Дали имате страв од заболекари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кнез Мишкин
  • Време на започнување Време на започнување

Дали имате страв од посета на заболекар?

  • да

    Гласови: 11 34,4%
  • не

    Гласови: 21 65,6%

  • Вкупно гласачи
    32
  • Гласањето е завршено на .
Од кога ќе дознаам дека треба да идам на забар и додека да седнам на столчето имам огромен страв , а после тоа малце е подобро.
 
Имав многу страв.. На времето порано имав проблем со еден заб и за да го поправам сменив 100 забари и мука невидена видов за на крај да ми го извадат забот. Од тогаш едно добри 4-5 години забар не ме виде. И пред едно 2-3 месеци ме болеше еден зааааб :nesum: и со девојками се наканивме да одиме во Државна болница кај нивна куќна пријателка. Додека седнам на столче 100 пати се препотив.. Страв невиден.... Дојде моментот и седнав, поминаа 10-15 минути болка не осетив а докторкава ми вика.... готово :vozbud:. Се изненадив :))) Ми рече да дојдам пак за некој ден, и вториот пат веќе помалце страв имав. Седнав и трет пат, а јас Б од болка не осеќав :)) Среќен што да ви кажам.. и го среди тој забот, и тоа со огромно внимание а потоа СИТЕ заби до еден што беа малце од малце подрасипани. Откако тоа го направивме , ги исполираве и исчистивме забите исто така и сега сум со одлични заби :)))

Значи финтата е во тоа да си најдеш добар заболекар и нема да имаш никаков проблем. Ако забарот не ти се погоди.... одма мењај :)) Јас сум презадоволен од забарката у Државна Болница и нема шанса да ја заменам со друга. Поздрав
 
Уууууууууууууууууу, сеам страв хуху

:pos2:не сум нормална:vozbud:
 
не никогаш сум немал сум поминал низ лоши работи,али сега ич не ми се оде бидеќи немам доверба во заболекар,сите гледаат на пари
 
Огромен,масовен,хистеричен,параноиден страв од заболекари.
Тоа се должи на мојот поранешен таков "добродетел",кој ми вадеше заби без анестезија(поточно ја промаши),си бушеше...абе не знам,си пробуеше финти на мене.После него,две години не отидов на забар,ми се испорасипаа забите само поради стравот.
За срека,дознав за друг,синот на овој предходниов,ама он баш фино ми ги напраи забите,скоро без никаква болка.Ама само колку се изнамачи човекот...не е лесно да ти скокаат од столот на 5 минути...с
 
Немам но се деси лоша случка во војска, воениот заболекар во касарна изгледа дека е ветеринар, едниот заб ми фатил кариес и одам кај него да ми го изчисти кога тој ми вика морам да ти го вадам!!

Аман бре какви заболекари имало, е од такви слободно може кожата да ти се наежи, но во целина немам страв.
 
Да ви кажам право умирам од страф од тој ЃАВОЛ :vozbud:
 
Леле колку ги мрзам. Пред 7 години ставајќи ми анестезија ми ја набута инекцијата до нос по грешка и од тогаш тие за мене се демони.
 
Нит сум имал,нит ќе имам..Уште од мал , ќе отидам ке си седнам ќе ми напраат БЗЗЗ :pos: и Чао Пријатно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom