Dark Souls

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување

Ова каде е?Undead Burg i quess?
Стигнав до taurus demon,еднаш:vozbud:Али кратко траеше.Ништо,сега ќе кревам левели,па ако треба и една недела ќе се врткам околу bonfire.Стигнав до 11,мислам дека сум преслаб за борба со овој,а башка досега ниедно појако оружје или штит не ми падна,уште сум со тие од почетокот на играта.
 
Колку е само неописливо јак филингот кога ќе го тепаш Таурус после 10 плус обиди.Секој нареден пат се поблиску до моментот да го докрајчиш и на крај пак те закопува со боздоганот и те враќа назад отпочеток пак да се бориш со хебените undeads кои не можеш да не ги почитуваш.Доколку малку ги потцениш и во нетрпение сакаш што побрзо пак да стигнеш до Таурус,тогаш и тие те враќаат отпочеток.Е тоа е фрустрација и екстаза измешани во едно,се наоѓаш на работ на нервите и се решаваш на деинсталација но си даваш себеси уште една шанса.И тогаш како за инает го гмечиш грдото копиле кое часипол те вадеше од кожа и правеше да се чувствуваш како импотентен старец во пентхаус.Тоа е концептот кој го пружа играта-no pain no gain и поради кој се чувствуваш како дете седнато пред нинтендо на кое му се потат дланките залепени за џоистик со тахикардија кога треба да се тепа со главниот.Ти пружа чувство на неизмерна сатисфакција и се осеќаш како да си го освоил светот и стануваш горд на себе.И така веројатно со секој главен,ќе треба да откриете тактика која ќе работи и која ќе ви донесе победа.

Единствена негативна страна е што ќе ви ги истенчи нервите па можеби ќе се најдете во искушение да ја деинсталирате.Немојте тоа да го правите,играва е врвна,дури и јас што многу малку РПГ имам изиграно и сум повеќе ориентиран кон пуцачини ќе кажам дека е срамота за ваква игра толку мала заинтересираност и само 5 страни на форумов.

П.С.Вот,го убив трговецот ненамерно и останав без стрели и без drake sword.Сега ќе треба вака да терам,не верувам дека е некој преголем хендикеп.
 
Тоа е тој филинг. :D Не те сретнал некој dark knight? :D Имаш прв еден десно, пред влегувањето во кулата која носи кај Таурусот.

Не е ништо страшно, јас само ти го дадов како предлог затоа што е 200 дмг у споредба со 80 до 100 обичните мечеви на почеток. Јас повеќе Halberd-от го користив.
Можеш да го земеш покасно, ќе се навраќаш пак назад, пример за Capra Demon-от. За стрели ќе купиш од некој следен.

Ама мразам да се дружам со јутуб.. Рациел, клучот за Depths падна од Capra, али кој клуч ми треба за бонфајрот во дубочините?
Полесно ми стои таму, нека ме чека Blightown.

Иначе, Havel ме измачи најмногу до сега.
 
али кој клуч ми треба за бонфајрот во дубочините?
Полесно ми стои таму, нека ме чека Blightown.

Master key. Мене тој досега четири пати ми ја отклучил. :)
Не знам кај е другиот, а сигурно сум го земал неколку пати без да приметам.
 
Ептен се заебани dark knights.До сега налетав на двајца,кај првиот што е пред кулата која води кај Таурус пробав неколку пати да го поминам зашто гледам некој item позади него,али не успеав и се откажав.

Сега се мачам со змејот и ме нервира што не му покажува енергија и колку damage му имам направено па немам претстава дали сум барем блиску да го поминам а го мавам во глава едно десетина пати со силниот удар со секира(90 damage) и пак ништо.Заебан е и не е репетитивен,цело време различни потези прави и на крај ме убива.

Очаен сум:(
 
Кој змеј? Тој на мостот? :O
Од тој да бегаш. Неподносливо тежок е и ако си 50+ lvl. Скоро секој sweep му е one-shot.
 
Кој змеј? Тој на мостот? :O
Од тој да бегаш. Неподносливо тежок е и ако си 50+ lvl. Скоро секој sweep му е one-shot.

Red_drake.jpg

Овој,ама само што го поминав.Дали е баг или не знам,ама кога се крева во воздух и блуе оган има едно место на мостот каде си безбеден.Го повтара тоа два-три пати,го маваш со јакиот удар и после трчаш и одиш надоле по скалите дур не се врати пак на почетна позиција.И така едно 20 пати,само малку и среќа е потребна да не те пеплоса,затоа мораш да бидеш брз и одма да одиш под мостот.Едно два саата на него потрошив,а и не знам како би избегал кога немаше друго место каде да одам морав покрај него.Мислиш да го претрчам мостот и да не се борам?

Не ми се верува дека го скинав мајкиниот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kако бе го скина? Лажеш!
Кој левл си? Сигурно едвај двоцифрен, штом ти требале два саати. Не бе, никој нема толку трпение, лажеш - сушиш. Јас овој истиов гад го игнорирав целосно, му вртев, му се враќав кога бев lvl 100 и го тепав.
Не дека не пробав на истиов начин на кој опиша. Му одев зелен, го тепав пола саат, умирав и баталив. Не вредат за толку мака тие 10 000. Никој нема толку трпение, па уште на прво играње.

Ако стварно си го скинал, да си нарачаш пити или Молдавка. Ти си еден храбар, упорен и голем човек.
 
:O

браво!

Нешто се дешава со тој змеј понатаму инаку, мене ми го снема кога се вратив многу касно наоружан.
 
:D
Ми требаа два и кусур саати,нека се вкупно три за да го поминам гадот и отприлика околу 30 пати враќање од почеток дур го совладам.Инаку последниот пат се тепавме околу пола саат и околу дваесетина пати повторување на процесот со мавање и враќање под мостот.Првин пробав со удари по главата ама така тешко ми одеше и брзо ме средуваше.Бев 26. левел(сега сум 30. и некаде на почетокот во замокот) и не ми текнува точно колку damage имав,некаде околу 140 heavy attack,опремен со 90 damage секира и без штит туку мавав дворачно.Верувај,да знаев дека можам да го одминам ќе го направев тоа,пробав неколку пати да го истрчам мостот ама ме стигаше и правеше пепел.Искрено,живци ми извади,на моменти за малку ќе летнеше тастатурата во монитор и ќе одеше uninstall.

Изгледа ми се посреќило штом вака добро сум поминал,а тек сеа имам мотивација за играва.Ама затоа,dark knight-от уште го немам како трофеј и ме прави парче.
 
Нешто се дешава со тој змеј понатаму инаку, мене ми го снема кога се вратив многу касно наоружан.

Ништо не се случува, си лета наоколу. Пробај мини го мостот неколку пати, седни на бонфајр, пак мини го, ќе те спржи.

Верувај,да знаев дека можам да го одминам ќе го направев тоа,пробав неколку пати да го истрчам мостот ама ме стигаше и правеше пепел.Искрено,живци ми извади,на моменти за малку ќе летнеше тастатурата во монитор и ќе одеше uninstall.

Аха, ти значи од зорт си го тепал. Си мислел дека мораш. :D
Не си знаел дека можеш галантно да го заобиколиш и да си продолжиш под мостот или да го намамиш да слета, па да спритнеш до бонфајр-от. Значи си го тепал од sheer ignorance and lack of common sense. Тоа е веќе друго и се граничи со нешто сосем трето, ама пак не ти одзема од комплиментот дека си упорен и храбар. Си, дефинитивно. :D
 
Веројатно јас сум жив доказ дека ignorance is bliss а во мојот случај тоа итекако се исплатеше.Остај сега,имај обѕир и не биди толку груб кон мојата неукост и lack of expirience,баш убаво ме пофали погоре:D
 
Like all weapons that have a Divine modifier, Skeleton enemies in The Catacombs will not reassemble when killed with it even if the Necromancers are still alive. :D
Со душата на Сиф се мислам, мада ги минав веќе.. инаку имам веќе еден 8+ штит па ќе изгледа Сиф таму ќе биде искористен, за Greatshield of Artorias.

И кажете некое интересно оружје за играње, не квалитетно, интересно. Оти играта е преголем инает, еве до 50ти левел си напраив ја 5+ Halberd, па raw, па уште 5+, за секој случај.
А да, одсекогаш сум сакал да го пробам копјето што се прави од душата на пеперутката. Вреди?
Зошто прашувам иначе во множина.. Рациел? :D
 
Не вреди. Lifehunt scythe ти е одговор и на барањето и на прашањето. Место да ја коваш тоа глупоста од пеперутката, убиј ја Priscilla и од нејзината го имаш овој неверојатно интересен halberd. Одличен хендикеп ти мава, кркаш ненормален bleeding damage со секој удар. Мораш да ги најдеш прстенот и штитот за да го намалиш тој bleeding damage и да ги користиш нив ексклузивно, на сметка на далеку подобри штитови и прстени. Мораш да изнакупиш од тоа тревките и да јадеш по една после секој бутнат потежок противник, за да не искрвариш во наредните пет секунди. Мораш после секој зададен удар да вртиш околу противникот или да се браниш за да не се самоповредиш, да не искрвариш и/или да не мора да јадеш од тревата.
Ете, бараше неквалитетно, а интересно оружје. Tи помогнав. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom