Дали и колку го контролирате вашиот дечко?

  • Креатор на темата Креатор на темата anjas
  • Време на започнување Време на започнување
Е баш клучното прашање што и јас сакав да го поставам на темава.

За контролирање очигледно е дека не можеме да контролираме некого, тоа е факт, ама прашањето ми е сомнежот: Дали е подобро да имаме целосна доверба во партнерот и нималку сомнение, затоа што нели довербата ја гради врската или пак треба секогаш и во секого да се сомневаме, едноставно само да се сомневаме, без драматургии и сценарија?

Некако мене ова ми е тешко прашање, нерешлива мистерија. Што е она што е поразумно да се направи?

Имав другарка која постојано се сомневаше дека дечко и ќе ја извара и нормално тој ја извара, ама имав и другарка која имаше целосна доверба во својот дечко и не ни помислуваше дека би можел да и направи такво нешто, па на крај и тој ја извара ( и двете беа во долгогодишна врска). И сега кој е одговорот? Или па пак доаѓаме до наравоучението-сите машки се исти, и вака и така ќе те извара? хмм

Моето искуство вели дека полесно се живее без сомнежи. Но роговите се неминовни на слепа верба. Веруваш додека нема причина, хистеришаш кога ќе се појави причина. Така ем се штитиш себе си од слепо лудило, ем го држиш на краток синџир дека „го набљудуваш со широко отворени очи“.
 
Јас привремено имам потешкотии да се контролирам сама себе, а не пак да се обидувам да го контролирам дечко ми.
Кога сум носела одлука да бидам во врска со некој сум била прилично свесна за каква личност станува збор.Знам да бидам/сум прилично љубоморно и посесивно суштество и е екстремно тешко мене да ми се докаже дека се е во ред и дека сум сигурна, ама кога веќе сум со некој, го ставам на коцка моето време, емоции, желби и потреби, тогаш веројатно чувствувам нешто за човекот.А луѓето кои што ги сакам никогаш не би се обидела да врзам, да им ставам ланец на врат или да ги проверувам, побогу, знам колку вреди слободата, се водам од себе.
Сомневањето е здраво се додека не се претвори во начин на живот.Јас верувам во тоа дека треба да бидеш на алерт, ама треба и да живееш, а не можеш да ги правиш и двете заедно.:coffee:
 
Не сакам да контролирам никого, а посебно не некој во кој имам доверба да бидам во врска.
 
За контролирање очигледно е дека не можеме да контролираме некого, тоа е факт, ама прашањето ми е сомнежот: Дали е подобро да имаме целосна доверба во партнерот и нималку сомнение, затоа што нели довербата ја гради врската или пак треба секогаш и во секого да се сомневаме, едноставно само да се сомневаме, без драматургии и сценарија?

Некако мене ова ми е тешко прашање, нерешлива мистерија. Што е она што е поразумно да се направи?

Реченицата живеј во мир спремај се за војна и тука важи.

Слепа верба и тотално опуштање у стил мене ми е се супер, врската е одлична, подобро не може да биде, обично води во катастрофа и животот набргу ќе (ти) ви залепи шлаканица.

Тоа не значи да станеш посесивен и да го угушиш другиот со стравови ама треба да знаеш (директно или индиректно) што се случува во твојата околина а партнерот е секако побитен дел од таа околина.
 
Колку и да го контролираш он ако сака да те извара ќе те извара без разлика на ништо друго.
Па и ако немаш доверба поубаво и воопшто да не се впушташ во врска.
Врската се заснова на доверба и верување нели?
 
Па јас имам лошо искуство со контролата од една типка што никогаш не ми била девојка а само си замислува и фантазира дека ми е девојка во нејзиниот twisted и покварен мозок. На типката инаку сум и дал во минатото шанса да ми биде девојка ама таа беше премногу арогантна и си ја пропушти шансата и сега се кае ама мене ич не ми е гајле и јас не се кајам зашто јас сум и дал шанса.
Типката инаку е електро инженер и работи во еден мобилен оператор на висока позиција, има другари во политика и ако му го испушила на некој таму тоа не и дава никакво право да ми го прислушкува телефонот, да ми праќа специјални комбиња да ми го пингаат телефонот и да ме пратат кај идам и да се распрашува која ми е девојка и многу други болни работи што ми се случуваа наназад со години.
Но иако престанав да користам мобилен телефон и немам ебан динар, па дури и ме избркаа од работа зашто болната типка свртела неколку телефони, па дури и сега кога сум свршен и се спремам да се женам, типката е упорна на секој начин да ми наштети, ама и јас не се откажувам и по секоја цена ќе се обидам да се заштитам себеси и мојата идна сопруга па макар и да загинам ама ќе се борам до крај.
 
Значи во ниедна врска со сега, не сум контролирала никого. До тој степен одам, што другарки и другари ми имаат кажано дека премногу слепо верувам и дека давам и премногу слобода и дека оставам и премногу простор за таа слобода да се злоупотреби.
Но, јас навистина не можам да ограничувам и контролирам никого, ниту сум полиција, ниту пак имам право некому да му го контролирам животот. Ако влегувам во врска, знам дека влегувам со 100 посто доверба и немам намера да влезам во врска во која ќе бидам ограничена или ќе ограничувам или не дај Боже да забранувам работи. Сметам дека личноста која е со мене во врска треба да биде доволно самосвесен и зрел да знае што прави и да ме почитува мене како личност и воедно да ја чува довербата која ја има кај мене. Ако ја изневери таа доверба, ондак тоа значи дека врската нема цел и дека таа личност не е за мене.
Мислам дека со контрола, ограничувања, забрани не се гради врска. Јас врска на такви темели никогаш не сум градела, а и не планирам да градам. Кога ќе ми рече некој: Излагам со друштво, нема што јас да го барам и да му ѕврцкам у тој даден период. Давам слобода, затоа што сметам дека тоа е најздраво за врската. Верувам во личноста која е со мене, можеби некогаш и слепо, но тоа е единствениот правилен начин според мене.
Можеби некому ќе му звучи чудно, но јас функционирам на тој начин.
 
за другата годишнина купи му GPS локатор .... не за друго , колку да те фатит на вечер сон :P
сите ние имаме или сме имале дечковци, па ме интересираше вашиот став за тоа дали треба и колку вие го контролирате вашиот дечко со кој сте извесно време заедно:smir::smir::smir:

јас имам дечко скоро една година и половина и искрено го контролирам до некој степен не претерано ама сакам да знам кај бил, што правел не како извештај да ми дава него само онака, во минатото и сега најмногу ме нервира кога ќе слушнам некои работи за мојот дечко од трета личност ....
 
Па јас имам лошо искуство со контролата од една типка што никогаш не ми била девојка а само си замислува и фантазира дека ми е девојка во нејзиниот twisted и покварен мозок. На типката инаку сум и дал во минатото шанса да ми биде девојка ама таа беше премногу арогантна и си ја пропушти шансата и сега се кае ама мене ич не ми е гајле и јас не се кајам зашто јас сум и дал шанса.
Типката инаку е електро инженер и работи во еден мобилен оператор на висока позиција, има другари во политика и ако му го испушила на некој таму тоа не и дава никакво право да ми го прислушкува телефонот, да ми праќа специјални комбиња да ми го пингаат телефонот и да ме пратат кај идам и да се распрашува која ми е девојка и многу други болни работи што ми се случуваа наназад со години.
Но иако престанав да користам мобилен телефон и немам ебан динар, па дури и ме избркаа од работа зашто болната типка свртела неколку телефони, па дури и сега кога сум свршен и се спремам да се женам, типката е упорна на секој начин да ми наштети, ама и јас не се откажувам и по секоја цена ќе се обидам да се заштитам себеси и мојата идна сопруга па макар и да загинам ама ќе се борам до крај.

Хахаха, ме насмеа... Богдачува, свашта шета по Земјава...
А што не ја пријавиш во полиција?
 
Хахаха, ме насмеа... Богдачува, свашта шета по Земјава...
А што не ја пријавиш во полиција?
Абе и отидов и дома и разговарав со татко и да ме остави на мира и пријавив во полиција(тоа беше одамна) ама лудата фатила врски и таму па другиот ден ме викнаа во полициска станица и ми удрија пендрак, како јас да сум некој криминалец :(
 
Живееме во иста куќа, но не ја контролирам. Ниту и го знам пасвордот на мејл ниту и чепкам по пораките на мобилен. А нема ни што да скрие од мене, многу пати кога ќе и стигне порака ако е подалеку таа од телефонот а јас поблиску ми вели прочитај ми ја. За се разговараме отворено, нема криење овде.
 
Мислам дека слободата е најбитна а не некој да ти биде контролор по цели денови и ноќи...јас давам слобода на дечко ми и не би сакала да го контролирам ..и не сум го никогаш..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom