Дали навистина времето ги лечи или ги продлабочува раните?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Со првата посериозна авантура се ќе се заборави, а тоа може да биде и за неколку денови, тоа спаѓа во време, така што навистина времето ги лечи раните.

Ако си ја сакал партнерката, ако ти раскине, одма ќе прекинеш да размислуваш за неа, прво ќе се чудиш колку била глупава ( според тебе ) но ќе видиш дека првите авантури ја заменуваат.

Ако и раскинеш, што има времето да лечи рани, било што било, по своја волја си одлучил.
 
Кај секого различно, зависи до врската, карактерите...кај мене времето ги лечи раните...како поминува времето така повеќе и повеќе оладувам, и не мислам повеќе на таа личност...бидејќи да била доволно добра, не би била во моето минато ;)
 
Ако си ја сакал партнерката, ако ти раскине, одма ќе прекинеш да размислуваш за неа, прво ќе се чудиш колку била глупава ( според тебе ) но ќе видиш дека првите авантури ја заменуваат.
.
Ако стварно си ја сакал, нема да прекинеш да размислуваш за неа откако ќе ти раскине, туку ќе почнеш да мислиш се повеќе и повеќе на неа и на грешките кои си ги направил што ја поттикнале да ти раскине (се разбира тука може да има бројни ситуации). Зависи од карактер, но зборувам за искрена љубов.. тоа не мине туку така.. И ниедна авантура не може да ја замени.
Ако стварно вредела ќе почнеш да се чудиш колку си бил глупав ти што си ја изгубил. И ќе сакаш да ги смениш работите, да го вратиш времето, али јеби га.. ќе биде касно.. :) Е тогаш си веќе оставен на милост и немилост на времето и чекаш, и чекаш, и чекаш...
Ништо лично се разбира, само твојот пост ми падна у око (y)
 
:) Е тогаш си веќе оставен на милост и немилост на времето и чекаш, и чекаш, и чекаш...

Што да чекаш друже, од чекање ништо не бидува, или ке се потрудиш да ја најдеш правата личност со која би можел да ја заборавиш, или ке направиш се да и се вратиш на бившата, од чекање ништо не бидува, само времето ке те јаде и се повеке и повеке ке прави да се потсекаш на минатото..
 
Што да чекаш друже, од чекање ништо не бидува, или ке се потрудиш да ја најдеш правата личност со која би можел да ја заборавиш, или ке направиш се да и се вратиш на бившата, од чекање ништо не бидува, само времето ке те јаде и се повеке и повеке ке прави да се потсекаш на минатото..
Точно, но ако ти си болно заљубен, или заљубена, во мој случај, да не зборувам во друго име, тогаш нема да помислам на друг, а можеби околностите нема да ми дозволат да направам се што можам за да му се вратам на бившиот.. Можеби нема да имам лице да барам да биде со мене ако решил дека треба да остане без мене. Тогаш што? Нема друг избор освен чекање :) Или ќе биде подобро.. или ќе научиш да живееш некој мизерен живот со тоа..
 
Точно, но ако ти си болно заљубен, или заљубена, во мој случај, да не зборувам во друго име, тогаш нема да помислам на друг, а можеби околностите нема да ми дозволат да направам се што можам за да му се вратам на бившиот.. Можеби нема да имам лице да барам да биде со мене ако решил дека треба да остане без мене. Тогаш што? Нема друг избор освен чекање :) Или ќе биде подобро.. или ќе научиш да живееш некој мизерен живот со тоа..


Е да, се у право кажано..Инаку не вреди да живееш мизерен живот поради некој и нешто..:)
 
Мислам дека времето некои рани може да ги излечи, ама за некои можат да бидат потребни и години, или воопшто да не се излечат.
Затоа сфатив дека наместо да се борам со некои работи да исчезнат од моето минато (што не е возможно), полесно ми е да си ги прифатам тие работи и секој пат кога ќе се присетувам на нив, да се сеќавам најмногу на убавите моменти и тоа да ми измамува насмевка на лицето, наместо гнев, лутина, солзи, депресија, очај и што се не...
 
Емоционалната болка трае само 15 секудни, се друго е само психа...
психата не измачува со спомените, со чувствата кои ги имаме.. а сето тоа зависи од тоа колку била силна поврзаноста... времето е само изговор, тоа само по малце ни ги оддалечува мислите.. ама секогаш кога нешто ќе не потсети ке не пецни баш во таа рана и чувствуваме дека не зараснала воопшто.. Како велат, клинот со клин се вади.. поинаку нема,
не година... сто години да поминат ако старите спомени не бидат заменети со нови.. болката нема да помине од себе.
 
Подалеку од очи подалку од срце.

Знам конкретен пример за девојка што 15 години го чека типот во кој била заљубена, дури два пати и се пуштил а она го одбила...ова додека двајцата биле затрескани еден во друг (fuck logic нели)
Сеа пред извесно време се омажи, и до ден денеска као се теши: готово е, нема повеќе чуства тука бла бла. Има и помрсни детаљи од причава уште пред да влезе во брак со сегашниот сопруг али поентава ми е друго.

Ќе заборавиш ако имало нешто, ќе заборавиш ако најдеш подобро, ќе заборавиш ако живееш многу далеку....но нема да заборавиш ако можело а не се случило поради тебе.
Тоест...подобро е да се каеш за нешто што си направил одколку за нешто што не си направил.

Обично жените знаат да го изедат поделиот стап во ваквите приказни, али по своја вина...јбг.
 
Сакав да коментирам на темава, ама мислам дека цитатов кажува се.

"I've suffered such a loss and, like some of you here, I have spent those sleepless nights trying to desperately to squelch down that vile-ish instinct for revenge. And I have wondered if this pain will ever abate. I've learned that time does not heal the wound. It will, though, in it's most merciful way, blunt the edge ever so slightly."

88 minutes movie
 
Мене ми е исто,ни лечи рани ни продлабочува.Таа девојка ја сакам уште од пред 2 години,со неа немав ништо посебно,само кратка авантура од месец дена.Ме одјеба,за нејзиниот бивш дечко со кој е среќа и ден денес.Слушав и дека дала збор.Не осетив некоја горчина кога дознав пошто и така се откажав од неа.

Еве ја и втората без неа,уште ја сакам како тогаш,ни повеќе ни помалку.И цело време ја барам во други,а никако да ја најдам.Неможам да ја преболам.

После подолго време само се навикнуваш без неа,а чувствата се тука уште.
 
Еве ја и втората без неа,уште ја сакам како тогаш,ни повеќе ни помалку.И цело време ја барам во други,а никако да ја најдам.Неможам да ја преболам.

После подолго време само се навикнуваш без неа,а чувствата се тука уште.

Aко сакаш да продолжиш понатаму и да бидеш срекен мораш да решиш што сакаш.А и самиот кажуваш дека сте немале нешто сериозно.Си мислам дека ти не сакаш да ја преболиш бидејки ја бараш во секоја друга.Расчисти со твоите чуства и барај друга девојка која ке ја сакаш како што никоја друга не си ја сакал.Мој совет.;)Можеш да ја преболиш ако поработиш на тоа.

На темата... Кај мене времето играше една од главните улоги во преболувањето на една љубов.Паметам кога раскинавме ме болеше неколку месеци,не ми беше сеедно кога го гледав со друга бидејки сепак чуствата беа овде,присутни посилни од било кога.Се лутев,бев огорчена но со текот на времето чуствата избледеа.Едно утро се разбудив и прв пат не ми беше гајле што правеше,каде беше дали е со неа,дали ке го видам.Кога и да ми го споменеа во друштво не чуствував ништо,кога и да го видев со друга со насмевка го поздравував.Го немам видено веке долг период а и имам заборавено како изгледа :icon_lol: Можеби ке го одминам ако некогаш случајно го "видам".

Но сега се зависи и од карактерот на единката.Постојат личности кои уживаат во болката,кои намерно се потсетуваат на убавите настани и ги анализираат грешките губејки време.Кај некој ни време не помага туку ги продлабочува раните.Чуствуваат недостиг од прегратките на веке поранешниот партнер,бакнежите деновите поминати заедно.
 
А што правиме ако не си ти причината за раскинот на врската и ако до ден денес се прашуваш што ли и се случи...
ако си и дал само љубов, а таа еден ден ти рекла види ја си идам...
без кавга,без недоразбирање, без навради едноставно јас си идам?
Ма какво време каков заборав ако некого си сакал ќе го сакаш вечно
ако не не си го сакал како што пишав и на еден друг пост све било ДОБАР ХОЛИВУД
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom