Дали вие ја сакате зимата ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
мразм зима поради ова
eve-go-chuck-norris.gif


И згора на тоа зимата носи штета одколку корист освен исклучоци и треба по правило по природен закон лете да работи ,а зиме да одмара како мравките ,а ако пак сакаме лето на плажа на пливање и рибарење за тоа постои другата страна на светот и обратно бидејќи знаеме какво е чувство на еуфорија за зимско време празници ,мир, тишина и се друго .
 
И згора на тоа зимата носи штета одколку корист освен исклучоци и треба по правило по природен закон лете да работи ,а зиме да одмара како мравките ,а ако пак сакаме лето на плажа на пливање и рибарење за тоа постои другата страна на светот и обратно бидејќи знаеме какво е чувство на еуфорија за зимско време празници ,мир, тишина и се друго .

Пане, се гледа дека си домаќин човек. Нема збор.
 
Кој како сака нека го толкува ликот на Сунгерот Боб од цртанот, но јас како личност која стои за овој профил сум највеќе ПРОТИВ хомосексуалците..... ;)

Aбе не судам јас, секој со своето. (па макар и во шкаф) ;)

Него општо познат факт е дека Сунгерот Боб, е омилен цртан лик на хомосексуалната заедница. А на страна тоа, сунѓерот живее во местото „Бикини Задник„, најдобриот другар му е розова (машка) морска ѕвезда, со кој одвреме навреме се држат за раце и ја гледаат серијата „Авантурите на машките сирени и момчето школка„.

Прилично сомнителен избор за ник на форум, ако ме прашуваш мене. ;)
 
Kога бев мал ја сакав , сега не толку многу :D
 
Ни како дете не ја сакав, сега па ич. Како дете ја мразев поради тоа што неможев фудбал да играм надвор, не се собираа веќе децата жмурка да се играше, никој немаше по улиците и беше кочан и надвор, а и дома. Сега ја мразам поради големиот број на несреќи и неубави ситуации кои се случуваат зимата, не дека и во другите годишни времиња не се случуваат несреќи, далеку од тоа, ама некако зимата ја носи таа црнина на својата белина :(
 
Зима ме асоцира на прљаво Скопје....растопен прљав снег....лед и лизгаво насекаде...Мука ми е коа треба да идам некаде а све е замрзнато..Ми отежнува движење, неможам да дишам од што е ладно и ми мрзне лице..и најчесто сум преладена во зима баш поради ладно....Сакам лето и пролет кога е зелено се и топло.
Но единствено што сакам од зимата е празничната атмосфера околу Нова Година и Божиќ.....искачањата највеќе;)
 
Ја сакам онаа мека зима коган е е -385 Ц и можеш, иако е студено да пешачиш негде, по снег или мраз сеедно. Ритуалот со чајот е преценет, ама сепак да се спомне. Каминот дома и чајот, и мачката до мене и цигарите, и како да нејкеш зима после? И запотени автомобилски стакла на кои мораш а не смееш да црташ.. врела бања после која брзаш да се облечеш и се туткаш под тони јамболии.. Со душа чекам салам да застуди.
 
Топ е зима бе, шо...
Капут, дебела панталона, ракавици, капа, портокали, костени, бадник, руска салата, ајвар, подварок, сарми.

Башка и цурите ми се вруќи со тесни панталони од сомот (најчесто светло браон), некоја јакна од горе со крзнена капуљача и кожни чизми до коленки.
 
Ние со другарите ко будали истуравме шишиња вода и другиот ден на лизгалиште се лизгавме дур некој не паднеше :ROFLMAO:


Ова го збориш како да било пред 10 години, а ти имаш 12o_O
 
Супер е зима! скијање, гушкање под јорган и тоа не се потиш можеш слободно да се гушкаш, пиење греено винце, тркалање во снег дур праиш снешко, држење за раце (во џебот на љубовта), попусти, сауни и бањи, топло какао покрај камин, убавото чувство кога од надвор влегуваш во топла просторија (во лето од надвор во ладна просторија кога влагаш не е баш пријатно) и едно од најважните, кога ќе заврши супер ти е!

нормално...се ова пропаѓа ако си во сив ладен град без снег без можност за бар малку планина. Ама пак, гушкањето останува :D
 
aaa si ja sakam...ladnicko naoblecenka ubavo snegce praznici mm ubavina...uste pa koa imas nekoj do tebe da se gusnes da se stoplis top...e sea samo za vozenje e zaebeno ama ajde moze i peski po snegce :D
 
супер е зимата ако имаш добри чизми а не како мене уште у летни патки со дупка на ѓоно,,, јбг шала е за мене ама за некој не е,,, шо сакав да кажам дека зимата е добра да си некое пензионерче 20 илјади пензија сабајле да идеш да си купеш топло бурече и сиренце и весник под мишката
дома печката набоботеш дрва, мачоро ако неслуша за опашо преку џамо ако не нека преде до тебе... пуштеш ТВ спортка дадеш на вниците да ти уплатат 4-5 ливчиња... бабата направе јајца салатичка и ти стае ракиичкаа ух бе ебати живото а ШО СЕГА!?
КУЧА-ПОСАО 24/7 епа нема да ни е убава зимата сеа да имаш женска така и така ама и тоа да се немало :D

незнам шо да пишувам више кога и овоа нема да го прочитате ај поз
 
Сакам зима. Отсекогаш сум ја сакал. Причините имаат носталгичен произлез - зимски распуст, големи снегови, санкања, правење бункери (и тоа прилично добри: кофа со настеган снег=калап за снежна „цигла“, и со повеќе такви до едно задоволително снежно здание. Одбранбено. Па Нова година и Коледе. Посебно јака фора и голема радост беше кога на МТВ (а и немаше тогаш друга) ќе објавеа дека поради многуте заболени од грип, одењето на училиште се одложува за една седмица! Тоа значеше уште една недела кај дедо ми и баба ми, заедно со братучедите.
Задоволството, пак, од здогледувањето наутро на снегот што паѓал цела ноќ беше неискажливо.
Денес зимските задоволства не се толку спектакуларни. Посебно кога ќе ги видам сметките за струја. А и снегот не паѓа како порано ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom