- Член од
- 27 август 2012
- Мислења
- 1.024
- Поени од реакции
- 2.539
Браво за ова чоколадцето и за тоа што треба пред се да се ужива во животот А не да се измачува......Е сега кога ке се претера во уживањето со храна тогаш ни доага памет дека треба малку контрола али не тотална рестрикција ! Јас пак обожавам овошје и зеленчук поубаво се осеќам ...некако не сум малаксана како после обемен ручек кој 5 сата ми треба да се опоравам и препијам вода..Така да со тек на време правиш комбинација на задоволство(што сакаш и уживаш да јадеш) и здрава храна....Не треба да се трпи и измачува премногу за убавина и изглед, а за здравје МОРА!Понекогаш едно чоколатце го прави човек многу посреќен отколку бројката на вагата.
Диетава е детокс план и навистина има ефекти, другарка моја ја држеше некое време и ослабе некое килце. Дали го има јо-јо ефектот не знам, но за брзо симнување на некој килограм е добра. Сигурно нема да намалиш 10кг за две недели ама околу 5 сигурно. + е што нема да се чувствуваш омалаксано па нема да ти биде тешко да ја држиш. Ајде кога ќе завршиш пиши што резултат си добила
Не ја ицполнив диетата Јадев чоколадца и сирења во салати али сепак се мерев вчера имам 1 килце симнато - успех..Мада мене не ми треба незнам колку али ете имам филм во глава како сакам да изгледам па сакам да симнамуште 4 бар...
Сум ја правела 2 пати детокс-диетата и многу ме болеше глава искрено, ми тежеше ми беше мачно ..По 3 дена стварно се губи апетит и не помислуваш на храна али после е тешко со главоболки и несоници..Па затоа ми е страв да ја почнам сериозно А имам читано за неа да е пред се здраво бар еднаш или 2 пати во годината да се прочисти организмот.......На крај краева тоа го има и во нашиот пост православен.....Слична диета(пост) на некој начин 2 пати годишно за големите празници