Дали сте атеисти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте атеист?

  • Да

    Гласови: 77 36,7%
  • Не

    Гласови: 133 63,3%

  • Вкупно гласачи
    210
Статус
Затворена за нови мислења.
Викторгг напиша:
Не бе, ДБГ е во право. Атеист би станала ако помислиш зошто си верник и зошто би била атеист. А такво размислување во никој случај не е релаксирачко. Плус после тоа цело време ќе ти биде криво како на верниците све им е рамно пошто Господ ги чува тебе како неверник не, и ќе се убиеш од малтретирање како да најдеш свој Господ. Па ќе станеш сатанист, ќе слушаш Хард Метал, ќе тресеш со главата пред бина преку шипка и следниот ден ќе те боли многу глава. Ќе пиеш апчиња, ќе си го расипеш желудник и ќе заглаиш у државна. Таму ќе се изнервираш дека треба да чекаш три месеци за операција па ќе искинеш нерви. Ќе почнеш со дијазепам и тромадоли, ама ќе ти стане слабо па ќе преминеш на трава шо е уште послабо, па од трава на спид и на игла. Ќе сакаш да прекинеш па уште поише ќе те боли глава и на крај ќе се овердозираш. Зошто, затоа шо си мислела дека атеизмот е релаксирачки. Седи уживај, биди си верник... :wink:
:pos: :pos:
Отсега ќе земам ќе си се молам 2 пати-пред спиење и после спиење,не сакам ваква судбина јок бре.Тоа сестрите во државна наместо инфузија,инекција за џигерот ќе ти пуштат...каде ми е мантијата?
 
Викторгг напиша:
Не бе, ДБГ е во право. Атеист би станала ако помислиш зошто си верник и зошто би била атеист. А такво размислување во никој случај не е релаксирачко. Плус после тоа цело време ќе ти биде криво како на верниците све им е рамно пошто Господ ги чува а тебе како неверник не, и ќе се убиеш од малтретирање како да најдеш свој Господ. Па ќе станеш сатанист, ќе слушаш Хард Метал, ќе тресеш со главата пред бина преку шипка и следниот ден ќе те боли многу глава. Ќе пиеш апчиња, ќе си го расипеш желудникот и ќе заглаиш у државна. Таму ќе се изнервираш дека треба да чекаш три месеци за операција па ќе искинеш нерви. Ќе почнеш со дијазепам и тромадоли, ама ќе ти стане слабо па ќе преминеш на трава шо е уште послабо, па од трава на спид и на игла. Ќе сакаш да прекинеш па уште поише ќе те боли глава и на крај ќе се овердозираш. Зошто, затоа шо си мислела дека атеизмот е релаксирачки. Седи уживај, биди си верник... :wink:

....не, тоа е еден живописен случај кога воопшто би размислувала кому и каде и зошто и како и на кој начин и преку кои фази да верувам.
Мм всушност пак не, тоа е случај кога би чекала, очајувала и очекувала атеизмот да ме релаксира!
А јас во последно време едноставно верувам.... ;)
Јеп, релаксирачки ми е :).
 
Атеист сум. Не верувам во нешто што не го гледам. А до сега не сум видел ништо позитивно на светов.
 
"мислата" во разни општества се развивала на различен начин и токму поради тоа никнале повекје вери...
е сега секој човек верува во нешто,а атеист е човек што не верува во ништо - а јас цврсто верувам во себе и баш поради тоа не се сметам ни за атеист.А несакам да бидам припадник ни на една вера затоа што во сите вери има многу и многу грешки и лоши филозофиии... затоа викам дека се сметам за безверник...
 
а лугјето што се обиделе да направат некоја нова вера која ке доминира над сите вери,биле оневозможени од страна на другите вери затоа што секоја нова мала почетна вера се смета за секта...а 90%од лугјето се прости зборот секта за нив е како старв од дух(а 90% од лугјето мислат дека духот е бел чаршав)....
 
DBG напиша:
"мислата" во разни општества се развивала на различен начин и токму поради тоа никнале повекје вери...
е сега секој човек верува во нешто,а атеист е човек што не верува во ништо - а јас цврсто верувам во себе и баш поради тоа не се сметам ни за атеист.А несакам да бидам припадник ни на една вера затоа што во сите вери има многу и многу грешки и лоши филозофиии... затоа викам дека се сметам за безверник...
Малку( уствари многу) погрешно си го разбрал поимот атеист и атеизам. Не е атеист оној кој не верува во ништо, туку некој што не верува во божество, божества и други натприродни сили. Атеисти се и рационалистите, хуманистите, натуралистите и др.
А тоа дека ептен цврсто веруваш во себе, не значи дека не си атеист. Таквите као тебе може да се стават у редот на его анархисти(и тие се атеисти), или па ако си решен дека си толку посебен и дека не ти е местото у ниедна група, онда може да си се крстиш само-децептивен егоцентрик или сл.( и пак ќе бидеш атеист, колку и да нејќеш).
Иначе според твојава скроз погрешна дефиниција на атеизмот, ако атеист е некој што не верува во ништо, онда логично е да се заклучи дека тоа е некој без вера, односно безверник.
Ипак нишо страшно, човек учи додека е жив(мада некој ништо не научува)
 
da, атеист сум.не верувам у такви господ ствари и слични на него божества.
 
Ама ајде Ви се молам, каков атеист? Па јас целосно верувам дека во човекот се сите анѓели и ѓаволи кои некогаш постоеле, целото зло и сета добрина, се во нас, луѓето. Верувам дека секој од нас мора да го пронајде својот пат кон спознавање на доброто и злото и да одлучи на што ќе му служи. Ако одлучи да му служи на Доброто, тогаш тој мора да создаде принципи за тоа, своја стратегија и да избере методи (преку филантропската наука). Ако го избере злото за свој господар, тогаш спротивната страна има право да го елиминира. Всушност, се во светот е борба меѓу доброто и злото во човекот. Надвор од човекот, тешко дека ќе има нешто на што можеме да се ослониме. Значи, атеист, не сум! Верувам дека Бог (и ѓаволот) е во секој човек. Ако не верувате, погледнете околу себе. Сигурно некоја злоба од човек ќе ви го потврди тоа.
 
Бог е во секој човек?Ѓавол е во секој човек?
Ојт навалете,претворам вода во вино,а пеколот е стриптиз бар...Злобата од човек ти е карактер,не можеш да речеш дека ѓаволот навлегол во некој,чисти хорор филмови.Или пак некој е светец,не фала,не чекам да ми наместат спомен-плоча по окапувањето на моите коски,(секоја чест,Мајка Тереза.)Оти правиш добро па со добро ќе ти се врати,сигурно.Изопаченоста ќе те направи да изгубиш вера во се.
 
мислам дека на The Real Highlander и тоа му беше поентата. Ѓаволот е во секој човек (ѓавол=злоба).
 
Razorblade Kiss напиша:
Бог е во секој човек?Ѓавол е во секој човек?
Ојт навалете,претворам вода во вино,а пеколот е стриптиз бар...

Значи, колку не се разбираме, тоа чудо некое!
Кој тоа претворал вода во вино? Исус? А да не мислиш и дека Крали Марко летал со коњот, како што велат епските песни (само да потсетам дека Библијата ја сметам за прекрасен еп, во која покрај другото, можат да се најдат и добри поуки за животот).

Каде е пеколот? Тој е тука, на Земјата, исто како и Рајот. Треба само да одлучиме што ќе создаваме. После смртта, драга моја Razorblade Kiss, тешко дека ќе живееме некој живот. Живееме сега и тука. Нема ни вчера, нема ни утре. Пепел во пепел, прав во прав, тоа и поповите го знаат. Единствено можеме да мислиме на овие две работи, за првото без можност да измениме нешто, за второто- со целосна слобода да ја креираме.
 
и што е тогаш смислата на постоењето на сево ова Highlander? да се уништи сосем? да се распадне? пошто материјата не е вечна нели?
тешко дека Рајот и Пеколот се тука на Земјата...од кај да знаеме какви се па да споредуваме?имаме само некои индиции ама дека некој баш тука живее во Рај не би рекла
 
Колку од овие 70 што гласале дека се атеисти, беа пред црква за Велигден...?
 
пред црква за Велигден можеше да се види...металци во транс со флаши пиво до нив и со по 5-6 цигари (ама какви?!) во уста, шишиња испиено вино испогазени јајца,гужва пред сендвичари, помки кои продаваат свеќа гарант везе немаат ни од Велигден ни од Исус, луге искочиле ко да ке чекаат Нова година...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom