Ги почитувам туѓите мислења, нормално дека не сите.
Не гледам граница на години, дали некој член бил 15 или 25 години. Ама добро, и тогаш има исклучоци.
Сигурно не сум ги читал никогаш мислењата на зокиарсенал, пио-пжс и ред девил, и останата багра таму... Ама брате, ко дознав колку години има Goddes Of Chaos ми се крена косава. Со нејзини текстови имам поминато многу ноќи, читајќи ги до кај 2-3 сабајле некогаш. Тоа ти е позитивно изненадувачка личност. Не и верував на личноста која ми кажа колку години има девојкава. Ја мислев за 25-6 годишна.
Не влегувам многу често во дискусија со некој што е 7-8-9-10 години поголем од мене. И да не се слагам со тоа мислење (добро, зависи во кои теми), сигурно таа личност имала доживеано стопати поголемо искуство од мене, не ќе изигравам јас шаулин, да се прам пилиштар некој и да контрам цело време.
Имам одредена листа на членови кои ги пратам во секој пост, дали напишале во Хит на денот или во некоја философска тема. Кај тие членови мањачам профили, гледам статистики, дали напишале ново мислење и дали сум го пропуштил.
Ги ценам мислењата и на оние кои доаѓаат на форум. На пример, го забележав првиот пост на serengeti, од тогаш секој негов пост го читам.
Друг пример, отпрвин немав некој добар впечаток за bucio, ама брате... Сега го следам на секој негов пост, дали било во Рецензија за филм или во некоја потешка, пофилософска тема.
Извинете што зедов конкретни примери, ама морав посликовито да објаснам.
:helou: