Дали навистина времето ги лечи или ги продлабочува раните?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Времето не ги лечи, ама мислам дека не ги ни продлабочува раните, туку не учи да живееме со нив.
 
Не ги лечи, туку ние со тек на време се навикнуваме на нив, а како времето поминува, ние „зрееме“ како личности, ни се менуваат мислењата, ставовите како и гледиштата на животот, па затоа мислиме дека времето ги излечило раните.
 
Искуство бе народе, собирајте искуство како паричкине на Супер Марио :) Само не претерувајте, секое ви е корисно. Времето прави да те боли тасета понатаму и да продолжиш напред на кај шо ти доликува да продолжиш.
 
Aко сакаш да продолжиш понатаму и да бидеш срекен мораш да решиш што сакаш.А и самиот кажуваш дека сте немале нешто сериозно.Си мислам дека ти не сакаш да ја преболиш бидејки ја бараш во секоја друга.Расчисти со твоите чуства и барај друга девојка која ке ја сакаш како што никоја друга не си ја сакал.Мој совет.;)Можеш да ја преболиш ако поработиш на тоа.

.

Јас продолжив понатаму,среќен сум.Има девојки и секогаш ќе има.Само проблемот е што ниедна не е како неа,ниедна не е поубава.Сите тие се убави,добри,дотерани,паметни,интелегентни...Само незнам што таа девојка успеа да ми направи,дали е тоа дека сега веќе е недостижна за мене прави да уште повеќе ја сакам.

Како и да е знам дека ќе се погоди девојка што е подобра од неа.
 
Јас продолжив понатаму,среќен сум.Има девојки и секогаш ќе има.Само проблемот е што ниедна не е како неа,ниедна не е поубава.Сите тие се убави,добри,дотерани,паметни,интелегентни...Само незнам што таа девојка успеа да ми направи,дали е тоа дека сега веќе е недостижна за мене прави да уште повеќе ја сакам.

Како и да е знам дека ќе се погоди девојка што е подобра од неа.

Keep searching.Moжеби ке се заљубиш во девојка во која најмалку ке се надеваш,можеби има подобри од неа,и самиот кажа.Таа те освоила најверојатно со својата едноставност,но ете ја нема повеке...Недостижноста на некои личности од спротивниот пол не тера се повеке да ги љубиме личностите,а забранетото е најслаткото нели?
Ти преостанува само да не анализираш што ти направила,и да си ги оптеретуваш мислите со нешто друго.
 
Времето нит лечи нит продлабочува тоа само поминува,а човек ако сака да биде среќен ќе биде по секоја цена.Мислам колку и да не погодило нешто во минатото секогаш можеме да најдеме некоја занимација што ќе ни го смара мозокот и што ќе ни ја убива болката.
А бидејќи човекот живее во сегашно време односно го живее моментот,потребно е и тој самиот да постане моментот.Минатото е непроменлива категорија и кој живее во минатото секогаш ќе биде со едната нога во музеј,иднината треба да се планира,но најбитен и најважен од се е овој момент и СЕГА,
кој штотуку замина во историјата!
 
Емоционалната болка трае само 15 секудни, се друго е само психа...
психата не измачува со спомените, со чувствата кои ги имаме.. а сето тоа зависи од тоа колку била силна поврзаноста... времето е само изговор, тоа само по малце ни ги оддалечува мислите.. ама секогаш кога нешто ќе не потсети ке не пецни баш во таа рана и чувствуваме дека не зараснала воопшто.. Како велат, клинот со клин се вади.. поинаку нема,
не година... сто години да поминат ако старите спомени не бидат заменети со нови.. болката нема да помине од себе.
Колку точно го кажа ова болдираново значи, токму така.
Ако не ги замениме старите спомени со поубави и по луди (авантура у случај) ништо не сме направиле, се останува исто ако талкаме на се по лошо, не е време у прашање.
 
Зависи до човекот. Многу може да влијае и искуството, како и емотивната состојба.
 
Времето само по себе ништо не лечи, тоа демек лечело е најглупавата реченица која сум ја чула:rolleyes:
Спомените може да бидат секој ден во твојата глава ако не расчистиш со минатото вистински и исчистиш све што те мачи и потиштува..Мораш сам да се избориш за да заборавиш, времето не е лек за ништо ако не превземеш некој чекор со самиот себе си.
Најлесно се заборава со нова љубов поинтензивна од претходната,но не било каква ради реда.;)
 
Денеска добив уште една рана која ќе морам што побрзо сам да ја излечам,затоа што времето е скапоцено и нема да го трошам на жалопојки!
 
Морам да го цитирам Dr. House на темава

" - Time changes everithyng!!
- That's what people say, it's not true.
Doing things changes things, not doing things leaves things exactly as they were"

жива вистина!!!
 
Времето лечи се. Грешка, тоа е само нешто за што луѓето се тешат. Се зависи од личноста колку е цврста, зависи од раната, од случката што се има случено. Пример доколку раскинете со личност која не сте ја сакале толку длабоко, не сте биле приврзани со неа. Многу брзо ќе ја заборавите бидејќи едноставно вие самите сакате. Но доколку ви почине најблизок тоа многу тешко се заборава скоро и воопшто не можете да ја заборавите личноста. Бидејќи од време на време низ животот ќе се присетувате на истата но тогаш болката нема да биде со иста тежина како предходно во моментите кога починала. Значи генерално земено времето не лечи ништо, туку тоа е само нешто што луѓето го кажуваат во моменти кога им е тешко.
 
Времето не постои чиста лага.Се е до мозокот на индивидуата колку повеќе мислиш на нешто толку повеќе се секираш или пак се радуваш.Тоа зависи колку психички си поткован т.е зајакнат да манипулираш со мозокот(меморијата) а воедно и со емоциите во себе.Затоа тие рани било љубавни или неуспеси во било која област е еден вид игра топло ладно или комплетно изгориш или пак заледување на некој проблем при што израснуваш како победник во таа ситуација и за едно ниво стабилна психичка личност.Силна личност е онаа личност што ке се победи самата себеси односно семоќен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom