Егзистенцијалните проблеми не ги спомнувам више пошто некои овде многу погрешно...у ствари не ги ни сфатија (осим ваљда постарите и засегнатите со исти проблеми)...но сеуште се деца воглавно, а кога ќе образуваат свое семејство и кога ќе им намалат плата само затоа што вработиле неколкумина од други места (кои се за почеток задоволни и со 50% плата ) и кога ќе се чудат каде да го запишат своето дете и кога ќе се мачи тоа дете да најде работа да мора да се отсели од Скопје и кога...тогаш би ги видел како би реагирале на овие состојби.
Сега тие умови се сеуште млади и се движат во рамките на ученичкиот/студентскиот живот.
Кога сме овде, повеќето студенти кои доаѓаат од помалите населени места ја имаат онаа привилегија која малкумина студенти од Скопје може да си ја приуштат. На нивни 18 години родителите ги праќаат во друг поголем град со пари и стан за да го надградат своето образование. Место истото максимално да го искористат, да научат како да живеат сами со себе, без да зависат од ручекот и вечерата на мама, тие најчесто уште толку ги задужуваат нивните родители за ноќен живот. Кога некој од Скопје особено девојка студент во помал град, би ги правела сите оние работи кои си ги дозволуваат оние од помалите градови овде, би станала Чичолина за два дена, ма многу се и два дена.

250 евра се доволни кога би ги трошеле само за свои потреби, не за сметки и за јадење. И затоа мислат дека скопјани се полни со пари кога истите одвај се снаоѓаат дури и месечната автобуска карта на своето дете да му ја платат.