Дали сте спонтани?

Ич не сум спонтана. Некако подобро се чувствувам ако ми е се` испланирано, ако знам што треба да очекувам за да работам на тоа. Сакам се` да ми е подредено и полека да си ги средувам работите, не сакам изненадувања. Во спротивно, би ме фатила паника и така сметам дека ништо асално нема да направам. Кога ми се знаат нештата, можам правилно и сконцентрирано да ги завршувам.
За да бидам помирна знам дека ми е подобро што сум таква. И и да сакам, не можам да го променам тоа, башка што се покажало дека сум поопуштена доколку не сум спонтана.
 
Само со вистинските луѓе. Ретки се оние кои од мене можат да го извадат ѕверот. Додуша, во последно време тој и сам знае да заскита и навистина сум среќен заради тоа, но во принцип сакам да ги држам конците во свои раце.
242892589_9f0b1467e6.jpg
 
Па скоро цела недела ми е организирана.Може само да отидам негде така спонтано ако се работи за важна личност, иначе не.:smir:
 
Мислам дека поспонтано створење од мене немам сретнато во животот, иако понекогаш знам да испланирам некоја работа, ама како и по обичај кога планирам нешто никогаш не ми се одвива по план.
 
Мислам дека сум доста спонтана за повеќето работи и тоа го сметам како позитива.Обожавам спонтаност у извршување на одредени работи.Поинтересен е животот коа во него преовладува поголема доза на спонтаност:smir:
 
Спонтана...скроз. Не се замарам однапред да планирам, па на крај ништо да не излезе од тоа, аааа не! Си оставам да си течат работите, па се ќе си дојде на свое место.
Некако ми е премногу напорно да морам се да имам испланирано и демек да имам некаква контрола. Ма ајде...нема шанси.
 
Дали сте спонтани ко личности? Дали мора се да ви е испланирано или едноставно животот оставате да ви тече по сопствен тек?

Што мислите, што е подобро од овие две?

Дали спонтаноста е вродена особина, дали може некој што постојано планирал цел живот, да стане спонтан?



Да се биде спонтан според мене е најдобро. Затоа што обично работите кога си опуштен и спонтан полесно се остваруваат. Тоа не значи дека не треба да имаш план. Можеш да имаш меѓутоа да си направиш филмче детално за како да го оствариш според мене е тупо. Затоа што никогаш работите не излегуваат онака како што сме ги замислиле. Секогаш постојат под фактори од кои зависат. Е сега имаме луѓе кои дејствуваат по план и имаме луѓе кои импровизираат. Не можеш да оставиш да тече се по свој тек. Едноставно можеш да бидеш спонтан и кога планираш и кога импровизираш. Зашто одредени ситуации го бараат едното или другото.
 
Глупаво ми е да планирам било што. Секогаш може да излезе спротивно од планираното, па се јавува разочарување...yada yada. :icon_roll
Затоа секогаш оставам се да се одвива спонтано. Најубаво е непредвиденото, неочекуваното.
 
Ја уствари поштуем спонтаност во планови. Онака да испланираш нешо а спонтано да ти испадне боље. :)
Само најјакото од се е шо никоаш ми се нема десено, такада се сведуем на пропаднати планови и остварена спонтаност. :)
 
Животот е поинтересен ако е се е не испланирано и се тече онака како што не сме го замислувале.Но,секако не можеме да чекаме се да ни падне од небо.Планови за клучни работи во животот секогаш треба да имаме ако сакаме да постигнеме нешто од тој степен.Спонтаноста е повеќе за оние секојдневни работи,за односот со луѓето,за планирање на денот...и да ,тоа е вродено!Имам познаници кои цел ден го планираат и се им е исполнето ама некако не наоѓам забава и уживање во тоа!А и кога ќе подразмислам ,нема фајде и од планирањето на денот,понашањето и слично зошто никогаш не излага онака како што сме го замислувале.:pipi:
 
сум, не дека сакам али кога тибал господ мамата, па ретко кој план ти испаѓа ако не си спонтан и не знаеш да импровизираш си го јадел ко циган мрсул. : )
 
Во принцип секогаш си правам некои планчиња, али не секогаш излегуваат како што треба...поштувам спонтаност, и сакам спонтано да ми се одвива животот, до сега се што ми се има десено спонтано ми било најубаво...
 
Zavisi za sto nekoj raboti gi ostavam da se tegavat a nekoj mnogu gi forsiram odsekogas faksot sum go forsiral no zatoa drugi stvari sum zapostavuval za koj sega sum svesen :smir: takov su
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom