Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.856
Па ако ми е близок другар, најверојатно би имала простор да испитам од страна, дали и тој ги има истите чувства кон мене. Доколку е така, а сме слободни и двајцата, или ќе изнудам ситуација да ми признае или ќе му признаам јас, сеедно. Но, ако забележам дека не ме гледа како повеќе од другарка, или ако има девојка или па јас дечко, дефинитивно никогаш ништо не би направила ... не сакам такви ризици при кои е очигледно дека ќе бидам повредена и ќе изгубам. Подобро ќе го имам како другар и со тек на време ќе си ја заборавам заљубеноста во него, отколку да ми се налути, да раскине со девојката или јас со дечкото.
А да, сум имала и јас ситуации кога другари после долго дружење ми кажале дека ме сакаат (или па може општо им се правел ќеифот, неможам да знам), и кои многу изгубиле во мои очи. Не дека не ми е важно како се чувствувале, туку дека сите се погодиле да напињаат само со таков муабет откако еднаш се отвориле. Бедно е тоа ... еднаш да се каже во ред е, но ако си одбиен, што другар си да го игнорираш тоа и да продолжиш со удварања? Ама добро ... подобро нека си кажуваат, отколку да ми се прават другари, а зад грб да се палат на мене.