Дали премолчувањето е лажење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Во најголемиот случај, ако премолчиш нешто, што требало да биде кажано, лага Е. Ако на некој познаник не му го раскажеш целиот живот во 10 минути и премолчиш нешто НЕ е лага. Ама сепак сметам дека најчесто премолчувањето Е лажење. Особено ако премолчуваш работи на партнер или поблиски луѓе.
 
Пред некој ден на форумов прочитав едно мислење што идеше отприлика вака:



Според вас дали премолчувањето или не кажување нешто припаѓа во лажење и неискреност или премолчувањето сепак не може да биде лажење, затоа што сепак не кажуваш ништо погрешно?

Вие? Премолчувате ли кога нешто не ви одговара, искрени сте или сепак смислувате некоја лага?

И кога некој ќе ви премолчи нешто, а дознаете, лути сте како да ви кажал некоја лага или не го сметате тоа за ништо страшно?



Мислам дека премолчувањето е лично оружје и дека може да се користи кога сакаме да си зачуваме нешто за себе,сепак треба да си останеме верни на себе и да не ги издаваме слабостите и грешките ако можат да останат во нас и ако можеме да издржиме да ги држиме во себе како терет,бидејќи секогаш кога ќе скријам работа што ме мачи (зошто обично таквите ги премолчувам) ја носам како терет и морам да ја кажам на некого за да не мислам само на неа,да се испразнам.

Премолчувам со добра причина,а по природа сум таква да кажувам се што ме мачи и ми смета и играм со отворени карти,искрена сум дури и премногу некогаш но така повеќе се ценам себеси и повеќе ме ценат најдрагите личности!

Се што е поврзано со мене а ми е премолчено треба да има добра причина за тоа бидејќи,тоа што не им го правам на другите нејќам да ми го прават ни мене.Ако е ситница,не се лутам...Ако тоа би променило нешто кај мене,пак не се лутам само помнам зошто таквите личности што ми преќутуваат неможат да ја имаат мојата целосна доверба!:pipi:
 
Премолчувањето е подлост, барем од аспект на тоа како е поставена темава. Секако, има многу вистини кои е подобро да не бидат кажани, но тие не се премолчани, туку одмолчани. Значи, ако сум за нешто кое го знам прашана од блиска личност, или ако некоја вистина го/ја засега и него/неа, а јас си молчам и свиркам, тоа е не лага, туку подлост, а подлите постапки болат повеќе од некои лаги. На крај, кога вистината ќе излезе на бело видело, и ако си премолчувал и ако си лажел резултатот ќе биде ист-изгубена доверба.
 
Ако ве прашаат а си ќутите е лага.. а ако пример (ќе даам дебилен пример) сум праел тест у школо и дома сум дошол и не ме прашал никој ондак не е лага...
 
Зависи од ситуацијата, можам да премолчувам работи кои што ме засегаат мене, не мора се да им кажам на другите, тоа не е лажење. Ако се работи за блиска личност и нешто што се однесува на неа, не премолчувам.....нормално секогаш има исклучоци.
 
Според мене на исто ниво се со лагата.И кај едниот случај не ја кажуваш вистината ни кај другиот.
 
Не е.
Кога премолчуваш, не кажуваш ништо.Кога лажеш...лажеш :)
 
Премолчувењето повеќе ми делува како негативен одговор, кога прашуваш нешто ако некој ти премолчи значи НЕ , а не ми изгледа како лага ...:toe:
 
Зависи од ситуацијата и тежината на тоа што треба да се премолчи, но сепак според мене премолчувањето не е лажење, бидејќи понекогаш може и да заврши работа:)
 
Луѓето некогаш заслужуваат повеќе од вистината
еве еден пример, на мајка ми еднаш загуби 1000 ден, бараше, бараше и никако не ги најде, па почна да се ја боли главата, целата се потишти, и тогаш јас зедов мои 1000 денари што ги имав и ги подметнав за да ги најде и тогаш како да и падна камен од срце, таа насмевка што и се појави на нејзиното лице откако "ги најде" загубените пари никогаш нема да ја заборавам, никогаш не дозна дека јас ги подментав парите и нема ни да дознае
 
кога премолчувам не значи дека лажам,можеби некогаш ке го кажам премолченото:smir:
 
кога премолчувам не значи дека лажам,можеби некогаш ке го кажам премолченото:smir:


Вистината е неупотреблива ако ја кажеш подоцна, а не во моментот кога од тебе ја бараат. Или бар мене не ми значи ако ми ја кажат подоцна, а целата работа одамна поминала. Вистина е вистина кога е сега и овде. :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom