Јака „лажга„ уште ги држи
За која држава ти е моабетот???????????
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со најголем рејтинг во последната анкета
четврток, 11 септември 2008
Граѓаните најмногу му веруваат на Никола Груевски, на второ место е Али Ахмети, Бранко Црвенковски е трет, па Арбен Џафери, Мендух Тачи и Радмила Шекеринска
Институтот за демократија направил телефонска анкета за испитување на мислењата на граѓаните за политичките партии во Македонија, нивното мислење за лидерите на политичките партии, како и за неколку актуелни политички прашања.Во анкетата биле опфатени 1.112 испитаници. Од нив 526 се мажи, а 586 се жени, пишува во соопштението на Институтот за демократија.
На прашањето за која политичка партија би гласале на следните парламентарни избори, 28,1 отсто се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 9,7 отсто за СДСМ, 9 отсто за ДУИ, 2,7 отсто за ДПА, 12,6 се изјасниле дека нема да гласаат.
Граѓаните најмногу му веруваат на
Никола Груевски, за кој се изјаснале 32,1 отсто испитаници, 10,6 отсто гласале за
Али Ахмети, 9,5 отсто за
Бранко Црвенковски, 1,9 за
Арбен Џафери, 1,4 отсто за
Мендух Тачи, 0,3 отсто за
Радмила Шекеринска. 34,4 отсто се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден политичар а 6,9 дека не знаат или дека немаат одговор.
Осумдесет и осум проценти од анкетираните ја подржуваат мерката на владата за забрана на пушење во сите јавни места, 10,8 биле против, а 0,7 отсто немале одговор.
За новите казнени одредби кои се предложени во законот за јавна чистота и закон за отпад, 88,8 се изјасниле дека ги подржуваат, 7 отсто дека не ги подржуваат и 4,2 отсто не знаат.
Околу 78,2 проценти од граѓаните ги подржуваат мерките на владата за проширување на семејството со трето дете, а 12,9 отсто гласале негативно.
На прашањето дали го подржувате воведувањето на веронаука,
66,6 се изјасниле позитивно, 22,7 негативно, а 10,7 немале одговор.
На последното прашање од анкетата, дали го подржувате рамковниот договор, 50,8 отсто од испитаниците одговориле позитивно, а 25,9 негативно, а 23,4 заокружиле не знам.
Не е Вечер ,не е Сител :wink:
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=16351