"Дечко ми"/"Девојка ми" или неговото/нејзиното име?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување
Како што гледам скоро сите кажуваат име, или дечко ми / девојка ми кога сака да потенцира.
Ме интересира друга работа за машките:
Дали праите разлика меѓу "девојка ми" и "женска ми". Јас никогаш не сум го кажал ова второто пошто се осеќам мн глупо ко да се фалам ко ќе речам така, не знам како да објаснам...нешто ко "фраерине" ко ке речат: Со цурата, со малата, или највулгарното со Пи***та...мн селски звучи мислам...па да ве шујам како дополнение на оваа тема
не го употребуваме во битола зборот девојка!
ко ке речиш женска е скроз нормално...
а тие пимп- овите :pos: тие се посебна категорија! :pos2:
 
многу ми е глупо кога ќе кажам дечко ми, ко да сакам да потенцирам. А може е зошто ретко кога и морам да кажам кој е , сите знаат кој е и што е кога ќе го спомнам. Само мајка ми вика дечко и на Кате кога сака да се фали:pos2:
 
Секојпат го викам на име во друштво,никогаш не ми се случило да речам дечко ми.Некој што не го знае нема ни потреба да прави со мене муабет за него :)
 
Скоро секогаш го кажувам името и додавам дечко ми, оти тој и најдобриот ми другар се со исто име така да коа кажувам нешто каде сум била и оние што ми се најблиски може да не сфатат со кого всушност сум била ако го кажам само името. А кога сум со некои не баш блиски го кажувам името па ако некој праша кој е ќе кажам
 
Секогаш го викам на име.Глупаво ми е на секое дечко ми дечко ми ко да се фалиш ми изгледат.Чоекот си има име и така го викам.Ако некој не знае за кој се работи тогаш после името ќе кажам дечко ми инаку глупаво ми изгледа...:kesa:
 
епа ја додека бев у врска си ја викав по ник нејм дебели
многу сум романтичен иначе:smir:
 
Aко е некој што ја познава ќе ја речам по име, ако ја спомињам на некој шо не ја познава ондак девојка ми :)
 
па зависи од ситуацијата..некогаш кога зборам за него го кажувам по име(најчесто кога го познаваат), а некогаш дечко ми иако како што кажа некој погоре кога ќе кажам "дечко ми" некако глупо м извучи, ко да се фалам или така нешто посебно ако зборам со некои луѓе кои што се сингл..не знам, се зависи од ситуацијата:toe:

мислам не дека не е за фалење, ама тоа е веќе друга приказна:pipi:
 
Само првата буква. Еx: Бев таму и таму со Б.
Навика.
 
Имам некоја навика сите луѓе да ги викам по цело име. Значи ретко користам надимаци, ептен ретко. Ептен официјално се обраќам, уште малце ко Раскољников на сите со презиме и име ќе ги довикувам. :icon_lol:

Taка да, за сие користам цело име. Без надимаци најмалку акроними, синоними или ватеврними :)
 
секогаш различно си ја викам....некогаш со друштво викам "бев со мојана",некогаш "со женската" а повеќе го користам нејзиното име....
 
Не сум приметила да го викам “дечко ми„...мислам дека постојано го користам неговото име, всушност оние со кои зборувам за него го знаат и нормално, му го знаат името..:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom