MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Можеби, но не го користиш за да размислиш за што е создаден.
Ти, веруваш во господ за да те одведе во рајот?
Чекај, рајот беше „уништен“ поради грешките на адам и ева?
така?
Епа, зошто ние (јас, ти, и сите луѓе) да страдаме за грешките на некој друг, а не ние?
Еве, ако господ толку не сака, зошто не дојде на наше место, и тој да страда наместо нас, а ние да живееме во рајот?
Хмм....црквата не е крива за инквизицијата?
не е крива за крстоносните војни?
Не е крива за уште мн други работи?
Ајде едно по едно.
- веќе реков за што го користам умот.
- Господ затоа и дојде пред 2000 г, за да ни го понуди Царството Небесно и да не избави од злото.
- Рајот беше создаден а Адам, по неговот создавање, беше воведен во Рајот. По истерувањето од Рајот, тој (Рајот) е недостапен за родот човечки.
- болтуваното не ми е баш најјасно...поправи го.
- па Господ и беше пред 2000 г. оти многу го сака човекот, кој е врв на Неговата способност за креација. Христос пострада (Неговите го распнаа) на крстот заради сите нас, беше прободен, умре и воскресна.
- православието не познава инквизиција. Таа инстутиција е формирана од римското папство. По расколот во 1054 г. кога дотогаш единствената Црква се подели на истошна православна и западна римокатличка, папството веднаш ги организира крстоносните војни по д изговор „ослободување на светата земја (денешна Палестина и Израел)„ кои се претворија во класично варварство и пљачкање.