Дали секогаш прифаќате одење на состанок?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ruzmarin
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не ми се свиѓа не прифаќам.
Ете, искрено и реално. Наместо: не ми се свиѓа, дури ми е и грд, ама ај ќе излезам да видам дали евентуално има внатрешна убавина. Yeah, right.
 
Ете, искрено и реално. Наместо: не ми се свиѓа, дури ми е и грд, ама ај ќе излезам да видам дали евентуално има внатрешна убавина. Yeah, right.

Што знам, може кај некој успева тоа ама кај мене не. Ако не си ми симпатичен од прва (тоа не значи дека мора да си убав, секој има различен вкус), ама ако не си ми симпатичен од прва тогаш нема ни од трета да си ми, џабе да излагам.
 
Ете, искрено и реално. Наместо: не ми се свиѓа, дури ми е и грд, ама ај ќе излезам да видам дали евентуално има внатрешна убавина. Yeah, right.

А чекај малце, зашто секогаш кога ви се поклопува мислењето со некој друг одма викате: Еве, искрено и реално? Демек тоа другото не е искрено и реално? Секој прави како сака во животот, не може да тврдите дека само тоа со кое вие се согласувате дека е реално и искрено.
 
зашто се склопува мал сојуз против спротивномисленикот ;)
у однос на темата ....
иди бе братче ако ништо друго сигурно има добра другарка и крај на краиштата ако ти не јадеш од медот тогаш може некој твој другар :P
 
Ама не е само тоа, ете може и ништо нема да се случи, ама може да произлезе и пријателство на крај, зашто да не? Можеби на состанокот ете нема да има хемија, може ставовите, идеите, размислувањата да не дојдат до заедничка точка, но тоа не значи дека нема можност за склопување на убаво познанство...
 
го знам тоа добро и сум бил на неколку такви состаноци, особено со една што беше малце поупорна али секад на фин начин избегавав да направам нешто со нејзе без да ја понижам итн и еве денес кога и да се сретнеме негде у град ги спојуваме друштвата најчесто
 
А чекај малце, зашто секогаш кога ви се поклопува мислењето со некој друг одма викате: Еве, искрено и реално? Демек тоа другото не е искрено и реално? Секој прави како сака во животот, не може да тврдите дека само тоа со кое вие се согласувате дека е реално и искрено.
Добро, можеби требаше да кажам: според мене, еве искрено и реално. Не дека другото не е искрено и реално, ама според некои мои верувања, а и верувања на луѓе кои ме опкружуваат мислам дека е чудно некој да излезе на состанок со човек кој не му е барем малку физички привлечен.
 
Не би излегол на класичен состанок од причина да не ја повредам личноста со тоа што ќе и дадам лажна надеж дека може да има нешто. Да пообјаснам на што мислам ми се случи пред некое време еден другар да ми кажи дека ме бендисала некоја негова колешка која јас не ја познавам и ме праша дали сум расположен за да договори некоја вечера во ресторан. Јас се согласив да излезам онака на едно кафе само да се запознаеме, па за вечери колај работа понатаму. Да ја скратам приказната за запознавањето која траеше некое време, се случи тоа да другаров ми ја препорача на фејсбук девојкава и таму да сум и пишел да се договориме за дејт од причина што била срамежлива итн, итн.
Како и да е нормално прво што направив пред да и пишам порака јас влегов во сликите на фејсбук и девојкава не ми се допадна физички воопшто, секако дека не ја банирав од пшријатели но никогаш не и пишав порака за да излезиме на состанок.
Да сум ја запознаел во живо или пак виртуелно и онака нешто сме расприкажале секако дека немам проблем да седнам на пријателско кафе, но кога некој има единствени очекувања за да влезе во врска тогаш не би излегол.
 
хмм.....најчесто не, ако дечкото не ми е привлечен од прва, нема шанси да ми се допадне потоа. Така да во таква ситуација не би прифатила состанок кога знам дека е осуден на пропаст бидејќи ако излезам дечкото ќе добие лажна надеж а јас сум 100% сигурна дека нема да биде ништо од тоа.
Но доклоку дечкото ми е симпатичен онака барем малку ме привлекува или пак ми е пријатно во негово друштво (не мора одма врска да сакам да почнувам со него, едноставно ми годи неговото внимание) би излегла
 
колку што можам да приметам од постовите сите освен крејзи ако не ви е привлечен не би излегле.
додека по другине теми бамбурите како изгледот е небитен, како вие цените други работи итн али па небило баш така :D
 
со убава искачам на состанок, и само убави канам, а со грда, само ако она ме покани, и тоа само ако проценам дека ќе ми дае за брзо време, 1-2 состанок, па ја лажам дека ми се свиѓа :)
 
Темава е само за жени, пошо девојка да те покани на кафе, нема теорија.
Хипотетички гледано на два ума сум, зависи од ситуација. На пијано секако не одбивам, зашо коа сум пијан сите ги сакам:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom