Дарлинг и ацеко све ќе најдат за изговор само да не раѓаат 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Апсолутно точно, дали сега е полесно да се гледа дете во споредба со што се сметало основен трошок рецимо во 80ти? Да. Но со тоа што се смета за основен трошок сега тешко. Да дадам пример, сега основен трошок е одмор (за некои и 2), скап телефон, нова кола, и почнува трошоците за потенцијално дете да идат во заден план. Како што кажа Владе, Нигерија ги нема тие слатки маки, а јбг и жените не можат толку да извољеваат онде, затоа наталитет фучи.Парите се исти, вашите задоволства се преголеми. Вашите родители не трошеле еден куп пари за облека, телефони, одмори, кафани, кафиња. Затоа и можеле повеќе деца да издржат.
Со социјалните мрежи се појави нов феномен на комплекс каде што секој се натпреварува да го има најдоброто, најскапото гледајќи ги другите. Во тоа се губат парите, во натпревар меѓу нас кој што постигнал и што има.
Социјалните мрежи исто донесоа феномен каде што жените се тие што веќе бираат, не мажите.
Пред тоа многу знаеле кој каков капацитет има, каков карактер и какви финансии, им требало време да откријат. А за да го откријат требало машкото да и пријде и да помине време со него. Веќе кога ќе помине време со тој, може и да заглави за цел живот со него.
Сега со отварање на интернет може многу лесно да дознае. И нормално ќе се стреми на најдобрите, а на другите нема да им даде шанса. Така тие ќе бираат до 30ти кога ќе им дојде биолошкиот часовник и тогаш ќе почнат да ги намалуваат стандардите се повеќе и повеќе. Ама веќе на тие години шансите за деца се помали. И да родиш едно после 30ти, ќе немаш време за второ, трето.
Нефер играш, нит провоцираа дамите, ниту ги тагна за да дадеш шанса да видат/вратат.Дарлинг и ацеко све ќе најдат за изговор само да не раѓаат![]()
Ова апсолутно не е точно, освен ако твоите не биле транзициони лопови. Тогаш да, можностите во 90ти биле неограничени. За останатите било корка леб. Пола населба беше без работа.
Не е точно ни во Македонија, а не па земји како Финска, Норвешка или дури источните - Полска, Чешка. Жителите на овие земји објективно ги имаат најдобрите услови во светот, и драстично подобри услови од нивните родители, баби и дедовци.
Фактот дека средната класа има многу повеќе можности сега е причината што немаат деца. Затоа и секоја статистика поврзана со економија е обратна од тоа што го зборите - подобра економија = помалце деца. Порано децата биле најголемото задоволство. Сега имаш милион можности да си го трошиш времето.