Ова е мојот коментар од пред 1 година за 2013 та ми се оствари прогнозата. И за 2014та прогнозирам ниски камати или пад. На ова ниво приходите од дивиденди се повисоки од камати. Така беше во 2013та за 2014та ќе биде исто. Јас сум веќе 1 и нешто година повеќе во дивидендни акции од штедни влогови.
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 19:00 ---
Истава тема коментар бр 474 од 18 дек. 2012.
Стеф, ама заборави да кажеш што порасна овој период? Освен што пораснаа егото и контата на клептократијата наша (од локалните шерифи па до врвот на централната власт) како и контата на нивните послушници и мегафони .... и од друга страна порасна сиромаштијата, ете избројаа во меѓувреме дури третина од популацијата, живее со помалку од едно Евро дневно!.... Во вакви услови многу лесно е да се предвиди:
и пад на каматите на штедните влогови (лани беа 5-6% годинава колку едвај 4-5%.....)
и пад на индексот на берзата (лани истиот период беше 1900 денес е 1700 (пад од 10%) што корист од дивиденда од 5-6-7%!?
и пад на уделите на разноразните инвестициски фондови....
и пад на условите за работа на бизнисот.
Ова последното нели познато е дека и тоа како делува на висината на каматите.... и само улав може да помисли дека високиот пласман (во некои списанија) ‘‘за отварање бизнис‘‘....Улава работа е само тоа како услов за добра бизнис клима да се смета те да се мисли дека тоа како услов може да биде пред сите оние многу побитни економски категории кои ние ги немаме. Една од побитните е секако куповната моќ на граѓаните, како тогаш може бизнисот ‘‘да работи‘‘ кога 33% живеат со 1 Евро на ден!?
И ако е така, тогаш кој ќе отвара фирми и за кого? Секако неможеме сите да извезуваме! Кој ќе зема кредити за стартање, за развој, за обртни ср..... Или кај широката потрошувачка, кој ќе купува од оние 33% ЛЦД/ЛЕД-ови, бела техника и тн и т.... само во таков случај ќе има побарувачка за кредити, ќе пораснат каматите сходно на побарувачката.... ќе пораснат каматите на штедните влогови!