Дали ви смета љубопитноста кај некои луѓе?

  • Креатор на темата Креатор на темата renate
  • Време на започнување Време на започнување
Samo mi smeta radoznalosta kaj Baba i Majka mi,se sakat da znaat,ali ne e dozvoleno. :)
 
Па да ми смета.Сепак секој сака да си има своја приватност,а некои луѓе едноствано не го дозволуваат тоа.
 
На почетокот ми сметаше.. сега се навикнав(на охридски речено варошки чашитки :) )
Не ми се случило да излезат на врата и да ме прашаат каде одам.. единствено ако се разминеме по скали и постарите секогаш ќе ме прашаат нешо во стил : Каде вака дотерана и слично. Но, јас никогаш тоа не го сфаќам како радозналост, туку како онака разговор после добар ден или добро вечер..:pipi:
Иначе да имав такви соседи ко шо кажа ренате... аууу имаше да ми пукни филмот и да им речам да прекинат да ми се мешаат во животов.
 
Да,ми смета ептен радознали да се...Ај да е за наука,за книги,за знаење и ред други такви работи,убаво е..Ама не сакам кога некој ептен се меша во туѓи живот...
 
Абе све е ок додека е во рамките на нормалата. Но доколку радозналоста преминува во опсесија и доколку откако ќе одбиеш да ја дадеш бараната информација, луѓето почнат да измислуваат приказни тоа е веќе претерано.
Инаку и јас сум радзнал, не викам не, но сепак знам што треба да знам, а што не. :)
 
Зависи. Ако е онака со некоја мерка не, ама некој што сака да дознае по секоја цена или ако не го добие тоа што го сака измислува приказни тоа ме нервира и тоа многу.
 
Има радознали да. Сакаат се да знаат. Пример: Еј Шмекер...шмекна нешо денес, колку шмекна, која ја шмекаш сеа, каде беше со таа и таа шмекерица...
Но јас на овие радознали им го скратувам задоволството со тоа што ќе им речам. Sorry, but the Shmeker never tells!
 
Ако треба некому нешто да кажам ќе кажам, ако треба некој нешто да ми каже ќе ми каже.Значи ме нервираат радознали луѓе кои сакаат се да знаат, и дрско прашуваат тоа што ги интересира.На таквите и јас и одговарам со ист тон, кога ќе треба да знаат ќе им кажам.
 
ДА! И тоа многу! Ме нервират вакви луѓе. Па не мора се да се знае...
 
Дефинитивно ми смета.. Затоа и не зборувам премногу, зависи на кој, но секогаш се обидувам да не кажам повеќе од колку што мислам дека треба:vozbud::pipi:
 
Многу ми смета и тоа им го кажувам директно, некогаш дури и прегрубо ама кај што не им е местото нека не го пикаат носот и нека си ја гледаат својата работа!
 
Многу мразам радознали луѓе..особено коа од корист сакаат нешто да дознаат. Океј е да прашаш за нешто ама ако приметуваш дека неќат да ти кажат нема потреба да продолжуваш да прашуваш.Ако си требал да знаеш, ке си знаел.
 
ми пречи, ама само кај НЕКОИ....а тие се баш кои од такт ме вадат со нивната радозналост....ако треба под кожа ќе ти влезат за да извлечат максимум...
 
абе, не дека ми смета, ама ненормално многу се нервирам коа некој ќе се распрашува за мене, ама не ме прашува мене туку преку други се обидува да дознае.

има една особа, му отишла на мојот најболји другар од клас, и го прашала дали ја праам нешо со тој шо седам.а и тој ми е другар, се заебаваме цело време. после некое време се дешава слушам муабети, истата таа особа исто се распрашувала за мојата најбоље другарка од клас дали е скината.неам коментари.шо кур ги боли луѓево?! а и ок да е некој љубопитен, нека дое кај мене да ме праша тоа шо го интересира.а најтрагично од све тоа е шо сите горенаведени се од клас, па сите информации кружат. сварно неам коментари за таквите особи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom