Не, не се однесувам со секој партнер исто. Нормално не сум ни апсолутно поинаква секој пат(немам multiple personality disorder, па патолошки да менувам каракер и однесување), но дефинитивно барем делумно сум различна. Прво секој партнер буди поинаква страна од мојата личност. Со некој ни биле заеднички едни нешта, па на истите сум се фокусирала, додека со друг сосема други нешта биле "столб" во врската. А тука е и фактот дека од секоја бивша врска, барем мислам дека учам некои лекции околу тоа каде грешам, и во наредната се трудам да го променам тоа, што значи дека поинаку постапувам. На пример, посесивноста ми беше голем проблем..Но полека учам да ја контролирам, така да поинаку се однесувам од минатите врски.
И се разбира, секој од нас се менува како индивидуа, барем делумно со текот на времето. Ни се менуваат ставовите, целите, желбите и сл., а тоа неизбежно се одразува и во врските.