Дали кога би ви се пружала можност би го уништиле светот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Се ми се чини Хитлер да бил среќен немало да си игра игри создавање чист свет.
Да се уништам (убијам) себеси, така целиот свет ќе ми исчезне од пред ум. Ама што ли ќе зборат за мене... лузеров живееше и умре ко лузер. :)
Well, love is ALL around, only the veeery smart point of view sees there is no love.
Значи, кога би го имал тоа копче и кога стварно би бил решен, не би го стиснал. Доволно би ми било сознанието дека можам. :wink:
Па кој сака да иде у пм, нека оди сам за себе. Тоа е фер. За себеси секако не.
 
Ај вака.
Рецимо одлучувате да не го уништите.
Знаете каков е човекот.
Рецимо за 1000 години човештвото апла се развие и почне да тероризира и уништува надвор од сончевиот систем?
Дали ви текнало на тоа дека човештвото премногу е забегано на лошата страна за да се врати на добрата?
Цело време гледате надеж.Да увек има надеж али статистиката,логиката и историјата ја истиснуваат надежта.
Фактите го врескаат она што вие не сакате да го чуете а тоа е дека Човекот повеќе уништи и тоа што го создаде го искористи за уште уништување!

со такви психопати ни најдобриот психолог не дошол на крај и мислам не би требало покрај сувото да гори и суровото зашто кога секогаш меѓу толку лудаци ќе има некоја здрав разумен кој не заслужува да го уништиш. не е тоа во ред, проблемот се решава така што ќе почнеш од изворот, значи ако некој мене ми ја уништува околината и безбедноста ќе се спротиставам токму него зашто да го загрозувам тој што не заслужува тогаш ќе станам полоша од лошиот односно лошото ќе се пренесе врз мене. Зашто? нема логика.

а сега ако скроз на скроз забега човештвотот тогаш сметај дека светот е веќе уништен.
 
Човештвото само по себе ќе се уништи, без разлика дали сакале ние или неќеле, затоа што (скоро) сите го имаат копчето пред себе и чекаат само на правиот момент за да го стиснат. Прашање е само на време, другарице енд другови. :icon_roll
 
Не!
Нема потреба од толку себичност, ако ти се умира оди самоубиј се, тоа е лекот, зошто да се убива и невини луѓе, кои сакаат да живеат..
Не и не!



пс: да не се сфатиме погрешно, не е потенцирано за никој!
 
Извини ама кој си ти побогу да судиш дали некој нешто заслужил или не? Кој си ти да судиш на цела цивилизација?
Ќе разберев да беше некој изумител на некој лек или на нешто што би му служело на човештвото, па да можеш да си дадеш за право да судиш, ама вака....

Друго, не знам дали го разбираш поимот „најинтелигентно суштество на Земјата„..
Јас сепак ќе ти го објаснам, да не дојде до недоразбирање.
Под најинтелигентно спаѓа се она што човекот го може а другите видови не. Да создава од ништо - нешто, можноста за апстрактно мислење, начинот на комуникација, видовите на комуникација, можноста за создавање, можноста за говор, чувствата, слободната воља итн. ит. Сите тие работи го прават човекот владетел на планетата земја.
Секако, има многу негативни работи што човекот ги прави, и доволно е да спомнам деструкција за се да биде јасно, ама не можеш да ми кажеш дека нема позитивни работи и дека човекот само уништува.
Целата цивилизација пред се твори.
И човекот не секогаш уништува зашо така му прднало денес, туку уништува со одредена цел (која според него или според одредена нација/вера/држава/сеедно) е потребно и оправдано.
Често уништува за да создаде.
Без да уништува ќе ја нема можноста да твори и да напредува, т.е. цивилизацијата би тапкала во место во поглед на еволуцијата.

Ти кога си бил дете си уништувал одредени предмети за да видиш како функционираат, да се развиеш, да напредуваш, да осознаваш, да си ја здоволиш љубопитноста итн. ама никој не рекол дека не си разумен или дека треба да бидеш уништен. Туку сите разумни луѓе знаат дека то е процес од твоето растење, напредување..

Со еден збор, не.
Можеби сум наивна и верувам во човековата добрина, гледaм на позитивноте страни (за разлика од тебе кој си сконцентриран на негативните) but I can't help it.

Војни секогаш имало и ќе има. А. Ајнштајн.

Порано тие војни се водеа со копја и стрели.
Подоцна со примитивни огнени оружја.
Потоа со артилерија, хемиски оружја.
Хитлер, биолошки оружја, нуклеарни.... само почеток.
Иран развива нуклеарно оружје, државата ја води лудак кој постојано зборува за уништување на друга држава и народ.
Женевските конвенции и ООН декларациите не важат за моќните...

Во првите војни скоро и да не гинеа цивили, денес тие се најголемите жртви.

Може да се одолговлекува, ама ќе дојде некогаш некој на власт кој нема да се двоуми да го притисне копчето. И Хитлер немало да се двоуми да го притисне доколку го имал.....како и многу денешни лидери.


Викаш целата цивилизација твори......твори и оружја за масовно уништување кои за миг можат да уништат нешто што било создавано стотици години.
 
Може да се одолговлекува, ама ќе дојде некогаш некој на власт кој нема да се двоуми да го притисне копчето.

Ако тоа се случи, дефинитивно ќе биде знак дека човекот во глобала ја изгубил најважната битка, со самиот себеси.
Животинската природа на човекот е животинска во суперлатив. Его...
 
Кога би имал шанса би го стиснал копчето за уништување на религиите, парите, владетелите. Со тоа ќе решам доста проблеми на овој свет.
 
Дали кога би ви се пружала можност би го уништиле светот?
Дали би го притиснале копчето кое ќе стави крај на се?


Одамна размислувам во врска со ова.И во зависност од расположението цело време доаѓав до различен "заклучок".
Но,во последно време,гледајќи,следејќи ги настаните на земјава доаѓам до еден болен заклучок.
Ниеднаш во овие неколку илјадници години човечката цивилизација не го заслужи своето постоење.
Војни,насилства,криминал,убивања со најразлични "оправдувања" секојдневно го потресуваат светот.
Човекот е сметан за најинтелигентно суштество на Земјата но дали,дали навистина човекот е најразумен?
Искрено,сево ова кое го гледам пред мене,се ова што постигнавме,не е дело на разумна личност.
Која разумна личност уништува?
Која разумна личност ја разурнува својата иднина на сметка на минатото?
Апсурдот полека се движи кон својот климакс.
Но секој Јин има свој Јанг и во сево ова црнило сепак има светлина.Но таа светлина е неизвесна,игрива...слаба и не придава чувство на надеж.

Дали вие,кога би ја имале моќта би го сопреле сево ова имајќи притоа на ум дека покрај сувото ќе гори и суровото а и вие самите?
Дали ќе се осудите да го стиснето копчето?

Работата е во тоа што моментниот доминантен економски систем генерира несреќа.Мора тоа да го прави бидејќи само на мизерни,несреќни,незадоволни,фрустрирани луѓе можеш да им продаваш срања кои не им требаат и со тоа да го оддржуваат системот во живот.Вечниот економски раст и профитот во најголема мера зависат од недораснати луѓе,вечни адолесценти,инфантилни мажи и жени кои се во потрага по еликсирот на шопингот во локалниот супермаркет или го бараат светиот грал на најновата модна марка...
Таквиот систем е неодржлив сам по себе и сега ние и следната генерација ќе ги плаќаме сметките.Го разбирам твојот наплив на нихилизам...

7000 години постои оваа цивилзација и покрај изразитиот идиотизам и апсурд имало и светли моменти...
Историјата е циклична...лекциите не се научени...ќе завршиме како Атлантида...:pos2:

Процедурално...не може да се уништи светот (планетата) во никој случај,може да се уништи екосферата а со тоа и условите за живот на хомо-сапиенсот.Тоа е во тек...и без копчето...за жал...

Буквалиста бе.

Под светот подразбира све во, врз и над него, или не?
Значи не мислам само на човекот, туку цел свет како целина. Затоа спомнав еволуција, можеби коќичето ќе еволуира во zebra-lookalike, со 3 глави, 11 нози, и можност да лета. Ама јас нема да сум тука и да го видам тоа, па кај гледате поента? ТИ си мртов, ако ти е важно за некој од Зимбабве, пријавете се кај Ганди летниот камп. Не сакам да звучам како типичен идиот, ама стварно која е поентата што после вас би го оставиле светот? Резервирано место во рајот? Морал? Искрен сум. Јас од љубопитност би, секој со различен став, секоја чест, додека е искрен.

Она што може да се уништи е екосферата.Во моментов тоа им се може на неколку души,а во можност биле и такви ликови како Сталин,Хрушчов,Брежњев,Никсон,Реган и слични...седеле на копчето кое било тригер за преку 20.000 нуклеарни и термонуклеарни боеви глави (и понекоја неутронска...:) )

Eтика?
Морал?
Го глумиш ради други луѓе.
Дома ко си сама се шеташ гола. We both know it.

Пред кого ќе глумиш коа ќе ги уништиш сите?
Затоа. Ко шо кажав. Единствена разумна констатација е "Зашо ми се може." зашо коа нема никој и ништо, етика и морал барај во дебар, во село бањиште, кај бањите таму горе, колку можеш толку можеш од твојат попруга...

Грешиш.Не е одговорот “ми се може“ туку “се осеќам како последно гомно на планетава,па ако не можам јас нема да може никој да живее“...таа е психологијата...

HOW DOES THAT EVEN MAKE SENCE!?

http://azeri.org/Azeri/az_latin/latin_articles/latin_text/latin_23/eng_23/23_centenarians_az.html :pos2:
http://www.martialdevelopment.com/blog/li-ching-yuen-the-amazing-250-year-old-man/ :vozbud:

255 годинки...не е лошо...:pos2:

wot says:
Етиката ја спомнав само како разумно решение
razum spomnuva
:pos:

Разумот е далеку од планетата земја во моментов.
Плаќаме даноци.
Живееме во целосен расчекор со природата.
Ресурсите ги злоупотребуваме.
Религии.
Национализам.
Капитализам.
 
Jaс уништивам од себичност, штом нема да сум во можност да видам што како ќе се одвива, итн. Стискам копчето.

Но Блекаут ме предомисли, дека уште имало смисла за хумор во човештвото. Уште да успее да се насмее на своја сметка, и одма мењам став.



:pos:


Ok, give me a break ...5 сабајле беше, ако продолжев и името погрешно ке си го напишев :)


Твоето право да коментираш за топилницата или паркингот е изгубено со самиот факт дека седиш на компјутер и пишуваш за како тоа не чини и како тоа е лошо.
Сите имаме сила да кењаме и да кажуваме колку сите се лоши, колку е светот расипан и дека човештвото е заминато во пм.
Оди бе, протестирај, бунтувај се, напрај нешто, дери им се на луѓето дека не сакаш топилница каде што треба да ти растат децата, дека нема да користиш кола за да стигнеш до паркот туку ќе идеш пешки и на местото на паркингот ќе има парк да си го шеташ детето.
Не е проблем, не користи компјутер, не оди на факултет со кола/автобус, живеј во шупа и јади пиперки и домати кои сама си ги садела, ПА ТЕК ПОСЛЕ ќе имаш право да си го кажеш се ова.
Мрдни го задникот за да направиш нешто добро за планетава, за луѓето, па после земи си го правото за критикување.

Сите сакаме луксузи, на никој не не боли за миљоните начини на кои НИЕ ја уништуваме планетава, ама сите критикуваме ко наша креација да е.


Шо не отидеш за засадиш 100 дрва на пример?
Што не одвоиш од своја уста да ги нахраниш сите животинки што сакаш да си живеат на планетава?
Што не им изградиш засолниште?
Океј, себичност си спомна, ама ако веќе си себична не критикувај дека другите се злобни а ти си пасивен член и не правиш ништо лошо.

Не е предмет на темава да судиме колку дрва имам засадено, колку често користам јавен превоз или пак дали имам или немам викано за топилници, паркови и слични случувања. Јас те цитирав во контекст на тоа што рече дека немаме парво, или поточно авторот на темата нема право да суди за цел свет. Со овие примери само сакам да ти покажам дека секаде околу нас постојат луѓе кои носат одлуки кои не им кореспондираат. Па зошто да не и ние? Зошто кога ми се пружа можност, и сакам да ја искористам, не би го направила тоа? Затоа што немам право би била последна причина што би ми паднала на памет.

И како што има луѓе кои се дрзнуваат да уништат цели шуми кои не се нивна креација нормално, така можеме и ние да се дрзнеме да уништиме нешто што не е наша креација кога би имале можност да го направиме тоа.
 
Кога би имал шанса би го стиснал копчето за уништување на религиите, парите, владетелите. Со тоа ќе решам доста проблеми на овој свет.
Тогаш ќе го расипиш целиот систем за контрола на луѓето во светот... што значи се враќаме во камено доба, каде што само најсилните и најснаодливите (ама во вистинската смисла на зборот) ќе преживеат.

Он топик: И да имам шанса да го уништам светот не би. Убаво ми е каде што се наоѓам, си го ценам животот што го имам (каков таков) така да одтаму доаѓа и мојата одлука.
 
Ako mu se pruzi sansa sekoj ke go unisti svetot.
Toa e dijalektikata u muabetov.
Ili drugacie kazano ako ne sakas da go unistis svetot nikad nema da dojdes u takva prilika.
Hahahaha
 
Тогаш ќе го расипиш целиот систем за контрола на луѓето во светот... што значи се враќаме во камено доба, каде што само најсилните и најснаодливите (ама во вистинската смисла на зборот) ќе преживеат.

Еве, тука е грешката!
Сега ќе забегам офтопик, ама со текот на времето се сменале повеќе системи на владеење, ќе се смени и денешниот. Главниот проблем се елитата, луѓето што владеат. Штом ќе ги снема нив, светот ќе стане подобро место за живеење. Ако ги снема парите, ќе го снема криминалот. Ако ја снема религијата, ќе ја снема омразата и многу војни...

И сега прашање како тоа?! Со помош на технологијата..... кога тогаш ќе се случи револуција..... се надевам пред да стане полошо.
 
А ако ти дадат утре да го стиснеш?
Мораш утре!
Нема после.
Крај.
А само ти ја имаш шансата.
Тоа е поентата на целата тема.
Пошо face it сите прво гледаат за себе.

Ама правиш од себе нешто што не си:)

Чуму поента во деструкцијата и тоа тотална???

Ти би стиснал??
 
Еве, тука е грешката!
Сега ќе забегам офтопик, ама со текот на времето се сменале повеќе системи на владеење, ќе се смени и денешниот. Главниот проблем се елитата, луѓето што владеат. Штом ќе ги снема нив, светот ќе стане подобро место за живеење. Ако ги снема парите, ќе го снема криминалот. Ако ја снема религијата, ќе ја снема омразата и многу војни...

И сега прашање како тоа?! Со помош на технологијата..... кога тогаш ќе се случи револуција..... се надевам пред да стане полошо.
Еј да се разбериме. Не велам дека нема да се смени денешниот систем на владеење, ама помисли дека системите не се менуваат преку ден со клик на копче, туку е процес кој трае и трае со векови. И заминале едни владетели, дошле други. Никогаш луѓето не биле слободни да прават што сакаат.

Друго, кој ти гарантира дека ако ги снема парите и религиите ќе го снема криминалот и војните? Рачунај утре да снема религии и пари. Кој ќе работи? Со која цел? И пак се враќаме на почеток, некој што ке има атомска бомба, оружје, храна, технологија или нешто трето ќе го контролира светот.

Да речиме дека твоето тврдење (напредната технологија) ќе го промени системот. Чија ќе биде таа технологија? Сигурно нема да биде општонародна на сите луѓе... И кога ќе видиш, тој што ќе ја поседува тој ќе владее со светот.

Сума сумарум, се вртиме од дрвено на камено.
 
Ама правиш од себе нешто што не си:)

Чуму поента во деструкцијата и тоа тотална???

Ти би стиснал??

Поента е да се спречи човековата рака пред да стане предолга притоа за жал уништувајки многу други видови на живи суштества.
Јас,не знам.Сакам,а во исто време и би се плашел не оти ми е гајле за другите,туку што ќе се случи со мене по смртта(face it никој не знае).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom