Дали ви смета љубопитноста кај некои луѓе?

  • Креатор на темата Креатор на темата renate
  • Време на започнување Време на започнување
не да ми смета....таквите луѓе едноставно неможам да ги сварам...не си го виделе нивниот живот се интересираат за другите....а мразам коа некој ќе ме праша нешто на кое и самиот знае дека нема да добие одговор...ама од пуста љубопитност да се праша
 
и мене не ми смета љубопитноста кај други луѓе, едноставно такви се луѓето и сакаат се да знаат, а сеа колку ќе дознаат зависи од тоа колку ја сакам да дознаат...
 
Ех такви луѓе не да ми сметаат,не можам да ги смислам.
Знам два-тројца такви и во нивно присуство гледам да не кажам нешто доверливо.Едноставно што ти е гајле за животот на другиот,ти гледај си го твојот :smir:
 
Ептен!Ама таков ни е менталитетот,секој сака да си го брцне носот кај шо не треба.Дури и се лутат ако одбиеш да одговориш,демек не е културно...Па дури некои се лутат и ако не ги прашаш,па излегува дека не ти е гајле за нив...Свашта..
Ко што рече некој погоре:Живеј си го животот и остај ги другите да си го живеат нивниот...на раат
 
по природа сум љубопитна, но мн се обидувам да се контролирам и да не го пикам носот насекаде. но има луѓе кои незнаат од доста. и мн ми смета љубопитноста кај други луѓе особено кога мораш една иста работа да ја казуваш по 100 пати а мене не ми е дојдено до тоа тогаш.
 
..Кога веќе се збори за комшии,тоа ме нервира.Мразам тоа кога некој сака и обожава да го пика носот во туѓи животи,а не си го гледа својот.

Имам една на прв спрат,па кој и да пројде она знае што има во најлонот,каде бил и со кого бил.ЕДноставно се мора да праша и отсекогаш тоа ме нервирало.најтрагично и ќерката има исти карактер.:toe:

Инаку дома мора да прашуваат и таква радозналост ја сваќам.Еден вид на грижа е ама сепак мразам кога премногу некој ме прашува за работи кои не сакам а и нема да ги кажам.А и мојата радозналост е некогаш неподнослива.:pipi:
 
Па зависи за кои луѓе станува збор. Ако е некој што ми е близок, убаво би било да праша. Ако е некој што замара, не баш... :)
 
даааа бе ... тоа ми иде на живци особено ако е некој шо не ми значи толку и чепка ли чепка а на мене ми неугодно, не можам да го отерам у пм, па мора г`зечки да се вадам од таа глупа ситуација.
а и не ли ги е срам бре, па малку култура, не се све пита. и ја сакам да знам комшиката е 30 и зашо уште нема дечко, ама не можам. неугодно ми е :)
 
воопшто не ми смета , бидејќи и јас сум многу љубопитен. Едноставно таков сум, ако им смета на други па ич не се замарам:toe:
 
Љубопитноста е човечка особина, но многу луѓе претеруваат со таквата “опседнатост„. Некои го прават тоа за да не им е досадно, да имаат што да трачарат, но сепак не тоа не е нивна работа....
Ако некој е нападен и многу сака да знае, она што не го засега, нормално дека ќе ме изритира и изнервира.
 
Ми смета претерана радозналост.Страшно мн ме нервира коа некој со кој немаш ни 2 реда муабет направено почнува да те прашува за работи кои сакаш да ги зачуваш за себе,или па работи кои за него се стварно небитни.Не викам дека не сум ич љубопитна,ама љубопитна сум кон тие шо ми се поблиски и шо сметам дека не би им пречело ако ги прашам за одредена работа,без претерување секако.
 
Ме нервираат луѓе што не ме познаваат, а си го пикаат носот кај што не треба.
Со блиските нема љубопитност, едноставно, имам слобода да кажам.
Љубопитност е крајно дрска работа, некогаш:)
 
Не бе, не се замарам. Транспарентноста владее кај мене. Немора ни да прашуваат ако ги интересира нешто.
Но ако има нешто што стварно сакам да скријам а некој го поти пикајќи си носот кај што не треба, онака му велам: Извини, да ти дадам да го прошеташ?

:pipi:
 
многу ме нервира, особено некој коа сака да ми чита пораки или некоја таква слична ситница на пр. коа некој мора да знае кај идам, шо ке праам и сл.
 
Лубопитност мм..Ако сака некој да се интерсира некој настан во врска со мене.Ке му одговорам а тоа што си е приватно си е приватно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom