"Дечко ми"/"Девојка ми" или неговото/нејзиното име?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување
Никој. И во телефон запишана како Никој.
Кој те бара? Никој бе :D
 
хаха зависи бе обично пред други личности ја кажувам по име.. ако ја запознавам со некој или некоја кажувам девојка ми.. а инаку кога сме сами сонце монце срце злато воа ноа... а коа ке ме изнервира има добри имиња... слон (иако е потекна и од игла) гуска, паметњакович и др.. :)
 
Па секако дека ако го познаваат нема што да го тупам `дечко ми` ко демек прв пат слушаат. Со поблиските - по име и лигави надимаци. Оние кои не го познаваат - `дечко ми`.
 
името а ако некој праша кој е тоа следи објаснување:smir:
 
За тие што го знаат - по име, за тие што не го знаат се снаоѓам во моментот како ќе го наречам зашто ми е мнооогу глупаво да речам "дечко ми". Ептен ми звучи како фалење, демек "иимам дечко танананана :ouje: " (без навреда:smir:)
 
За тие што го знаат - по име, за тие што не го знаат се снаоѓам во моментот како ќе го наречам зашто ми е мнооогу глупаво да речам "дечко ми". Ептен ми звучи како фалење, демек "иимам дечко танананана :ouje: " (без навреда:smir:)

Тоа ти е као, “толку сум ружна, ама иам дечко“ - муабет. :icon_lol:
У право си, боље со име да идеме, плус дечко/девојка не е сопственост за да може да се додаде “ми“ на крај. :)
 
Јас преферирам, маж, зет, татко на моите деца..
хаха
 
По име :) убо му е името :back:... или пак по некогаш торко го викам ...
 
Тоа "дечко ми, дечко ми, дечко ми" ме иритира. Како само јас на светов да имам дечко делува.

Му дале име, така и ќе го викам во јавност. Нема причина за дополнителни лигавења во јавност. Дури и меѓу нас, такво лигавење не би дошло во предвид.

Тоа што до сега статистички гледано освен еден сите исто се викале, не е битно. Најбитно е, обраќање по име.
 
Глупости...Никогаш не би рекла дечко ми,нека се вика како сака ке го кажувам по неговото име па ако сака нека се вика Трпе,Ѕвонко,Рајко Петко.
Кога некој така збори"дечко ми"ме нервира тоа многу,што има врска дали ке го каже името или не:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom