Болеста почна отприлика овај период (1995):
Анџело Перуци, Дел Пиеро, бившите и сегашни тренери - Антонио Конте, Дидие Дешамп, Чиро Ферара, после Владимир Југовиќ, Фабрицио Раванели, Зидан, Давидс, Џанлука Виали, Марк Јулијано, Морено Торичели, Анџело Ди Ливио, Џанлука Песото, Серџо Порини, Пјетро Вјерховуд, па после Ален Бокшиќ, Никола Аморузо, Алезио Такинарди, Кристијан Виери, Инзаги

...
и не е сменето.Веројатно испадна така дека на МТВ имаше Серија А тој период, а оваа комбинација ми беше интересна.Ама пак за нешто подобра од Удинезе/Сиена/Гркотизан итн.
После ми одеа на нерви со најгрдиот дрес (одма после Барби ланската сезона):
Во оваа опрема беше поразот од финалето 1997 од Борусија (со Стефан Шапуиза, Штефан Ројтер, Матијас Замер, Ридле, Пауло Соуза) - на Олимпискиот стадион во Минхен, а тренер на Дортмунд - Отмар Хицфелд

Интересно, баш тој период ми донесоа дрес од Дортмунд на поклон и го дадов на некого.
И не сменав ‘екипа‘ иако дете, пак остана некаква чудна приврзаност и не се смена.Факт е дека дел од ѕвездите на клубот не беа доволно испочитувани од разни управи, а и мислам дека нема да излезат такви луѓе во догледен период.Се надевам дека ќе ми е грешка муабетов.
А да, ме носел стариот по стадиони, тогаш Охрид мислам беше уште прва лига ама појќе гледав карате него фудбал.Јбг, ова ми останало поголемо сеќавање од било шо од домашни утакмици.