Па добро гледав нешто од него клипчина ова она, настрана од рептили и вонземјани има логика во тоа што го зборува.
Е сега во моето скромно па и не баш толку многу скромно искуство во доста мистериозни и мистични работи за повеќето луѓе, секогаш прикаската завршува со вонземјани, ама буквално секогаш. И кога ќе дојде тема мистерија ова она повеќето овде се сериозни на таа тема, тоа е голема грешка затоа што сериозно гледајќи на тоа нема ништо да видат или научат.
В0 право е човекот кога вика дека треба човек сам на себе да си даде одмор, т.е. одвреме навреме да излези надвор од машината и да ги гледа работите од страна како набљудувач. Тоа не е оригинално негова идеја ниту пак моја, се знаело тоа во делови од човековата цивилизација со илјадници години. И во право е кога кажува дека денешната материјалистичка филозофија со петни жили се труди да ги искорени учењата кои живот значат за човекот. За успех се прикажува колку човек може да приграби себично за себе материјални добра и тоа нема крај, дај му ги сите галаксии во овај универзум за него и пак нема да биде задоволен. Ќе биде празен одвнатре. Погрешна е и спротивната филозофија човек да не поседува ништо донесена од заклучокот за себичното поседување на се, поседувањето или имањето не е лошо туку начинот на кој е прикажано тоа како успех. Човек ако види нешто тој тоа го има или поседува, не на мал себичен мизерен начин туку на голем гро план од целовитоста на нештата. Се што гледа се е тука заради него и не само заради него туку и за сите околу него, затоа што ако го заборави ова второво се јавува опсесивната желба за поседување односно имање на се за него а ништо за другите, односно што тој ќе им дозволи да го имаат, а со тоа дури мисли дека ги поседува и нив сметајќи ги само за материјален предмет во негова сопственост, а не за живи луѓе.......