Дали почитувате туѓи мислења?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
секој си има свое мислење , јас ги почитувам само оние мислења што не се провокативни...
 
^ Дап, ако е коректно, колку е да не се согласувам ќе го почитувам, иако не гарантирам дека нема да се обидам да го сменам :P
 
Епа вака..Отворена сум на секакви мислења,не судам и не пробувам некому нешто да докажам или да тријам сол над глава.Сигурно дека почитувам мислења,и тоа секогаш оние што се најблизу до моите мислења или пак оние што звучат попрактично од моите.
 
Ako се согласувам со мислењето што го поставил ке го почитувам ако не нема..ама кој како за која тема...
значи не ги поштовам сите мислења...негде окол 15-20 кајганџии ги почитувам...а почетниците треба муви да лапат
 
Ako се согласувам со мислењето што го поставил ке го почитувам ако не нема..ама кој како за која тема...
значи не ги поштовам сите мислења...негде окол 15-20 кајганџии ги почитувам...а почетниците треба муви да лапат

Зошто така? Ако мислењето на некој член на одредена тема не се согласува со твоето, според тебе е факт според кој не треба да го почитуваш? Нели мислиш дека неможе цел свет да мисли како тебе, па според тоа, за да не останеш сам со своето, треба да прифаќаш и други?
 
го почитувам секое мислење без разлика дали јас се слагам со тоа или не...секој си има право на своја мисла и треба да го почитуваме тоа, не можам да очекувам дека секој мисли како мене и одма да влагам во конфликт со оној кој мисли различно или спротивно од мене..
 
Не го почитувам секое. Но го почитувам и тоа што не ми одговара. Не почитуван некој кога ќе видам по јатото да трча, нивни мислења да ги поткрепува со едно ДА БРААААТ! ЅВЕР СИ! ТАКА Е ДА! бљак Или кога некој гледа шо повеќе да напиши, без да мисли за тоа што го пишува, смао колку да напиши за да ‘‘билда поста‘‘ :wink: и така...
 
Почитувам ако е убаво напишано, аргументирано итн. Во спротивно не ги ни читам понекогаш. Највеќе не почитувам арогантни ставови.
 
секако дека го почитувам туѓото мислење а ако не се согласувам со некој тоа на учтив начин ќе го кажам а не да вреѓам за фамилија за домашни миленичиња и за комшии...тоа нема смисла :vozbud:
 
Ги почитувам сите мислења кои се добронамерни и пред се културни (без намерни вулгаризми), а најмногу ме нервираат оние мислења во стил - ти ништо незнаеш за таа тема, сега јас ќе објаснам. Демек, типот/типката знаеле се. Таа самобендисаност некако ми оди на нерви. Инаку, тука на форумов има брилијантни и феноменални размислувања и би сакал форумов да го посетувам и кога ќе имам 80 години, бидејќи и тогаш ќе научам нешто ново од моите драги форумџии.
 
Мразам кога сум во кошот со сите мислења, ама подобро така отколку да тропам глупости ко што знам. Да, сите до едно, дури и оние на бугарите. Ми предизвикуваат често негативни емоции различни размислувања и ставови и понекогаш знам и да бидам арогантен, но секако го почитувам секое мислење.
Не се сложувам со се`, но затоа е форум, да разглобиме некои работи. И сите оние кои немаат почит кон туѓите мислења, би сакал да можат да сфатат дека ако не читаат и не почитуваат туѓи мислења, ни нивните нема да бидат. Чист пример, Sweden и Ljupco. Премногу ретко ги читав/м бидејќи знаев/знам дека не ме почитуваат. И во реалноста, оние кои не ме почитуваат се обидувам да ги заобиколам.
Но, оние кои ме мразат, добиваат поинаков пристап, тогаш ми е забавно да си играм со нив. И сметам дека тоа не е лошо. Оној кој сака да се фати на орото со мене, нека одигра и подобро од мене...
 
Почитувам туѓи мислења ако се навистина мислења и ако се оправдани! А не некои да ме убедуваат во некои свои филозофии.
Сепак секогаш е добро да слушнеш туѓо мислење.
 
Да, да почитувам, изгледа и повише од што треба. Само моите не ги почитувам, затоа што се глупи :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom