Ѕвони телефонот.Иако сте до гуша со обврски,ги оставате,кревате слушалка и...повторно ТАА.Вашата so called најдобра другарка.Почнувате вообичаен муабет "Како си?Што правиш?" и знаете што е следно...
Таа повторно почнува за нејзините проблеми,како дечко и ја нервира,како се скарала со нејзините зашто не сакаат да и го зголемат џепарлакот и ред други работи...со еден збор,истото како секој пак кога ќе го слушнете нејзиното "Здраво" од другата страна на слушалката.
Дали,со оглед на тоа што се знаете од мали и ви е најдобра другарка решавате да премолчите и овој пат и да ја сослушате?Дали имате трпение и нерви да го слушате нејзиното жалење по мал милионити пат и да го толерирате нејзиното лигавење?
Или пак со убаво и кажувате дека претерува со нејзините проблеми,дека секогаш е само "јас,јас,јас" и дека е време да се стави крај на тоа малтретирање од нејзина страна?
Дали можете да кажете "НЕ"?