Дали Марија имала деца после Исус?

Аман бе џорбаџија сега треба да си ги копирам постовите од идивиди за да ти објаснам
Богородица нема ла други по плод деца по Христа за тоа е присноева а ако некој размисли зошто ако имала други деца не ја доверул Христос на нив на чување кога умирал на крстот туку на апостол посто логично е мајками да му ја доверам на братми ане на некој ученик а ко го познавазаконот старозаветен а и денеска совреминиот на македонија ке видиш дека децата во еден брак кој доаѓаат од предходен браг се прифаќаат од двата сопружници коа нивни законски деца да според законот христос имал браќаи сестри од таткому по закон Јосив
 
А не гледам причина зашто мојата „резерва„ би била нешто повеќе од „да-да„ или „не-не„. Безбедноста никогаш не е „наодмет„. Форумов е во таков формат што членовите не се чледаат и познаваат едни со дргуги а веќе имамвме еден случај каде ист формуџија се најави со два „ника„.
 
Маркус, што е ова човече?! Овде форумџииве изгледа не су веруваат многу еден на друг!

Христијани бе брат христијани..Мики има лошо искуство со клонирање...:vozbud:
 
Аман бе џорбаџија сега треба да си ги копирам постовите од идивиди за да ти објаснам
Богородица нема ла други по плод деца по Христа за тоа е присноева а ако некој размисли зошто ако имала други деца не ја доверул Христос на нив на чување кога умирал на крстот туку на апостол посто логично е мајками да му ја доверам на братми ане на некој ученик а ко го познавазаконот старозаветен а и денеска совреминиот на македонија ке видиш дека децата во еден брак кој доаѓаат од предходен браг се прифаќаат од двата сопружници коа нивни законски деца да според законот христос имал браќаи сестри од таткому по закон Јосив

Чаир, еден од стиховите на кои е заснована догмата за Богородиац е токму тој каде Христос и вели на мајка си дека и одредува син а на Апостолот Јован дека му одредува мајка. Не во билошка смисла, нормално.
 
Превод, братче, превод!

Хммм..по сеќавање, не е од „злиот„ туку од „лукавиот„.

Зависи од преводот. Злиот и лукавиот се едно те исто=ЃАВОЛ или СОТОНА. Што би рекол нашиов народ 'ИСТ ЃАВОЛ ТИЕ Е'.
 
Зависи од преводот. Злиот и лукавиот се едно те исто=ЃАВОЛ или СОТОНА. Шот би рекол нашиов народ ИСТ ЃАВОЛ ТИЕ Е.

Велам „по сеќавање„ оти го користам преводот на македонски јазик, благословен од МПЦ. Таму стои изразот „лукавиот„. Но смислата е иста, секако.
 
Догматот за Богородица

Постојат две вистини за Св. Дева Марија едната е дека е присно дева
(секогаш дева) и другата дека е Богородица.
Богородица е приснодева (aeipatrenos) затоа што при раѓањето, за
време на раѓањето и по раѓањето на спасителот била и засекогаш останала девојка. Девојка зачна, девојка роди и по раѓането девојка остана вели Блажени Августин. Оваа вистина е потврдена уште во стариот завет, за раѓањето на Спасителот од девојна светиот пророк Исаија вели ” Девица ке зачне и ке роди син и ке му го стават името Емануил (со нас е Бог)” (Иса. 7.14). Значи Спасителот ќе го роди чиста непорочна девојка (алма), Мојсеј видел на планината Хорив несогорлива капина која е праслика на приснодевственоста на Богородица (1 Мој. 3, 1-8). И истчната врата во симболичката визија на пророкот Језекил низ која поминува само Господ Бог Израилев (со своето доаѓање на овој свет) и при тоа останува затвотена за секогаш, е праслика на приснодевствпто (Језек. 44,2). Толкувајќи го ова место Св. Јован Дамаскин вели: Како што Господ ја сочувал девица онаа која го родила така и откако се родил го сочувал нејзиното девство неповредено. Он поминал низ неја и ја сочувал
затворена.
Новиот Завет уште појасно го прикажува раѓењето на Спасителот од
девојка без присуство на маж. Кога архангелот Гаврил и ја јавил на
благата вест на Марија дека ќе го роди спасителот на светот таа зачудено
прашала: Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж (Лука 1,34).
Архангелот Гаврил и одговорил: Светиот Дух ќе слегне на тебе и со
силата на свишниот ќе те осени; па за тоа роденото од тебе ке се
нарече Син Божји (Лука 1,35). Овој разговор веќе бил воден кога Св. Дева Марија веќе била верена за Јосиф. Ова го потврдува и евангелистот Матеј:
По свршувачката на мајка му Марија за Јосиф се виде дека е тешка од
Светиот Дух (Мат. 1,18). Значи уште пред свршувачката на Марија со
Јосиф таа склучила завет со Бога дека ќе ја сочува девството засекогаш па Јосиф не и бил маж во вистинска смисла на зборот туку чувар и покровите кој не го нарушуивал нејзиното девство. Дека тоа е точно сведочи и фактот дека Јосиф кога дознал дека е бремена сака да ја отпушти но ангел му се јавува на Јосиф и му вели: тоа што е зачнато е од Светиот Дух (Мат 1,20). Дека Јосиф не му бил вистински татко на спасителот и маж на Богородица се потврдува во генеологијата кај евангелитот Матеј. Стигнувајќи од Авраама до Јосиф не се вели дека Јосиф го роди Исус туку Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија од кој се роди Исус наречен Христос (Мат. 1,16). Од ова јасно се гледа дека Марија му е мајка на Христос а Јосиф не му е татко.
За деството на марија сведочи и севетото предание. Верата во
нејзината девственост црквата ја изложила во Символот на верата со
зборовите: Koj се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева. Оваа вистина ја потврдуваат и оците на петтиот Вселенски собор со зборовите: Ако некој не исповеда две раѓања на Бог Словото едно предвечно не од времетобезтелесно од Отецот и второто од присно дева Марија нека биде анатема .Сите свети оци сведочат за приснодевството на Богородица.
Богородица и по раѓањето на Исус останала дева. Штом го сочува
своето дество до раѓањето на Сопасителот не траба ни да се помислува за тоа дека е можнода го изгубила по неговото раѓање. Мајката на Спасителот требало да биде девојка зошто преку девојката Ева влегла смртта во човештвото па преку Дева Марија треба да влезе Спасението на сите. Оние што го оспоруваат приснодеството се повикуваат на некои места на Светото писмо и ги толкуваат погрешно. Инс се доближи до неја Јосив се добека таа не го роди својот првороден син (Мат. 1,25). Тие толкуваат дека по христовото раѓање Јосиф ја познал Марија што не е точно, овде како и на многу други места зборот дотека значи никогаш, за ное се вели: И пушти гавран да види дали се повлекла водата од земјата, откако се врати одлета донека не се исуши водата од земјата (1 Мој.8,7). Зборот додека значи никогаш зошто гавранот не се вратис кога водата се исушила. А Мелхола, Самоиловата керка остана без рожба се до денот на смртта своја (2 Цар. 6,23), не значи дека по смртта родила туку дека никогаш неродила. Зборовите на Спасителот И ете ја сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот (Мат.28,20), не значат дека потоа нама да бидат со нас. Невозможно е Богородица да стапила во брачни односи со Јосиф по чудесното зачнување на Спасителот. За Јосив кој бил праведен човек ова било не возможно по засведоченото јавување
за Соасителот. Зборот првенец не значи дека Богородица имала и други деца, овој збор се однесува на детето што прво ке се роди без разлика дали по него има и други деца или не. Првенци биле нарекувани зошто закаонот налагал да бидат посветени на Бога.
Во Светото Писмо се спомнуваат и браќа на Господ Исус Христос (
Јаков, Јосија, Симон и Јуда {не искариот}) и сестри. Меѓу тоа ова не
значи дека тоа се негови браќаи се стри по крв туку по закон ние знаеме дена има многу такви пример кога и блиските роднини се нарекувале браќаи сестри. Авраам и Лот се нарекуваат браќа иако Лот е внук на Авраам зошто е син на брат му Аран. Ако Богородица имала и други деца христос немало да ја повери на Св. Јован за чување туку таа одговорност ке ја презеле нејзините деца.
Приснодеството е тајна во која треба да се верува и со вера да се
прима. Онаму каде што сака Бог ги победува природните закони. Цв.
Јован Златоуст вели: во сето ова не барај поредон на природата и
брачните закони. Се овде е над природно ние не знаеме како
Неопфатливиот го опфатила утробата на Дева, како Содржителот пребива во утробата на Дева, како Дева раѓа и останува дева. Св. Игнатие Богоносец вели: Од кнезот на овој свет беше сокриен деството на Марија, раѓањето и смртта на Господа, три славни тајниизвршени со Божјо молчение. Света дева е Богородица, не во таа смисла што го родила господ Исус христос по Божество, ниту пак дека дела почеток на неговата божествена природа која е вечна и безпочетна, туку зошто го родила Богочовекот Христос во кого се соединилое двата природи божјата и човечката. Бог Словото во моментот на зачнувањето ја примил во човековата природа единство со својата божествена природа. Телото е земено од Богородица и станало тело на Словото. Бидејќи Исус Христос е еднороден син Божји и по овоплотување Бог, па според тоа и Св. Дева која го родила Словото по тело е вистинска Богородица. Таа не родила обичен човек туку вистински Бог во тело – овоплотен. Кој не го донел телото од небесата и не прошол ни Дева како низ канал туку Го примил од неја едносушно на нашето и го зел во својата Ипостас (според св. Јован
Дамаскин и св. Кирил Александриски) православното исповедание вели од неја се роди Христос, Бог совршен и човек совршен. Светото откровение сведочи дека св. Дева е богородица. Пророкот Исаија пророкува Девица ке зачне и ке роди син и ке му го стават името
Емануил (со нас е Бог)” (Иса. 7.14), побожната Елисавета ја нарекува
мајка на Господа, тоа е важно зошто ја нарекла така исполнета од
Светиот Дух а не сама од себе. (Лука 1.42-43). Архангелот Гаврил и ја
јавил на благата вест на Марија дека ќе го роди спасителот на светот
Синот Бпжји (Лука 1.31-32). Свети Апостол Павле вели: кога се исполни времето Бог го испрати својот возљубен Син Кој се роди од Дева (Галатјаните 4.4) Голема е тајната на побожноста Бог се јави во тело (Тим. 3.16). значи ако некој не исповеда дека Емануил не е вистински Бог и св. Дева Богородица нака биде анатема.
 
и прочитајте го цел пост не само два реда и да коментирате
 
Јас пак мислам дека ја дал мајка му на чување на Јован заради ова...
Марко - 3:31-33
околу Него седеше народ и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа надвор Те бараат!”
И во одговор им рече: „Кои се мајка Ми и браќа Ми?”
И ги погледна наоколу оние, кои седеа околу Него и рече: „Еве ги мајка Ми и браќа Ми;

10:29
Исус пак одговори и рече: „Вистина ви велам: нема никој, кој ќе остави куќа или браќа, или сестри, или мајка или татко, или деца, или ниви, заради Мене и заради Евангелието,

 
Христијани бе брат христијани..Мики има лошо искуство со клонирање...:vozbud:

Во право си.

Чаир, ме испревари. Сега Чорбаџијата ќе ми забележи дека доцнам и дека се потпирам на твојот пост, оти ги содржи цитатите за догмата за Богородица. Но добро. Ќе биде и тоа за понеделник.
 
MIKI1 јас сеуште не гледам библиски цитати ни во твојот пост ни во постот на Чаир за вашата догма дека Марија немала деца после Исус.
 
MIKI1 јас сеуште не гледам библиски цитати ни во твојот пост ни во постот на Чаир за вашата догма дека Марија немала деца после Исус.

Догмата не се однесува само на тоа дека Богородица немала деца после Христа туку и на нејзината состојба пред и со раѓањето Христово. Догмата е целина а не парцијално објаснување за нечии потреби. Ако ти упорно и тврдоглаво настапуваш дека си во право, кои се „доказите„кои ќе те разубедат? Па ти цело време можеш да поставуваш се понови и понови услови и да бараш докази, засновани на Писмото. незадоволен од веќе доставените.
 
Догмата не се однесува само на тоа дека Богородица немала деца после Христа туку и на нејзината состојба пред и со раѓањето Христово. Догмата е целина а не парцијално објаснување за нечии потреби. Ако ти упорно и тврдоглаво настапуваш дека си во право, кои се „доказите„кои ќе те разубедат? Па ти цело време можеш да поставуваш се понови и понови услови и да бараш докази, засновани на Писмото. незадоволен од веќе доставените.

Јас не поставувам понови услови, туку цело време го повторувам ИСТИОТ услов од почетокот на темава, условот кој е поставен дури и во насловот на темава, јасното прашање кое за жал вие постојано го одбегнувате и по секоја цена се трудите да ја свртите дискусијата во друг правец.
Мене не ме интересираат другите догми за Марија кои се надвор од темава тука, туку ме интересира онаа КОНКРЕТНА ваша догма за Марија дека таа немала деца после раѓањето на Исус.
Прашањето е многу едностсавно:
Наведи ми барем ЕДЕН ЕДИНСТВЕН стих од Божјото Слово - Библијата кој ќе ја оправда оваа ваша догма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom