А суво овошје смее, она од Виталиа?
Диетава е максимало идиотска и нема поента да го измачуваш организмот со јадење само еден вид храна секој ден. Најздрав начин на слабеење е постепено намалување на телесна тежина од 2-4 кг месечно со редуцирање на калориите за 500-1000 со задржување на најнормален начин на исхрана и согласен внес на јаглехидрати протеини и масти. А ова диетиве овошен ден ??? Тоа се фактички јаглехидрати по цел ден. Колку само организмот трпи кога не му давате протеини да го обновува имуниот систем и масти за да функционора нормално хормонскиот баланс само тој знае. Јас незнам од кои списанија ги вадите диетиве што ги пишува, и така секој ден некоја нова измислуваат, а 99% од нив завршуваат со повторно враќање на истата килажа и евентуално навлекекување на некоја настинка, бактерија, ослабен имунитет плус што постојано се чуствувате како партали без енергија.
 
Обединети нации

Чоколадата го штити организмот од можни алергии.
Името на диетава "Обединети нации" е погрешно протолкувано, доаѓа од UNdiet демек дека не е диета, па некој си го има протолкувано како UN-United Nations. Небитно, ама ете fun facts :)
Туку, мене многу ме интересира како чоколадата го штити организмот од алергии?
Прв пат вакво нешто читам.
Инаку, се сложувам целосно со sajSiGa, овие типови на диети се нездрави и го измачуваат организмот. Повеќе се губи мускулна маса и вода отколку сало.
Најздрави диети се околу 1200-1600 калории дневно, со избалансирани оброци кои ги содржат сите состојки кои му се потребни на организмот.
 
Името на диетава "Обединети нации" е погрешно протолкувано, доаѓа од UNdiet демек дека не е диета, па некој си го има протолкувано како UN-United Nations. Небитно, ама ете fun facts :)
Туку, мене многу ме интересира како чоколадата го штити организмот од алергии?
Прв пат вакво нешто читам.
Инаку, се сложувам целосно со sajSiGa, овие типови на диети се нездрави и го измачуваат организмот. Повеќе се губи мускулна маса и вода отколку сало.
Најздрави диети се околу 1200-1600 калории дневно, со избалансирани оброци кои ги содржат сите состојки кои му се потребни на организмот.

така ја прочитав, така ја ископирав. Како и да се вика не е тип на диета што би ја држела. Познавам жени после породување и доење што ја држеле и има ефект со гаранција.
Диета за мене е две кришки леб со путер и јајце за појадок,
ручек стандард шоидае (по можност само месо и салата или само компир/грав/леќа/ориз + салата) и вечерата на непријателот. Салата или овошје за вечера само ми го раскопува желудникот и ги буди волците мои. Па вијат цела вечер. За ужина и 5 оброци тешко кој има време ако работи под камери фул тајм :icon_lol:
 
Еве ја диетата од Devilish Angel,па на кој му треба нека си ја има.



ДИЕТА ЗА 15 ДЕНА(од болница-Кардиологија) ГАРАНЦИЈА 100%

Доручекот е ист во текот на 15 дена,а се состои од 1 овошје (портокал,круша,праска,диња,лубеница,не смее банана и грозје) двопек,шоља кафе или чај без шеќер.

1 ден

Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко

Вечера

2 домати или 2 дл.варени домати
2 варени јајца
1/2 главица зелена салата или краставица
2 двопек

2ден

Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко

Вечера

125 гр.варено телешко месо
1 домат
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер


3 ден

Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
1 главица зелена салата или краставица

Вечера

125 гр.варено телешко месо
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер

4 ден

Ручек

125 гр.кравјо сирење
1 домат
1 двопек

Вечера

125 гр. варено телешко месо
2 домати
1 јаболко
1 двопек

5 ден

Ручек

200гр.варено месо или риба
1 домат
1 двопек

Вечера
1/2 кг.варен зеленчук(морков,грашок,компир)
1 варено јајце
1 двопек


НАПОМЕНА:Месото и варениот зеленчуксе зачинуваат со вегета,6 и 7 ден се без диета.За време на диетата не се пие алкохол.
После 5 ден се губат 2,5 до 5 кг,а по два дена се повторува 3 пати по 5 дена и за 15 дена се губат без последици по здравјето 15 кг.,и нема да се вратат во колку по диетата јадете нормално освен секој понеделник:
Доручек: 1 чаша сок од лимон без шеќер
Ручек : 1 јаболко,1 двопек
Вечера : 1 варено јајце,1 домат,1 двопек

Наведените намирници може да се земаат топли или ладни но важно е да се земаат по наведениот редослед и да не изостави ниту еден,ако не се земаат по редослед или се промени некоја намирница нема да се постигне саканиот ефект.
може ли портокалов да се замени со јаболка затоа што во ова време од годината на пазарите баш и не се убави портокалите?
 
Еве неколку корисни совети
Старотo правило: Одречете се од јаглехидрати
Диетите со помалку јаглехидрати беа популарни кога беше промовирана Аткинсовата диета, но утврдено е дека ваков режим тешко се одржува. Се покажало дека лицата кои по малку внесуваат јаглехидрати, за ист период слабеат по пет килограми повеќе од оние што воопшто не внесуваат јаглехидрати.
Ново правило: Умерена исхрана
Се препорачува дневно да се внесуваат почесто помали количини житарки. Од Центарот за тежина и нарушувања во исхраната во Пенсилванија, посочуваат дека така се обезбедува дополнителна енергија.

Старо правило: Избегнувајте жолчки од јајце
Според британска студија, испитаниците кои 12 седмици јаделе по две јајца дневно, ослабеле исто колку и испитаниците што воопшто не јаделе јајца. Процентот на холестерол во јајцето е незначителен, во однос на се она што се наоѓа во местото.
Ново правило: Не ги исклучувајте корисните состојки
Жолчките содржат протеини, калциум и железо, затоа треба да се консумираат умерено. Треба да се намали со месните производи.

Старо правило: Јадете цел ден по малку
Изминатите децении многу луѓе на диета веруваа дека ако цел ден по малце грицкаат нешто, ќе им се намали апетитот. Но, нова канадска студија покажа дека нема разлика во изгубената тежина меѓу жени кои цел ден јаделе по малку и оние што немале таква навика.
Ново правило: Распоредете ги оброците како ви одговара
Јадете кога сакате, но важно е да имате увид во калориите и нутритивната вредност на храната што ја внесувате.

Старо правило: Без закуски навечер
Ако човек сака да ослаби, најважно е да внимава што јаде, а не кога јаде. Консумирање здрава храна во 22 часот не треба да остави последици по линијата.
Ново правило: Внимавајте на калориите, не на часовникот
Јадете кога ќе почувствувате глад и внимавајте храната да биде свежа и здрава. Не треба да чекате да бидете „мртви“ гладни кога ќе седнете на маса, зошто обично така се јаде повеќе од потребното.

Старо правило: Кажете им збогум на слатките
Научниците од St. George’s University во Лондон докажаа дека кога човек потполно ќе се одрече од еден вид намирници, слатки или теста, само ја потиснува желбата за нив и кога - тогаш не ќе може да одолее на се она од што се лишил за време на диетата.
Ново правило: Уживајте во слатки повремено
Јадете што сакате, ама помали порции.
извор
 
Колку е само просто да се ослабне тоа чудна работа колку сложена ја направија медиумите.. Ако целта ви е да го симнете салото намалете на калориите и придржете се на тоа.. читајте која храна колку има и крај.. нема потреба од гладување и 1 ден ваков 1 ден вода 3 ден трева да се пасе.. : )
 
Колку е само просто да се ослабне тоа чудна работа колку сложена ја направија медиумите.. Ако целта ви е да го симнете салото намалете на калориите и придржете се на тоа.. читајте која храна колку има и крај.. нема потреба од гладување и 1 ден ваков 1 ден вода 3 ден трева да се пасе.. : )

Е ајде де .. ама не мора да биде комплицирано и еден оброк дабиде една јабука и една шоља кафе ..
 
Е ајде де .. ама не мора да биде комплицирано и еден оброк дабиде една јабука и една шоља кафе ..

Кафето од Бразил да биде : )
се смеам..
1 ден боровинки
1 ден манго
1 ден крушки

абе што да ти кажам Жан митрев партал ги напраи 2.000 денари преглед и слична ваква диета ..
 
Кафето од Бразил да биде : )
се смеам..
1 ден боровинки
1 ден манго
1 ден крушки

абе што да ти кажам Жан митрев партал ги напраи 2.000 денари преглед и слична ваква диета ..

Знаеш од мрза се нафаќат на овие диети .. никао да сфатат дека со умерени кардио вежби , ем го зајакнуват организамот , ем добиват кондиција , ем се филтрират психички , ем слабеат .. ама пуста мрза ..
 
Не разбирам како некој сака да ослаби само со диета а без да се запоти :) ...им се чудам на сите а посебно на оние кои се оптепаа од давање пари по козметичките салони за кои тврдам дека ниедна од методите како кавитација,мезотерапија и други слични, немаат никаков ефект...или го имаат краткотрајно...значи умерена исхрана и физичка активност мора да дадат резултат...(y)....исто така сум против сите погоре набројани ригорозни диети...
 
Не разбирам како некој сака да ослаби само со диета а без да се запоти :) ...им се чудам на сите а посебно на оние кои се оптепаа од давање пари по козметичките салони за кои тврдам дека ниедна од методите како кавитација,мезотерапија и други слични, немаат никаков ефект...или го имаат краткотрајно...значи умерена исхрана и физичка активност мора да дадат резултат...(y)....исто така сум против сите погоре набројани ригорозни диети...
Не се баш сите ригорозни.
Доколку се почитува БАШ ТАКА како што ти е напишано, има ефект. Успат нема контра ефекти како на пример ослабување на крвта, замор, глад и сл.
Јас моментално држам диета. Се заснова САМО на овошје, зеленчук и вода. Во текот на денот скоро цело време сум прејаден да речам, а успат намалувам од килажата :)

П.С. Имам дури и вишок на енегрија :D
 
3-4 кила месечно е здраво слабеење повеќе од тоа е голема промена за организмот.Тоа треба да е масти а за да согориш 1 кг маст = 7000 kcal или 1000 калории намалување на диетата + вежбање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom