Сите понекогаш сме биле на каков таков начин искористувани од страна на некого, некогаш сме знаеле дека не` користат и сме преќутувале, зошто, ни самите не сме знаеле. Некогаш па незнајно не искористил некој, во некои ситуации сме дознале дека сме биле искористени, во некои ситуации не.
Работата е да се трудиме што помалку да бидеме искористувани и да си оформиме своја личност, карактер и да се постави некоја граница до која би оделе работите во врска со личностите кои ни се вмешуваат во секојдневниот живот.
Денес како што гледам има многу личности кои се искористувани од страна на другите, но она што ми е мене малку чудно е што го знаат тоа дека се искористувани и продолжуваат да изигруваат некаков вид на бекап, иако знаат дека служат за корист. Дали им одговараа таа улога? Најверојатно да, штом продолжуваат да го прават тоа.