Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
OD 115 KG NA 87 KG ZA 3 MESECI ako sakate da doznaete kako pisete i ke vi kazam
 
Ваши предлози и сугестии за диети, не само за слабеење туку и за
чистење на организмот од отровите кои секојдневно ги внесуваме, но, предност за слабеење.

Инаку, јас кога престанав да тренирам карате, почнав билдинг, кашив во мускулатура бајаги, но кога и тоа го баталив, се ми отиде во стомакот. бев како некој слон.
Решив да се стегнам и почнав со диета. Симнав 14 кг, за 16 дена, а потоа уште 6 со склекови и стомачни, како и планинарење и ролери возење.

Диетата е онаа со зелката:

главица зелка
две пиперки,
6 кромида,
целер,
6 лупени патлиџани
сето тоа сварено (може и зачини)
тоа се прави како чорба и се консумира барем еднаш дневно, а може колку ви душа сака.

Но,
1 ден - овошје, само да не е гроозје и банани
2 ден, свеж зеленчук, само не мешункаст
3 ден микс од ден 1 и 2
4 ден до 1 литар млеко и до 8 банани
5 ден до 250 грама телешко печено без сол/зачини
6 ден до 1 кг телешко печено без сол/зачини, патлиџани до 3
7 ден интегрален ориз и зелен зеленчук

сето тоа е без зачини, леб и лебни нутриенти
од пијалак, кафе без шеќер, чај без шеќер, вода

Ако се ослабне повеќе од 5.5 кг за 7 дена, се прави пауза од два дена, ако не тогаш од 1 ден.
Алкохол се консумира 24 часа по прекин на диетата.

Кој може, бујрум. Се чисти организмот, се топи само сало и масни наслаги, се подобрува крвоток и притисок. режим на срцевата работа.
Диетава е од Sacred heart болниците за предебели пациенти кои треба да имаат тежок хируршки зафат. Нагло ги слабеат.


Сакам да ја пробам и јас диетава, значи од чорбава колку сакам секој ден и во меѓувреме од овие наведените...? :)
 
не е у ред 5 дена да не стаиш леб у уста и после дупло да вратиш..секогаш е така..организмот бара резерви ако го оставиш да гладува:nenene: мораш да вежбаш и башка за диети знам дека од Жан Митрев помага..другар ми ослабна 15kg за 2-3 месеци..

Ај кажи ја таа диетата на Жан Митрев, само да не е онаа со за поручек 2 чаши топла вода....:tapp:
 
И јас симнав над 25 кг. за два месеци и тоа претежно со трчање и здрава храна. Пишав погоре и пак ќе пишам дека важна е волјата и желбата и се ќе се успее.
 
Овие справиве за стомачни што се, помагаат во смалување на салото?
 
Ај кажи ја таа диетата на Жан Митрев, само да не е онаа со за поручек 2 чаши топла вода....:tapp:

не ти требаат такви диети, немаат некој ефект.
Дур не запнеш гзот да фатиш да јадеш здраво и да вежбаш ко луд нема шанси да ослабеш

И јас симнав над 25 кг. за два месеци и тоа претежно со трчање и здрава храна. Пишав погоре и пак ќе пишам дека важна е волјата и желбата и се ќе се успее.

Браво, јас симнав 15 за месец и нешто, ама толку ми требаше, сега уште да стегнам стомаков и таман ке биде. :)
 
Ај кажи ја таа диетата на Жан Митрев, само да не е онаа со за поручек 2 чаши топла вода....:tapp:
Погадна диета од таа немам држено .. додуша не дека држам некои си диети,ама за таа се договоривме појќе другарки со таа диета..
Ми се згади уште првиот ден. Се сеќавам за поручек требаше да изејш цело кисело млеко, за ручек нешто житарици па убавезно да пијаш после секое јадење многу вода.
Не дека ќе има некои резултати од диета, треба само да се внимава на исхрана, ќе си намалиш со јадење леб, да си јадиш повеќе салати наместо хамбургери и тостови..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom