Ја држам моментално УН диетата и навистина е многу ефикасна, не ми треба којзнае колку да ослабам, ама пред 6 месеци си качив едно добри 6-7 кила и сега сум ставена на режим од диетава иако и пред тоа нешто самата изведував со нејадење благо, леб и грицки т.е фаст фуд.
Од лебот сум скроз одкажана уште оддамна, значи не го конзумирам воопшто(сум му го заборавила вкусот

), некогаш јадев двопек како за замена, ама сега ни тоа не јадам, благото го исфрлив едно време, а сега од благо јадам само мед, мармалад, плазма и гранули на виталија и тие едни велнес колачиња од бамби заради потребите од диетата зошто според неа дозовлено е благо во 3тиот ден да се јаде т.е во јаглехидратниот. (Чоколади, торти, колачи висококалорични и други благи чуда со шлагови и кремови не јадам воопшто.)
Добро ми оди, зошто ја имам држено и пред неколку години и тогаш исто ми даде многу добри резултати иако тогаш имав многу повеќе за симнување.

Ја сакам диетава пред се зошто е здрав начинна исхрана повеќе, него што е класична диета како друигите што ветуваат слабеење на пример 5 кила за една недела.
Е кај оваа не е така, се држи 91 ден и слабеењето оди бавно, но видливо и кога ќе ослабеш ако после тоа правиш се како што треба(продолжуваш со здраво хранење) нема да ги вратиш изгубените килограми.
Денеска ми е овошен ден, а имам супер енергија, освен овошје и по некој зеленечук не внесувам ништо, па се издржува, сакам да кажам дека диетава те одвикнува од храна, те учи како е да се биде дисциплиниран кога е во прашање храна. Самиот организам се навикнува и не ти бара храна.... Сум држела и воден ден, цел ден на вода и се издржува и тој, мада не е препорачлив, но пак ќе го држам кога ќе му дојде ред, заради прочистување.
И така, утре ми е протеински што ми е еден од омилените денови.
Значи многу битно е да не се мешаат продуктите и што си јадел за ручек тоа мора и да го вечераш во половина порција, ако си јадел месо од 200 г за ручек, за вечера треба да изедеш 100 гр, освен во јаглехидратен ден, кога за ручек јадеш тесто, тестенини, а за вечера нешто благо и во овошниот ден неограничено овошје.

Ја препорачувам на сите кои сакаат да имаат здрав начин на исхрана и да ги симнат кг-те.
Едно време вежбав, па поради обврски престанав(што не ми е некој изговор), па сега планирам пак да почнам со вежби, па процесот на слабеење со физичката активност ќе го забрзам и така.