Прво, пренагласување на улогата на феминизмот за нателитетот. Тоа движење не е толкаво големо и не е фактор за намалување на наталитетот. И не е нивна цел жената да не раѓа, туку да биде равноправна. Тоа што поедини членки се лезбејки и мрзат мажи е индивидуално и не треба да се генеразлизира. Имам и ќерка и син и не гледам проблем да имаат исти права. Ако мислиш дека жената треба да остане дома да готви, чисти и да го служи мажот, тогаш имаме лоша вест, тоа време нема и не може да се врати. Мажот мора да се адаптира.
Второ, што значи терминот либерализам? многу е згодно да се користи како виновник за се и сешто. Што се крие зад тоа движење, кои се неговите карактеристики, на кој либерализам се мисли, оној после 2 св војна, или оној од 19 век или неолибераилзмот кој го промовираа Блер, Клинтон и сл. Да не се мисли можеби на големото раслојување во општествата во светот каде мал број милијардери екстремно се богата на сметка на останатите, што се случува денес?
Трето, омраза велиш против белио маж? Дали треба ова да се коментира? Кој овде има испран мозок? Некои жени ги мрзат мажите, ОК, но тоа да се нарекува идеологија?
Никако да се земе во предвид дека наталитетот СЕКАДЕ ВО СВЕТОТ опаѓа, кај некого порано кај некого подоцно. Јас самиот не сакам повеќе од 2 деца.
И на крајот една илустрација. Во тек се годишнини на матури, се собра и мојата генерација. Сите сме остварене како родители, повеќето имаме две деца, во два случаји едно дете, еден чека трето со втората жена. Единствено не чини што скоро половина не се во Македонија.
Тоа е нашиот основен проблем.
Би сакал оваа тема да остане како и досега, надвор од културните војни, и да се изнесуваат разумни и стручни мислења и податоци.
Феминизмот не е главниот виновник за демографската слика како во Македонија, така во Европа и во северна Америка, како и во остатокот од светот.
Статистиките говорат дека токму во развиените и богатите општества стапките на наталитет опаѓаат - ете ги примерите со Европа и северна Америка, а некој поназад ги спомна и нафтените теократски општества во кои исто така има опаѓање на наталитетот.
Кога индивидуалецот/индивидуалката ужива секакви благодети кои му/и` го олеснуваат животот, а кои пред 100 (СТОТИНА) години биле секојдневно патешествие - на пример одење до локалниот извор по вода и нејзино носење до домот - се создава чувство дека вака му/и` е најдобро и дека не мора да се замара со иднината, а особено не со формирање на семејство.
Во Африка од друга страна просечната возраст е помеѓу 22 и 25 години, за разлика од населението во Европа и северна Америка, а и Азија може да се додаде - Јапонија, Јужна Кореја, Кина, па дури и блискиот исток - кое старее со секоја помината година. Еве Јужна Кореја на пример е светска индустриска сила, една од водечките светски економии - од поодамна не е во првите 10, но сепак е во првата половина од вторите 10 најголеми светски економии, и сепак останува меѓу првите 5 најголеми економии во Азија - но токму нејзиниот главен град Сеул е град со највисока стапка на самоубиства во целиот свет.
Останува да чекаме да поминат наредните 30 (ТРИЕСЕТ) до 50 (ПЕДЕСЕТ) години во понатамошно метастазирање на демографската криза, па како што ќе изумрат едни генерации кои израснале во една култура/идеологија ќе бидат заменети со други генерации кои израснале во друга култура/идеологија, стапката на наталитет или ќе стагнира или ќе порасне, што повторно е сосема нормална работа, и кај животните има исклучоци кои не бараат партнер(ка) за размножување, а ние луѓето кои навидум имаме интелект кој животните го немаат, во пракса колку повеќе имаме толку повеќе покажуваме и докажуваме на дело дека не сме нешто многу подобри и поинакви од животните. За почеток животните ловат за да се прехранат, а ние одиме до продавница за да го купиме тоа што ни треба за да се прехраниме и тоа го земаме здраво за готово бидејќи сме уверени дека тоа ни следува за парите кои сме ги дале, а кои сме ги заработиле чесно и достоинствено, тотално игнорирајќи или во случајот со поновите и помладите генерации без воопшто да знаат како таа храна пристигнала до продавницата, за на крајот да стигне до трпезата.
Феминизмот, исто како и секое културолошко или идеолошко движење кое со тек на време добива на сила и поддршка кај јавноста, откако ќе го достигне својот врв има само еден понатамошен правец: надолу.
И секое културолошко/идеолошко движење откако ќе го достигне својот врв, секако дека ќе се обидува да изнајде свој начин како да го спречи сопственото умирање, бидејќи кога луѓето ќе го прифатат со тек на време станува застарена идеја слично како аудио и видео касетите и грамофонските плочи - ма да овие последниве се вратија од поодамна на голема врата, особено со пЛандемијата на корона вирусот.
Феминизмот го достигна својот врв во 1980-те години со борбата за еднакви можности за вработување и еднакви плати со мажите и од тогаш оди во надолен правец бидејќи феминист(к)ите едноставно не знаат што понатаму да им понудат како идеја на своите следбеници/следбенички за понатамошно одржување на нивното културолошко/идеолошко движење во живот.
Настрана фактот дека повеќето феминистки себеси се гледаат како бизнисменки и канцелариски работнички, а не како водоинсталатерки/електричарки или било кои други типови на теренски работници, што говори дека не се баш навистина заинтересирани за еднакви можности за вработување, туку за поудобна работна позиција која не бара многу физички активности.
Денес велат нејќам тава, сакам права, утре ќе велат нејќам штрафцигер, чекан или клешти, сакам права.
Иронијата кај феминистките е тоа што жените со повисоки плати работат во компании во кои сопствениците и/или директорите/раководителите се мажи, додека токму во компаниите во кои сопствениците и/или директорите/раководителите се жени, шансите за напредување и повисоки плати им се помали. Е па најголем душман на било која жена е било која друга жена, но феминист(к)ите ја држат таа вистина убаво скриена под тепихот.