Дали и колку го контролирате вашиот дечко?

  • Креатор на темата Креатор на темата anjas
  • Време на започнување Време на започнување
Јес да смартес е на темава, ама ќе си дозволам да реплицирам. Кога партнерот ќе добие желба да праша во недоверба каде е дечко и/девојка му, треба веднаш да се праша прво себе дали е нормален. Ако констатира дека е и има основа да се запраша каде е тој/таа, тогаш треба и да ја остави.

Врската е базирана на доверба секако, ама доверба се гради, не паѓа од небо. Вистински посветен на врската партнер никогаш нема да дозволи другиот да има потреба да праша или исконтролира. Самиот кажува каде оди, што прави. Ако треба да прашам, значи ме изневерува, simple as that. Можеби не во моментот, ама чим има потреба нешто да ми скрие, кај и да е...

Е морам да се вмешам. Не се согласувам целосно со тебе.
Мене лично ми е потребна слобода и не сакам да поднесувам извештај за моите дневни активности. Има некои работи кои без разлика колку се банални сакам да ги задржам за себе.
И што ако не сум кажала каде сум била испадната половина попладне? Тоа треба да биде сомнеж дека јас го изневерувам партнерот? Дека му правам нешто зад грб?
Точно е дека довербата се гради но треба да имаш толеранција и желба да ја стекнеш. Доколку јас чуствувам притисок дека треба да се правдам за тоа каде и со кого излегувам би имало само спротивен ефект врз мене и уште помалку ке имам желба да кажувам такви информации.

Па не ми останува да мислам нешто друго освен дека доколку јас не сакам да ми го прават ова, тогаш не би требало да го применувам врз некој друг.
И на крај немам ни потреба од тоа. Доколку сака некој да биде со мене, ке биде.Доколку не сака, ништо со сила не можам да направам. А пак доколку сака да ме изневери не верувам дека било какви контроли би помогнале за да го спречам, па не би трошела енергија на такви методи.
 
Има различни начини на сфаќање на поимот “врска“. Имаш врска без обврска или според facebook - open relationship и тоа е малку поостро од твоето што си го напишала, кога не мораш да поднесуваш сметки, му објаснуваш на партнерот дека ти е сеедно што тој прави и дека не треба да се мисли што ти правиш, се гледате само за да имате секс и тоа е се.
После тоа имаш in a rilationship, али немаш наведено со кого. Тоа е твоето што си го пишала. Добро ти е во таа врска, ама првата прилика која ќе се појави и ти изгледа подобра од моменталната, партнерот ќе биде оставен. Тоа значи, не ти е битна врската и дечкото, таму си за да не си сама.
И на крајот имаш in a relationship with... и тоа значи дека си посветена максимално. Тоа, бидејќи очигледно не си го доживеала е кога сама имаш потреба да му кажеш на партнерот каде си и што правиш, бидејќи тој е твојот свет и ти значи повеќе од твојата “слобода“. Тоа се вика стабилна и цврста врска со доверба. Претходните две се сфаќаат повеќе како период од животот, последното се сфаќа како... животот.

Кога ќе доживееш некој тебе да ти го прави тоа а тебе тој човек ти значи, ќе сфатиш што ти зборам, сега само ќе негираш мислејќи дека си во право, а не си. Не мораш да ми веруваш, но ти го кажувам ова зашто на твои години па и подоцна размислував идентично. Мислев дека врска со девојка е нешто кое е меѓу фудбал и спиење. Потоа, се заљубуваш и сфаќаш зашто ти плачеле дека повредуваш со своите постапки, а ти никако не со можела да сфатиш зошто така ти зборат.
 
Кога ќе доживееш некој тебе да ти го прави тоа а тебе тој човек ти значи, ќе сфатиш што ти зборам, сега само ќе негираш мислејќи дека си во право, а не си.. Потоа, се заљубуваш и сфаќаш зашто ти плачеле дека повредуваш со своите постапки, а ти никако не со можела да сфатиш зошто така ти зборат.

Ја па незнам што ја должиш и дефокусираш работава-јасно е на каква врска мислеше цитираната.

И на крајот имаш in a relationship with... и тоа значи дека си посветена максимално. Тоа, бидејќи очигледно не си го доживеала е кога сама имаш потреба да му кажеш на партнерот каде си и што правиш, бидејќи тој е твојот свет и ти значи повеќе од твојата “слобода“. Тоа се вика стабилна и цврста врска со доверба.

Јасновидец стана гтледаш кој што доживеал:smir:

Каква е таа МАКСИМАЛНА Посветеност од Партнерката...и на крај краеви зарем не треба ОБОСТРАНО...абе ПОЧИТТА најпрва-и да се разниша довербата респектот останува.

И ВикторГГ НЕМА ИДЕАЛЕН СИСТЕМ,следствено на тоа и Врска.
 
Ако имаме партнер кој ни значи и кого не сме го контролирале чисто ради тоа што контролата за многумина е болна работа, па не сме сакале да испаднеме пациенти и ретардирани, ако се најдеме во ситуација каде што дознаваме за негово неверство, прво што ни паѓа на памет е она обратното - дека требаше да водиме поголема контрола ... Ако сме го контролирале премногу т.е загушувале и дојдеме во истата ситуација муабетот ќе биде ист само обратно - требаше да го олабавам, да не му досаѓам толку и немаше веројатно да станам досадна ...

Има различни начини на сфаќање на поимот “врска“. Имаш врска без обврска или според facebook - open relationship и тоа е малку поостро од твоето што си го напишала, кога не мораш да поднесуваш сметки, му објаснуваш на партнерот дека ти е сеедно што тој прави и дека не треба да се мисли што ти правиш, се гледате само за да имате секс и тоа е се.
После тоа имаш in a rilationship, али немаш наведено со кого. Тоа е твоето што си го пишала. Добро ти е во таа врска, ама првата прилика која ќе се појави и ти изгледа подобра од моменталната, партнерот ќе биде оставен. Тоа значи, не ти е битна врската и дечкото, таму си за да не си сама.
И на крајот имаш in a relationship with... и тоа значи дека си посветена максимално. Тоа, бидејќи очигледно не си го доживеала е кога сама имаш потреба да му кажеш на партнерот каде си и што правиш, бидејќи тој е твојот свет и ти значи повеќе од твојата “слобода“. Тоа се вика стабилна и цврста врска со доверба. Претходните две се сфаќаат повеќе како период од животот, последното се сфаќа како... животот.

Кога ќе доживееш некој тебе да ти го прави тоа а тебе тој човек ти значи, ќе сфатиш што ти зборам, сега само ќе негираш мислејќи дека си во право, а не си. Не мораш да ми веруваш, но ти го кажувам ова зашто на твои години па и подоцна размислував идентично. Мислев дека врска со девојка е нешто кое е меѓу фудбал и спиење. Потоа, се заљубуваш и сфаќаш зашто ти плачеле дека повредуваш со своите постапки, а ти никако не со можела да сфатиш зошто така ти зборат.

Забораваш Виктор дека за да ја скратиш таа слобода и да ја добиеш таа потреба самоиницијативно да му го раскажеш денот на некого, да ги споделиш своите впечатоци треба да имаш и простор за истото... Ретки се тие луѓе дури и кога се во врска, да одвојат време и што е најважно да умеат да го сослушаат својот партнер во вистинска смисла на зборот, не само да му остават време да си одржи еден добар монолог и да сменат тема, без притоа да дадат и најмало значење на муабетот кој им го кажувал.
 
Cccccc,ako gi kontrolirate deckovcite mislite deka se ke vi kazat?!?!?!?!Ahahahahahaha,ne se lazete,a inace so kontrolata samo ke go napraite dobar izmisluvac na izgovori,hihihih,osven toa nikoj ne saka nekoj da mu dise vo vrat i nonstop da mu se javuva i da go zamara,kaj si,so prais,so kogo si i prasanja od ovoj tip,a na kraj ako sakate da vi ostane veren i da ostane so vas treba da napravite nesto povekje otkolku da go kontrolirate.FREEDOM,da razjasnime,jas sum masko i nemam decko i ne planiram ni da imam.hhhhhhsamo vi kazuvam ova od moi gledni aspekti,hhhhh:):):):):)))))):P
 
Контролирање? Никако. Нејќам никој ни да ме контролира,ни да контролирам.
Прва работа,сум немала потреба од тоа. Болно ми изгледа да му се јавам илјада пати и да го прашувам каде е,со кого е и слични тртушки. Ни додека е надвор со некој друг,ниту пак отпосле не барам доставување на комплетен извештај. Ако ми каже после добро,ако не пак добро,нит сум премногу заинтересирана,нит патам од несоница тогаш. Сеедно ми е,затоа што пред се имаме доверба еден во друг,а и доволно време сме заедно за да знаеме како треба да постапуваме еден спрема друг.
Во секој случај,болна работа.
 
Me nervira na nekogo da davam report kade odam i sto pravam pa pretpostavuvam i nego bi go nerviralo jas po cela den da mu zvonam za da mi kaze kade e i sto pravi...Iskreni sme megusebno (kolku sto znam zasto nikoj ne moze da bide 100% siguren) i pretpostavuvam deka nemam pricina od toa da go kontroliram...
 
Не го контролирам дечко ми зашто му верувам. Кај и да е, сигурна сум дека нема ништо лошо да направи за врската.:)
 
Нејќам да ме контролираат и не контролирам :) Колку и да го контролираш ако он решил да напрај некоја глупост - ќе напрај :) Такада исто ти е :)
 
Потполно точно, се согласувам со тебе :)
 
Јас не го контролирам. Ниту тој мене.
Прв пат во денот се слушаме кога тој се враќа од работа, или јас од факултет. Односно, кој прв стига дома, тој се јавува. Така функционираме долго време.
Никогаш не ми паднало на памет да му забранам да се дружи со некој/а или да бидам љубоморна, или не знам, да излезе а јас да му се јавувам, или да му речам не излегувај............ Ниту тој мене ми го направил истото.
Затоа и кога ќе си дојде дома има желба да ми раскаже каде бил, со кого бил и што правел, а и не му е страв дека ќе го дигнам носот и нема муабет да му правам.
Имам во него доверба повеќе од што имам во себе, очигледно, зошто низ годиниве ми докажал дека сум јас на прво место.
 
Едно ќе кажам само и оние што мислат дека го контролираат партнерот се самозалажуваат и искрено се за сожалување. Неможе никој да воспоставува контрола врз нечиј друг живот, тоа е факт а доколку некој мисли дека е поинаку, тој е во голема заблуда.
Не можам да сватам како некои, се однесува и за женски и за машки наоѓаат толку сатисфакција во тоа што се изживуваат врз некој, односно тоа и претставува гордост, личен успех ( јеее ја знам се каде оди и што прави мојот партнер, со тоа што му ѕвонам 100 пати на ден, а кога ќе го видам не правиме ништо друго туку го опспувам со прашања каде се бил денеска, а во меѓувреме и јас поднесувам дневен извештај), за што сметам треба да се додели сертификат за успешно вршење контрола. Според мене тоа не е сакање, тоа не е љубов, тоа е опсесија.
Една другарка еднаш ми има речено каква е таа ваша врска кога абер немате еден од друг, знам што сакаше да каже, само се насмевнав и кажвам па таква е.. :)
 
Jas veke sum naviknata da me prasuvaat kako toa ne znam kade e, kako toa toj ne znae kaj sum...... jbg :)

Se izvinuvam sto ne pisuvam na kirilica, ovoj PC ne poddrzuva......
 
Ако имаме партнер кој ни значи и кого не сме го контролирале чисто ради тоа што контролата за многумина е болна работа, па не сме сакале да испаднеме пациенти и ретардирани, ако се најдеме во ситуација каде што дознаваме за негово неверство, прво што ни паѓа на памет е она обратното - дека требаше да водиме поголема контрола ... Ако сме го контролирале премногу т.е загушувале и дојдеме во истата ситуација муабетот ќе биде ист само обратно - требаше да го олабавам, да не му досаѓам толку и немаше веројатно да станам досадна ...

Е баш клучното прашање што и јас сакав да го поставам на темава.

За контролирање очигледно е дека не можеме да контролираме некого, тоа е факт, ама прашањето ми е сомнежот: Дали е подобро да имаме целосна доверба во партнерот и нималку сомнение, затоа што нели довербата ја гради врската или пак треба секогаш и во секого да се сомневаме, едноставно само да се сомневаме, без драматургии и сценарија?

Некако мене ова ми е тешко прашање, нерешлива мистерија. Што е она што е поразумно да се направи?

Имав другарка која постојано се сомневаше дека дечко и ќе ја извара и нормално тој ја извара, ама имав и другарка која имаше целосна доверба во својот дечко и не ни помислуваше дека би можел да и направи такво нешто, па на крај и тој ја извара ( и двете беа во долгогодишна врска). И сега кој е одговорот? Или па пак доаѓаме до наравоучението-сите машки се исти, и вака и така ќе те извара? хмм
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom